Македонска берза

Член од
10 април 2013
Мислења
1.108
Поени од реакции
705
Dali ovie merki sto gi predlaga Zaev ke znacat deka ovaa godina nema dividenda,konkretno od bankarski akcii ?
 
Член од
2 септември 2014
Мислења
187
Поени од реакции
195
Dali ovie merki sto gi predlaga Zaev ke znacat deka ovaa godina nema dividenda,konkretno od bankarski akcii ?
Jas kolku sto go razbrav nema da bidat opfateni site sektori za da dobijat pomos. Dokolku sakat pomos treba da ne podelat menaderski nagradi ili dividendi ama i da spagat vo gupata na sektor za pomos. Bankite mislam deka ne se opfateni. Toa e nesto kako za mtur, da ne barat pomos a da isplakat dividenda..
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Што прочитав, генијалниот ни премиер предложил национализирање на фирмите за кои ќе се докаже дека профитирале од кризава?

А како ќе докаже? Да не планира да ја пушти прасица од притвор? Она беше по докажувањето.

Среќна нова 49та...пардон 20та
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Сите функционери и јавна администрација со минимални плати од 14.500ден за Април и Мај. Освен војска, полиција, лекари.

Член од
30 март 2018
Мислења
1.455
Поени од реакции
1.883
Мене пак ми смета ова кај фондовите:

Замисли кај Порфолиото на Генерали ТОП Бреднови првите три позиции се депозити во Силк Роад, Халк Банка и СБТ. :yid:

Прегледај го приврзокот 239732
Абе бомбона-бизнис: наплаќаш 3,35% управувачка провизија само за да им ги орочуваш пола парите на инвеститорите. И другите позиции ги купиле само за маркетинг колку да бидат што позвучни имиња да кажуваат гледајте у кои фирми инвестираме. Мада ова несакајќи ќе им испадне далекувидо пошто се сега пола у кеш и ќе може нешто да купат по евтини цени, секако доколку инвеститорите не ги повлечат уделите.

Меѓутоа, све ова е смешка у однос на катастрофата што е вториот пензиски столб. Се собираат придонеси од коишто секако две третини се купуваат државни обврзници од коишто државата ги исплаќа пензиите. Практично им се плаќа на фондовите со наши пари да ни наплаќаат провизија и да ни даваат помалку :tapp:

Исто така се држат десетина посто у депозити од коишто банките ѝ даваат кредити на државата за исплата на пензии. А врв на све е што и процентот за инвестирање у акции го ставаат во индексни фондови и нешто минимално акции. Практично секоја година со придонесите се издржуваат вработените у двата пензиски фонда, регулаторот, се плаќаат трошоци, профити на странските сопственици, наместо сите пари да се исплаќаат на пензионерите!

Јас да сум власт, уште одма би ги национализирал тие фондови и би ги распуштил апсолутно непотребните вработени и трошоци. Наместо тоа, половина од парите нека иде директно во ПИОМ, а со половина нека се купуваат автоматски странски индексни фондови. Така гарантирано и старите и новите пензионерите ќе добиваат повисоки пензии него што ќе добиваат сега.
 
Член од
25 август 2016
Мислења
438
Поени од реакции
318
На поголема сума пари, подобри камати се добива :misticen:...
остај ти ова сиротиња што лапа 1%...

Мене пак ми смета ова кај фондовите:

Замисли кај Порфолиото на Генерали ТОП Бреднови првите три позиции се депозити во Силк Роад, Халк Банка и СБТ. :yid:

Прегледај го приврзокот 239732
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.455
Поени од реакции
1.883
Оваа криза го начека буџетот апсолутно у хаос пошо поради избори не издале предвидена еврообврзница од пола миљарда евра и можам да замислам како се чувствува Нина Групер што навикнала да менаџира успешна фирма што прелева со кеш, а овде мора да крпи дупки и да пресипува од шупливо во празно. Мислам дека ќе плачеме и молиме буџетот да биде у состојба како кога министер беше Ставрески.

Да има политичка волја, оваа ситуација би требало да се искористи за радикално сечење на буџетските трошоци. Барем една третина од администрацијата е ЦЕЛОСНО НЕПОТРЕБНА и нив веднаш би ги отпуштил. На другите две третини би им ги намалил платите од 10-50% за да се намали атрактивноста на државната работа и да се стимулира самите да напуштаат. Наместо со повисоките плати у администрацијата да се привлечат подобрите работници, системот е извитоперен и таму влегуваат најнеквалитетните: партиските плакатолепачи и тие што платиле мито. Тие всушност се работници на партиите, а државата само ги плаќа!

Со заштедените пари би вршел набавки на капитални добра, јавни работи и инвестиции во инфраструктура за државата да добие вредност за парите што ги троши, наместо бесповратно да ги арчи давајќи им ги на целосно непродуктивна група луѓе.

