Утре очекувам:
-да играме со шут од дистанца,
-да играме со повеќе од 2-3 стрелци, а другите да се додавачи,
-сите да се борат како лавови,
-публиката да и покаже на ракометна Европа што значи да се навива со срце.
Треба да се престане да се критикува Кире, цело внимание на одбраната од противниците е кон него свртено, затоа другите може да даваат голови.
Еден момент што вчера ептен ми ја наполни душата - покажаа морална величина. На 5 минути пред крај губевме 25-22, а на 1 минута до крај беше 26:25 за нас! Тоа е нов квалитет во македонскиот спорт, такво нешто видовме и кај кошаркарите.
Тешко ќе биде, ама нема да се посрамотат дечките, затоа помалку со критики, повеќе со разум, со срце на терен да им покажеме на нив кој е АУТСАЈДЕРОТ