Си го проверил курсот на доларот последниве месец дена? Пораснат е во однос на било која валута. Дури и во однос на Швајцарец. Многу го уништија џанам.
Финтата е што моментално сите печатат пари. Сите. И тука ми е мене проблемот. Оти кога ова со вирусот ќе слегне, толку многу пари во оптек неминовно ќе доведат до инфлаторен циклус. А тој секогаш, ама секогаш завршува со тежок маркет креш и рецесија.
Ова сега не е рецесија. Ова е наметнато затварање на економијата. Вистинската рецесија допрва ќе удри.
Проблемот е што од една страна ќе има инфлација од друга страна имаш зголемување на невработенст и пад на економиите (рецесии). Обично ифлација се појавува како има еконосмка експанзија (зборам за контролирана инфлација, галопирачка инфлација се јавувала во банана држави кои имале режим) Мене макроекономски ова ми делува како во 80тите кога имало т.е. стагфлација, Тогаш, обратно од сега цената на нафтата (нафтените шокови) растела и тоа предизвикувало инфлаторен притисок, проследено со пад на вработеност и пад на произвордството т.е. рецесија. Во економската литература тоа се нарекува
стагфлација (In economics, stagflation, or recession-inflation, is a situation in which the inflation rate is high, the economic growth rate slows, and unemployment remains steadily high. It presents a dilemma for economic policy, since actions intended to lower inflation may exacerbate unemployment.), и се смета како многу тешка позиција за излегување.
Генерално постојат два пристапа: Монетрно олабавување (штампање пари ко што велиш)
или зголемување јавни расходи (најчесто преку задолжување на државите) Во нормални услови кога имаш рецисија одбираш еден умерен пристап за да ја подигнеш економијата. За воља на вистината монетарното олабавување беше присутно и пред појавата на короната, знаете дека ЕУРИБОР беше и уште е негативно, т.е. каматните стапки се историски ниски.
Наеднаш многу луѓе не работат, произдводството е намалено тое неминовно води кон рецесија. Затоа и одлучуваат дополнително да трошат државите (оние кои имаат простор да се задожуваат) преку стимулација на јавна потрошувачка.
Ќе имаме лабава монетарна политика проследена со зголемена јавна потрошувачка, не само кај нас, глобално.
А секој кој малку се разбора од економија знае дека при вакви околности ќе има инфлаторен притисок.
Зголемување на невработеноста проследена со намалување на платите, дополнително раст на цените на основните прозиводи ќе ја намалува потрошувачката а тоа води до пад на економијата (рецесија), а тоа до зголемување повторно на невработеноста, пад на плати... и така во маѓепсан круг.
Постојат V, U, L, shape, мојата сегашна процена е третото т.е. најлошото сценарио, до пред некоја недела бев повеќе оптимист, прогнозирав и раст на мсе (од околу 20%) кој не се случи иако покажа некоја нагорна тенденција од околу 10% нагоре од минималната точка (можеби и повеќе кај некои акции). Тоа е секој може да погреши, посебно во овие времиња во кои околностите се менуваат буквално од час во час... Тие што ме следат подолго знаат дека многу често сум бил во право и сум ги погодувал трендовите.
Сум згрешил за ТПЛФ, и за короната во Италија кога имаше по 3,500 новозаболени на ден покажуваше успорување и сметав дека тоа е пикот, подоцна отиде нагоре, па сега Шпанија дури ја претица и е повеќе загрозена.. кој би можел тоа точно да го предвиди...
Кој сака да листа нека листа наназад што сум пишувал за КБМ 3,200-3,500, МПТ кога беше 20-30к, Гранит 500-600, Алк 5-6к,
Ова е секако мое мислење, за тоа колку јас ги разбирам работите, впрочем овој пат и не сакам да сум во право. Би сакал да имаме Vshape и да се врати во нормала животот што побрзо.