Македонија на Олимписките игри во Лондон 2012?!

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Нов Зеланд, пред неколку мундијали беа 4то место. Не е наивна екипа, имаат искуство во вакви интернационални натпреварувања а ние го немаме. Плус е тоа што сепак за нијанса имаме поголем квалитет меѓу играчите од нив.

Ангола, исто како Нов Зеланд има искуство од Светски Првенства и е повеќекратен првак на Африка. Незнам многу за нив каква екипа имаат ама мислам дека нив може да ги победиме и се полесен противник од Нов Зеланд.

Се очекува сигурна 1 победа и големи шанси за 2 победи. Со 1 победа сме сигурно у четвртфинале а со 2 победи, поголеми шанси за полуфинале. Само да држиме палци ние навивачите пред телевизори (со оглед што е далеку Венецуела и слабо да иде некој да навива) и играчите да покажат игра како на Европското првенство. Ако играат пак така, ни влезот на Олимпијадата не е врвот....
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Нов Зеланд едвај ги победивме 1-2 разлика во БТ пред 1 година, сепак ниту една репрезентација не е за потценување :) Реално гледано, групава и вкрстувањето се супер, мислам дека со пожртвувана игра како во Литванија блиску ќе ни бидат ОИ...
Знам дека ги тепавме 1 - 2 разлика и тоа ради судиите. :)
Меѓутоа тоа не беше вистинската слика на репрезентацијата, подготовки беа тоа и нашиве играа катастрофално.
После ЕП,после тие резултати, срамота ќе биде да не се згазат со 15 разлика па кој сака нека им игра ( 38 годишен им е најак играч (y) ), плус сите репрезентативци ќе ни бидат во полна форма, играат во јаки тимови, јаки лиги.
Само Бо да ни е жив и здрав, амин. :D
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.593
Поени од реакции
14.409
МАРЈАН ЛАЗОВСКИ: „НЕ СЕ АТРАКТИВНИ, НО НЕ СЕ ВООПШТО НАИВНИ“

Репрезентацијата на Македонија ги доби противниците во групната фаза од квалификацискиот турнир за ОИ во Лондон. Нов Зеланд и Ангола се посакувани противници за селекторот Лазовски

Извлекувањето во Каракас помина до некаде како што посакував“, вели Марјан Лазовски. „Кажав и порано, сметам дека Порто Рико е најквалитетна репрезентација од тие што беа во вториот шешир и добро е што ги избегнавме. Нов Зеланд го познаваме, игравме со нив и на подготовките за ЕП во Скопје, а од последниот шешир, желбата ми беше или Ангола или Кореја, така што на крајот мислам дека добивме добри противници. Не се којзнае колку атрактивни, но ќе потенцирам дека не се ни воопшто наивни. Сметам дека со квалитетни подготовки како што се планираат и најважно, со добро здравје на сите играчи, можеме да направиме чекор понапред“, продолжува Лазовски.

„Имаме време да се запознаеме подобро со сите противници, но уште подобро ќе биде кога ќе можеме да ги согледаме на лице место, во Каракас. Едно е сигурно, нема да потцениме никого. Важно ќе биде да почнеме добро, со победа, а потоа одиме од натпревар во натпревар. Со полн состав имаме квалитет и верувам дека можеме да го продолжиме успехот на оваа генерација“, заврши македонскиот селектор.

Првиот натпревар Македонија го игра на 3 јули против Нов Зеланд, а ден подоцна се среќаваме со Ангола. По натпреварите во групата, доколку обезбедиме некое од првите две места, вкрстуваме со групата во која се наоѓаат Русија, Доминиканска Република и Кореја.

http://basketball.org.mk/?ItemID=0386A8256B1125408C6A5103DC11828E
 

Плавиот^

London is blue!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
930
Поени од реакции
1.462
Малку пореално :P
1. Македонија ќе биде подобра на хартија, тоа не значи дека ќе биде и на терен. Лазовски да не чепка ништо во коцептот оти ќе се изгори.
2. Кога сите гледаат во тебе на фаворит е многу потешко да победиш, нашата репрезентација ќе има најголем притисок да ја потврди играта од Еуробаскетот, да докаже дека не е случајност.
3. Никој да не се потценува. Да имаме одлични подготовки и Владо да си најде тим оти ќе му отиде формата.

