Една убава работа која ја видов е тоа што изгледа стварно некој сака да направи нешто повеќе во Радовиш за фудбалот, оние кое биле во Радовиш многу добро знаат каков џбун беше позади главната трибина со разни растенија , вчера кога бев на фудбал видов дека тој целиот простор кој беше хаос е конечно уреден и тоа со терени со вешташчка трева и тоа убаво скоцкано, само да не биде теренот место за детска игра за локалните дечиња, трибината сеуште на делови е опасна по живот но сигурно и тоа треба да го средат веќе за да биде една целина како што доликува кога веќе го средиле просторот позади трибината, убаво е да се види дека се инвестира во спортот, посебно во вакви мали места како Радовиш.