Македонија – Германија [17.01.2012, 18:15]

Статус
Затворена за нови мислења.

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Германски судии судат на натпреварот Хрватска - Исланд и им ја извадија душата на хрватите и судат во корист за Исланѓаните ... Утре со нас против Германија судат исландски судии .. Се плашам дека ќе судат во корист на швабите ...
 
П

Паспарту

Гостин
Дечки, некој со сигурност да каже во колку саат има воз од Скопје за Ниш и од Ниш за Скопје? Исто така и цена на повратна карта...

Фала :)
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Дечки, некој со сигурност да каже во колку саат има воз од Скопје за Ниш и од Ниш за Скопје? Исто така и цена на повратна карта...

Фала :)
Имаш воз трга во 8 и 20 сабајле и стига таму за 3-4 саати, а за враќање има во 2 и пол навечер и стигаш во 7 сабајле (зборам наредниот ден) и тоа ќе те кошта 940 денари ...
 
П

Паспарту

Гостин
Имаш воз трга во 8 и 20 сабајле и стига таму за 3-4 саати, а за враќање има во 2 и пол навечер и стигаш во 7 сабајле (зборам наредниот ден) и тоа ќе те кошта 940 денари ...
Фала многу другар... Инаку беше некој вчера со воз? Да не е налик на индиските со 1000 луѓе во вагон? :)
 

wgt

Член од
30 август 2011
Мислења
280
Поени од реакции
92
Можиме против Германија.Ќе биде неизвесно и Пеколно во Ниш
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Незнам дали до сеа беше пуштено, али на сител 3 имаше ко мала репортажа и неколку интервјуа со наши играчи после утакмицата вчера и од тренингот излеа денеска.

п.с Кире вика, овие Швеѓаниве колку маваа денеска, ни 3 дена нема да ни бидат доста за опоравување :pos:
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Незнам дали до сеа беше пуштено, али на сител 3 имаше ко мала репортажа и неколку интервјуа со наши играчи после утакмицата вчера и од тренингот излеа денеска.

п.с Кире вика, овие Швеѓаниве колку маваа денеска, ни 3 дена нема да ни бидат доста за опоравување :pos:
Сигурно и германците нема утре да ги галат, таков спорт е еден ќе те гледа да те остави да играш друг бубрег во раце ќе ти носи после утакмица, јбг.....
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Германциве на првата со Чешка максимално разочараа но сега веќе немаат простор за кикс и со нас мораат да одат на победа.Притисокот е на нивна страна утре а публиката на наша така да они нека му ја мислат како ќе одиграат.Имаат страшни играчи во тим кој што знаат да погодат од 10м но на моменти делуваат изгубено и тука мора да ја бараме нашата шанса.Ние изигравме еден супер меч со Шведска па со мали корекции во играта ќе паднат и Германциве.Верува дека и утре момците ќе остават срце на терен па понесени од 3,000+ Македонски навивачи ќе стигнат до полн плен. Утре е многу важна утакмица па одиме кон победа која што ќе ни го обезбеди пласманот во следната рунда.
Викате дека Борко слабо бранел а човекот имаше 12+ одбрани од кој 2-3 му беа во клучните моменти но ајде секој нека си тера со своето.

п.с Утре играме против Германија и судиите но верувам во нашите играчи и сигурен сум дека ќе земеме 2 бода.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Koлку е возбуден Петар Ангелов и колку ја сака репрезентацијата се гледа на клипов. Прво го стегна со десната рака Митков после со левата го тресеше Миркуловски :D Го обожавам човеков !
Секогаш кога ја пееме химната Ангелов прави така... сигурно после тоа 10 минути ги болеле коските на Миркуловски и Митков... Може и затоа Миркуловски не почна од почеток :pos: И ја го обожавам човекот, се гледа дека ја сака земјата. :) Како и сите останати ракометари.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Утре Стојанче Стоилво ке растури,ке видите!! Пивот играме супер 2-3 гола беа преку Стоилов дечкото ора низ терен,млад е талентиран и желен за успеси му се гледа по самото лице.Дефинитвно Броче,Стоилов и Миркуловски најзапалени ми изгледаа вчера :D

Би сакал и Ангелов да добие шанса не само Борче...
Столе да не беше желен за успеси немаше да отера во мајчина толку работи поради ракометот. Падна година во средно затоа што за инат го запишуваа кога беше отсутен поради настапи. Македонски менталитет бе, за инат. Во Америка вакво нешто да правиш на некој нивни потенцијал без раце ќе останеш.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.424
Поени од реакции
16.710
Утре, очекувам Кире да се опраи, Миркуловски да почне отпочеток и Столе да биде ко тенк на линија од 6.
Е така...
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.664
Поени од реакции
35.303
Утре очекувам:
-да играме со шут од дистанца,
-да играме со повеќе од 2-3 стрелци, а другите да се додавачи,
-сите да се борат како лавови,
-публиката да и покаже на ракометна Европа што значи да се навива со срце.
Треба да се престане да се критикува Кире, цело внимание на одбраната од противниците е кон него свртено, затоа другите може да даваат голови.
Еден момент што вчера ептен ми ја наполни душата - покажаа морална величина. На 5 минути пред крај губевме 25-22, а на 1 минута до крај беше 26:25 за нас! Тоа е нов квалитет во македонскиот спорт, такво нешто видовме и кај кошаркарите.
Тешко ќе биде, ама нема да се посрамотат дечките, затоа помалку со критики, повеќе со разум, со срце на терен да им покажеме на нив кој е АУТСАЈДЕРОТ :tapp:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Ако голман има помалку од 12 одбрани, тогаш бранел под очекувањата. Ако има 12, тогаш бранел добро. Се над тоа е одлично.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom