Интересна завршница не чека на истокот.
На три кола до крај, Слога Виница со бод предност пред Беласица и Победа.
До крајот:
Слога Виница - Саса
Победа - Беласица
Победа - Пехчево
Беласица - Слога Виница
Слога Виница - Победа
Кожуф - Беласица
Голем подвиге биде ако Слога Виница заврши прва. Немаат скоро никакви финансии, предводени од Иван Митров, успеаја да се одржат на врвот пред трите главни дуели.
Саса ги изгуби шансите за прва лига, така што нема императив и може да ја договорат да им пуштат.
Фештата почнува од Прилеп во сабота. Очекувам бар 6000 гледачи на Победа-Беласица, со две навивачки групи.
Беласица има одлична втора полусезона и можеби е и фаворит за тоа прво место. Имаат најдобра гол разлика, најдобра форма, така што им давам најголеми шанси.
Победа има еден лесен дуел со Пехчево наредно коло, а Беласица ќе има не баш лесно гостување кај Кожуф, ако овие дотогаш не го загарантираат опстанокот (мала е шансата да не го загарантираат до последно коло). Заебани се дома гевгеличани, ама они сигурно би одиграле за Беласица.