Македонската кошарка!

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Изненадувачки, да, по малку, би рекле. Но, не и за него. Врбица Стефанов го одржа ветувањето. По завршувањето на квалификацискиот циклус рече дека ќе размисли дали ќе продолжи да игра. Не само во репрезентативниот дрес туку воопшто, да стави крај на богатата играчка кариера.

Но, по с$ изгледа дека на нашиот најдобар кошаркар не му се оди во пензија.

А како играше во последните натпревари, се чини дека ќе беше грев да го напушти активното играње кошарка.

За наша среќа, секако и за жал на противниците, Врбица Стефанов ќе игра и понатаму, како што вели "додека го држат нозете", поточно здравјето му го дава тоа право.
И повторно по малку изненадувачки, следна играчка дестинација на нашиот прв играч, Турција.

Не е истиот клуб со кој пред две години ја освои титулата. Тој и не постои веќе (се спои со Фенербахче) или, пак, оној првиот, Пинар Каршијака, во Измир, каде ја почна интернационалната кариера

Новиот клуб на Стефанов се вика Мерсин. За многумина доста непозната екипа. Секако не и за Стефанов и за неговиот менаџерски тим кој работеше на реализацијата на договорот во овие последни пет-шест дена.

"Можеби звучи чудно бидејќи се работи за релативно непознат клуб, барем кај нас. Но, тоа е она што јас го барав во овие денови наназад. Екипа која нема обврски во европските купови, која е посветена исклучиво на турскиот шампионат. Значи да ги нема оние дополнителни обврски кои ги носи играњето во (по)големи клубови"- појаснува Стефанов.

Сепак, се наметнува прашањето дека можеше да биде и некој друг бидејќи по завршувањето на евро-квалификациите на адресата на Стефанов имаше и други понуди, а имаше и директни преговори со Олимпија од Лариса?

"Тоа е факт, имаше доста заинтересирани екипи кои во мене видеа плејмејкер кој може да заврши многу работи. Но реков, битно ми е во овој момент да има што е можно помал број обврски. Да избегам од оној ритам тешко поднослив за играч со 34 години. Ако сакав такво нешто, сигурно и името на мојот нов клуб ќе беше друго. Ако се земе предвид моменталната состојба, очекувам околу триесетина натпревари во оној регуларен дел, плус, се надевам на тоа, уште некој во плеј-офот. Сосема доволна бројка за еден играч кому не му се потребни еуфорија или дополнителни стресови "- појаснува Врба.
Зошто токму Мерсин, екипа која во минатата сезона заврши во средината на табелата во турската Прва лига?

"Доволно добро сум запознат со случувањата во турското првенство, но и начинот на живеење. Се работи за доста амбициозна екипа која сака да направи нешто. Свесен сум дека тоа нема да оди така лесно во друштво на гигантите како Улкер-Фенербахче и Ефес Пилсен. Но, ако ништо друго, ќе се обидеме да им се приближиме колку е тоа можно. Не сум запознат со постојниот играчки кадар. Веројатно ќе има уште некоја промена во тимот до почетокот на сезоната, ќе видиме. Во секој случај, мојот стил на работа е познат. Каде и да играм, дали тоа е во Италија, Грција или Турција, секаде сакам да го оставам својот 'потпис'. Кога веќе сум се договорил со тие луѓе, морам да го дадам својот максимум, да им возвратам за довербата, без оглед на тоа што ќе немаме евро-обврски"- смета Стефанов.

Б. Радуловиќ
Прво здравје, потоа репрезентацијата

Последните игри во дресот на нашиот национален тим беа прва и единствена препорака за заинтересираните клубови.

Но во исто време и "доказ" дека Врба мора да остане столб на "црвено-жолтите" барем и за следниот квалификациски циклус.

"Реков дека играњето во репрезентацијата во овој циклус ќе биде еден голем тест за мене и моите вистински можности. Сега кога сето тоа заврши, некои работи ми станаа појасни. Поточно видов дека можам да играм, затоа и одлучив да продолжам. Е сега, да се зборува од оваа временска дистанца за мое играње во репрезентацијата е тешко. Не сум бегал од репрезентативните обврски, ниту, пак, сум размислувал поинаку. Ќе видиме. Реков, најважно е да ме послужи здравјето. Ако с$ биде в ред, ќе биде ОК. Стефанов ќе биде во националниот тим. Тоа е основниот параметар, друг нема"- појаснува Стефанов.
Две години за сигурност плус

Колку Турците биле упорни во идејата да го ангажираат нашиот најдобар играч, кажува и понудата за двогодишен договор.

"Точно, договорот е со важност од две години. И малку, што е изненадување и тоа позитивно, за мене, е што има ставки кои досега не сум ги практикувал. Практично со тоа што договорот важи за две сезни, добивам сигурност плус, поточно она што навистина го сакав. Не би сакал да зборувам за цифрите, само може да кажам дека во Мерсин мораа да го преправаат буџетот за следната сезона"- појаснува Стефанов
http://www.sport.com.mk/?ItemID=4E1738C166D42D4599FAA1C597C034AA
 

Super boy

Juventino
Член од
5 јуни 2007
Мислења
478
Поени од реакции
0
Кој ќе биде шампион оваа сезона?

Spored zasiluvanjata , tri kluba ke se borat za titulata...Strumica , Feni i R.Fersped?? Sto mislite vie koj od ovie tri?
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
И јас сум за Вардар =)
 

bama

† Револуционер †
Член од
1 февруари 2007
Мислења
2.040
Поени од реакции
362
СТРУМИЦА СЕ ЗНАЕ кој може друг веке дојде крајот на ВАРДАРЦИ
 

bama

† Револуционер †
Член од
1 февруари 2007
Мислења
2.040
Поени од реакции
362
абе не зезам тоа е вистината ХАХАХ
 
Член од
21 август 2007
Мислења
295
Поени од реакции
8
Освен мачката кој ќе игра друг во Фени оваа сезона?
btw Фени Индустри тибам името за клуб
Напред Фени Индустри але
Напред Фени Индустри але
оооооо
оооо
:)
 

Super boy

Juventino
Член од
5 јуни 2007
Мислења
478
Поени од реакции
0
Освен мачката кој ќе игра друг во Фени оваа сезона?
btw Фени Индустри тибам името за клуб
Напред Фени Индустри але
Напред Фени Индустри але
оооооо
оооо
:)
Samardziev , Gjurov , Gocevski , Jovovic , i amerikanec imat eden Kol..dobar e izgleda...
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
Jas mislam deka ovaa godina najseriozni kandidati za titulata se Strumica i Feni,a Pelister, Vardar mzt i Rabotnicki ke se borat za plej of
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
21.09.2007 :: РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ ВО ПРВА ЛИГА МАЖИ

Термините за директни преноси на натпреварите од Првата машка кошаркарска лига се:

- Сабота, 20:15 МТВ 1
- Вторник, 18:15 МТВ Собраниски Канал (кога колото ќе се игра во среда, натпреварот за ТВ пренос ќе биде во Вторник)

Распоредот на натпревари може да се види

[media]http://www.basketball.org.mk/dok/Raspored_TV%20prenosi.pdf[/media]
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Амак ке изненади оваа сезона....сепак Струмица според мене главни фаворити за титула
 

Sprite

Bayern Fanatic
Член од
23 јули 2007
Мислења
447
Поени од реакции
36
AMAK - SP OHRID
napraja dodar tim se vratija pak vo 1va liga go pobedija na Rabotnicki pred startot mislam ke se konkurenti za titulata
 

Kajgana Shop

На врв Bottom