Јас неодамна си докупив ТЕЛ, а за вас не знам. На муци се познају јунаци
Малку околу ТНБ: тука коментирав дека 15,9% адекватност е тенко БЕЗ корона. СО корона е неодржливо. Така што потегот е не само разбирлив, ами неопходен. Па сепак, не мораше да се оди толку радикално: пејаут од 20% ќе беше некој здрав компромис. Ама тоа е во фирми со нездрава акционерска структура, некојпат потезите се влечат во корист на здравјето на компанијата, а не за да се пумпа цената на акцијата. Нашиот маркет е за жал доста кратковид, па тука ќе има сел аут.
Со КМБ е друга ситуација, таму дивиденда ќе има, ама не верувам да биде како првично најавената. Не сум правник, ама нешто ќе се измисли. Ќе видиме