Ќе биде многу тешко. Литванците и јужните ќе бидат мотивирани до немај каде доколку се сртенеме да не победат.
Доколку првата тепаме оптимист сум, доколку не тепаме песимист сум. Засега неутралец. :LOL:
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Малку пореално :P
3. Никој да не се потценува. Да имаме одлични подготовки и Владо да си најде тим оти ќе му отиде формата.
Илиевски потпиша за Локомотив Кубан - Русија.
 

Jovo Sk-Mk

Е брзо е,брзо е
Член од
16 јануари 2008
Мислења
310
Поени од реакции
40
Противниците во групата се по мерка и воопшто не се за потценување. Напротив ќе покажат колку навистина вредиме и дали заслужуваме да се најдеме на финалниот олимписки турнир во Лондон. Можеби ќе беше подобро наместо Нов Зеланд или Ангола да ни паднеа Јордан или Кореја, меѓутоа што е тука е! Битно е да се фати едно од првите две места, а потоа сеедно дали ќе вкрстиме со Русија или Доминиканската Република ќе биде подеднакво тешко. Јас повеќе ги посакувам Русите во директен судир за пласман на олимпијадата, за да им вратиме за двата пораза на Евробаскетот во Литванија!
 
Член од
3 март 2008
Мислења
1.131
Поени од реакции
68
Јас сум повеќе од задоволен од ждрепката.Точно дека Нов Зеланд не треба да се потцени , но истотака точно е и дека тие се просечна репрезентација.Имаат добри шутери и тоа им е најсилна алка , го видовме и на турнирот во Борис (11 од 22 за три) и грешките кои ги направивме тогаш ќе се увидат ќе се анализира добро нивната игра.За Ангола нема да коментирам тоа е банана репрезентација и се тотални аутсајдери заедно со Кореа на овие предквалификации.

Во 1/4 финале Доминикана е реално да ја добиеме и добив некоја информација дека Хорфорд нема да игра.Ако е така ќе биде клучно иако имаат уште 2ца играчи.Како и да е поповоло од ова не можевме да посакаме

Она што мене ме загрижувае минутажата на дел од нашите клучни играчи.Илиевски знаеме колку малку (не)игра во Ефес и тоа може да биде доста погубно.Сега гледам преговарал со Локомотив Кубан иако и таму ќе има голема конкуренција на позиција плеј иако далеку помала од онаа во Ефес.Од друга страна Војдан првиве 2 утакмици по 10 минути добива а Дамјан од кога дојде бугарот во Лукоил не го пушта да игра.Кој дебилизам.
Од друга страна конечно ќе му дојде време не Кире Николовски. :)
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Епа дечки полесни противници од ова не можевме да добиеме, уште да си ја сфатиме работава сериозно и да изиграме ко што треба. Едвај чекам да го видам Кирил Николовски на теренот, според многумина тој е битна алка која недостасуваше во тимот за да биде целосен.

Ајде со лесно:)
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Некој поупатен во македонскава кошарка нека одговори :
Дали новиов селектор на репрезентација е приближно добар до Докузовски ?? Не пратам кошарка (македонска лига) и немам поим кој е човеков..
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Некој поупатен во македонскава кошарка нека одговори :
Дали новиов селектор на репрезентација е приближно добар до Докузовски ?? Не пратам кошарка (македонска лига) и немам поим кој е човеков..
Тренер беше на репрезентацијата додека Докузовски беше селектор, всушност со години е дел од стручен штаб,Така да ги познава момциве од селекција. Што се однесува до она дали е приближно добар, и за Докузовски немавме преголеми очекувања па човекот изненади, така да ќе видиме на дело.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Teams: 2
Champions: Australia (17 times)

:pos:
И после ова ФИБА доделува место на првиот од квази шампионатов директно на Олимпијада и Светско... Па што не ги стават во Азија ние другиве трпиме место нив :D
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
The coach of the Lithuanian national team, Kestutis Kemzura expressed that although the opponents aren't very familiar, they still pose a threat, with which Lithuania will have to deal with.
The post-draw reaction of Kestutis Kemzura

About Venezuela: “Venezuela doesn’t belong to the world’s basketball elite, but they are going to be playing at home. That’s why they will become even more dangerous. Of course, we are well capable and have to defeat our opponents in the group. However, it will not be easy.”
About the other groups: “Greece and Puerto Rico stand out in Group A, while Russia and the Dominican Republic should be the favourites of Group B. However, Group D is very interesting. Macedonia will not have an easy time against either of the opponents. Both New Zealand and Angola are strong teams.”


Уште ги боли... :X3:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom