Пак ќе се обидам да повторам. Пишуваш како да важат нормалните берзански правила.Јас реков дека Алкалоид ќе профитира од ситуацијата, а не дека е потценет, па дури ни по оваа 30+% пониска цена. Тотална лудост е некој да плаќа 13.500 денари за акција што годишно има 4-5% поврат, а тоа го правеа нашите задолжителни пензиски фондови. Не верувам дека оваа финансиски неписмена нација тоа ќе го сфати дури ни кога во полугодишните извештаи што ќе им стигнат ќе видат дека нивниот фонд претрпел десетици милиони евра капитална загуба на портфолиото акции, од кои по околу 3-4 миљони на Алкалоид.
Од друга страна, Пекабеско со 33% поврат е убедливо најпотценетата компанија на МСЕ, па пет места празно, па други акции што не се дел од индексот. Ниедна од моите пет позиции на МСЕ не е ниту индексирана ниту пак којзнае колку ликвидна. Токму меѓу ваквите бисери може да се најде најголемата вредност на берзава.
Не важат веќе.
Не пукнал некој балон од што акции биле пренапумпани. Имаме ситуација која е надвор од сите економски параметри. Глобална пандемија.
Да траеше само месец ќе ги издишеше преценетите акции и ќе направеше некоја рамнотежа.
Не само што трае повеќе од еден месец, ќе трае уште долго. Тоа ќе влијае и врз добрите и врз лошите. Колку повеќе трае толку повеќе фирми ќе умираат.