Фени Индустри го совлада Фершпед Работнички со 81:70 во премиерниот натпревар од 18. коло од Првата лига.
Кавадарчани со триумфот го потврдија освојувањето на есенската титула, забележувајќи ја втората победа над најтрофејниот македонски клуб сезонава.
Во првото полувреме кошаркарите на Фершпед Работнички одиграа подобро. Нивната сигурна игра во одбраната и солидниот напад првин ја анулираа негативата од 13 поени на стартот, а потоа им донесоа и предност од 6 поени на полувреме.
Пресвртот се случи во 3. период, кога домашните кошаркаси, со серија од 12:0, повторно поведоа во резултатот. Токму во овој период се разигра Доналд Кол, што беше пресудно.
Домашните кошаркари одржуваа предност до самиот финиш, кога заиграа мошне сигурно во одбраната и ги затворија сите приоди кон кошот. Гостите немаа сили да се спротивстават на оваа нивна игра, и на крајот мораа да го признаат својот 6. овосезонски пораз.
www.basketball.org.mk