Посебно драконски би сечел по агенции и установи што остваруваат сопствени приходи и од тоа исплаќаат огромни плати. Прва на удар би била М-НАВ, кадешто има скоро 300 вработени со просечни нето плати од (пази ова!) 131.000 денари! Тие наплаќаат за прелет преку македонското небо, а се однесуваат како тоа да им е фамилијарен имот и парите наместо у буџет - завршуваат во нивни плати и привилегии! Тие вршат наведување на десетте авиони што ќе слетаат во Скопје и Охрид дневно, т.е. имаат работа пет минути на секои два саата. Процесот ионака се врши 99% компјутерски, а недај Боже некогаш да затреба некој од тие партиски паразити стварно да интервенира - е тогаш ќе видиме какви неспособни се примени. Еве нека има тројца по смена за наведување, у по пет смени за турнуси, и уште пет души за администрација - значи таму не би смеело да има повеќе од 20 вработени! А ги има 300 и тоа се сигурно оние со најјаки политички врски што лапаат вакви астрономски плати.
 
Има поголеми плати и од М-НАВ , пример Агенција за цивилно воздухопловство Република Северна Македонија они им се регулатор . Тамо се поголеми од МАНАВ , они се бунат стално по закон дека не се државна администрација, дека они од дома ја донеле агенцијата.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
Сите функционери и јавна администрација со минимални плати од 14.500ден за Април и Мај. Освен војска, полиција, лекари.

Како што напишав и претходно, оваа криза е различна од претходните бидејќи се е поврзано со државните долгови, значи би требало јавниот сектор да го јаде. Па да видиме дали така ќе излезе и остане.

Е сега бидејќи кај нив се АРМ, МВР, СУД не сум сигурен дека мирно ќе прифатат. Една од драконските мерки кои некои ги најавуваат е целосна дигитализација на валутите, а после тоа, како што направиле во Германија пред ц.ц. 100 години, 10-20% од сите депозити да бидат одземени и префрлени на буџетска сметка :misticen: .
Е сега ако има најави за национализација како што Меркел најави, тогаш ваљда ќе добиеме нешто за компензација :toe:
 
Член од
5 октомври 2017
Мислења
36
Поени од реакции
45
Што прочитав, генијалниот ни премиер предложил национализирање на фирмите за кои ќе се докаже дека профитирале од кризава?

А како ќе докаже? Да не планира да ја пушти прасица од притвор? Она беше по докажувањето.

Среќна нова 49та...пардон 20та
Zatvor za site voeni profiteri. Firmite da se vratat na drugarite, pardon, za Murtinchanite. OVA E BASH ZABEGANO.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Што прочитав, генијалниот ни премиер предложил национализирање на фирмите за кои ќе се докаже дека профитирале од кризава?

А како ќе докаже? Да не планира да ја пушти прасица од притвор? Она беше по докажувањето.

Среќна нова 49та...пардон 20та
Дај линк до веста да не претпоставуваме дека една од лажните вести може да се одговара кривично или избриши го постот ако немаш мој добронамерен совет.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.301
Поени од реакции
2.360
Абе бомбона-бизнис: наплаќаш 3,35% управувачка провизија само за да им ги орочуваш пола парите на инвеститорите. И другите позиции ги купиле само за маркетинг колку да бидат што позвучни имиња да кажуваат гледајте у кои фирми инвестираме. Мада ова несакајќи ќе им испадне далекувидо пошто се сега пола у кеш и ќе може нешто да купат по евтини цени, секако доколку инвеститорите не ги повлечат уделите.

Меѓутоа, све ова е смешка у однос на катастрофата што е вториот пензиски столб. Се собираат придонеси од коишто секако две третини се купуваат државни обврзници од коишто државата ги исплаќа пензиите. Практично им се плаќа на фондовите со наши пари да ни наплаќаат провизија и да ни даваат помалку :tapp:

Исто така се држат десетина посто у депозити од коишто банките ѝ даваат кредити на државата за исплата на пензии. А врв на све е што и процентот за инвестирање у акции го ставаат во индексни фондови и нешто минимално акции. Практично секоја година со придонесите се издржуваат вработените у двата пензиски фонда, регулаторот, се плаќаат трошоци, профити на странските сопственици, наместо сите пари да се исплаќаат на пензионерите!

Јас да сум власт, уште одма би ги национализирал тие фондови и би ги распуштил апсолутно непотребните вработени и трошоци. Наместо тоа, половина од парите нека иде директно во ПИОМ, а со половина нека се купуваат автоматски странски индексни фондови. Така гарантирано и старите и новите пензионерите ќе добиваат повисоки пензии него што ќе добиваат сега.
Контрадикторен си самиот на себе, во два поста. Во првиот велиш дека не треба да има приватни столбови, а во другиот дека администрацијата е тотално непотребна и непрофесионална. Па кој сакаш тебе да ти ги оплодува средствата? Генијалците од ПИОМ?

