Дали некој може да ми постира точно како е во уредбата на Влада во врска со собранијата. Официјалното соопштение од Влада:
Во таа насока со членот 2 од Уредбата се овозможува пролонгирање на роковите за свикување и одржување годишно собрание на акционери, како и собир на содружници, од страна на трговските друштва, за време на траењето на вонредната состојба. Пролонгирањето на роковите се однесува и на започнатите постапки за свикување и одржување годишно собрание на акционери, односно собирот на содружници.
Ако е вака и во Уредбата, јас како правник слободно ќе дадам правно мислење дека не постои пречка да се свика акционерско собрание и да си одлучат компаниите како сакаат.