Мислам дека тотолано не го разбираш реформираниот пензиски систем како функционира и произволно си пишуваш тука приказни. Делот што треба фондовите да го имаат во обврзниици, акции, депозити е поприлично законски ограничен. Исто така и изборот на акциите и нивните рејтинзи.

Јас обратно од тебе, сакам 100% од моите придонеси да одат во 2 столб.

Мојата критика кон Генерали ТОП Брендови беше насочена бидејќи инвестираат спротивно на проспектот. Иако имаат можност да инвестираат низ цел свет тие одбрале да стават 42% од средствата во депозити. Сега ќе се покаже како добра идеја, но се изгубија страшни приноси години наназад. @Mr. I верувај ми дека моментално катастрофални се каматните стапки за депозити, без разлика на колкава сума на пари сакаш да депонираш. Баш напротив, банките се толку полни пари, што ако сакаш поголема сума на пари да ставиш како депозит воопшто не сакаат ни да ти го примат.

А инаку земи @therealgrim испробај се. Земи полагај испити, организирај се, плаќај минимум 3 full time вработени, уплати таму регулаторни гаранции, организирај продажба, па после лапај си ги профитите од бонбона бизнисот. Лесно да се пишат глупости на форуми, многу е потешко нешто да се креира и да се одработи. И да кога ќе ти дојдат клиенти да подигнат средства во вакви времина на паника, баш ме интересира како ќе успееш да продадеш толкава голема количина од PKB акции. Едно е водење на индивидуални портфолио, друго е менаџирање на фонд.

П.С. Да кажам дека ниту јас не сум имал искуство од работење во инвестициски фонд, но и тоа е некоја моја желба за во иднина. Но за разлика од некои други тука на форумот, кои само гледаат и пресметуваат добиена и загубена провизијата, ги имам многу подетално разгледувано и ризиците од работењето во таа индустрија.
 
Уште пред две-три години детално ја анализирав фондовската индустрија и поврзаното законодавство и правилници, па токму поради огромните фиксни трошоци решив да не ни размислувам да се занимавам со идејата да отворам фонд. Делумно затоа што требаше да се започне со минимум два милиони евра под управување за да има било каква смисла вложеното време, труд и енергија, ама многу повеќе поради други две причини. Прво затоа што не би имал образ со празни и бесмислени ветувања да прибирам влогови, а второ затоа што управуваните фондови се во одумирање во корист на индексните со минимални трошоци. Ваквите активно управувани фондови ваљда функционираат уште едино во вукој.бини од ранг на Северџанија, кајшто народот сѐ уште не сфатил дека плаќајќи влезни, излезни и управувачки провизии само ги богати „менаџерите“ а самиот останува со прст во уста.

Инаку вака структурираниот и управуваниот втор столб е најбесмислената работа што постои во финансискиот систем. Секоја година непотребно се плаќаат околу 10 милиони евра провизии на пензиските фондови и регулаторот, наместо тие пари директно да идат или у ПИОМ или у индексни фондови без никакви трошоци. За 15-те години вака непотребно се потрошени барем 100 милиони евра, а со сложена камата на тие пари веројатно фондот за ПИОМ би имал барем уште 200 милиони евра.

Тоа јасно се гледа и од приносот. Фондовите од 2005-2020. имале просечен годишен принос од околу 6,30%, додека индексирање во С&П би донело 9,18%, односно да му биде појасно на финансиски необразуваниот граѓанин: на вложени 100 денари пензиските фондовите „управувани од врвни менаџери“ за 15 години му направиле околу 200 денари, додека неуправуван фонд врзан за индексот би му направил околу 275 денари.

Поради тоа и кажувам дека ваквиот систем со огромни провизии и трошоци треба што попрво да се растури, а парите да се уплаќаат дел во ПИО а дел во индексни фондови.
 
Член од
5 октомври 2017
Мислења
36
Поени од реакции
45
Дај линк до веста да не претпоставуваме дека една од лажните вести може да се одговара кривично или избриши го постот ако немаш мој добронамерен совет.

Еве линк, воени профитери ти е повеќе од слобода на говор.
„Ако се докаже дека некоја фирма остварила екстра профит на сметка и товар на граѓаните, Владата може со уредба да донесе одлука за национализација на компаниите. “
Следно се вештерки на плоштад...
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541

Еве линк, воени профитери ти е повеќе од слобода на говор.
„Ако се докаже дека некоја фирма остварила екстра профит на сметка и товар на граѓаните, Владата може со уредба да донесе одлука за национализација на компаниите. “
Следно се вештерки на плоштад...
Пред некој ден дадоа предлог маниплиација со цени на храна, лекови... да биде кривично дело . По закон средствата со кое е извршено кривичното дело се конфискуваат тоа не е ништо ново.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom