Македонија ке добие Кралска Резиденција

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634

Кралска резиденција на Хунзите ќе никне на Паљурци. На околу три хектари земја ќе се распостила кралскиот комплекс на потомците на Александар Велики.

Барање за изградба на дворец стигнало директно од северен Пакистан до општина Богданци. Барањето до доставила првата Македонка што ги посети Хунзите во Пакистан, Марина Дојчиновска, како официјален застапник на кралското семејство.

Покрај кралска палата, предвидена е и изградба на хотел, бизнис со кој кралското семејство се занимавало неколку години. Градоначалникот Ристо Ичков вели дека општината ги планирала и Хунзите во измените на деталниот урбанистички план. Принцот Газафар Али Кан се очекува овој месец во Македонија.

Земјиштето на кое е предвидена изградбата на кралската резиденција е на министерство за земјоделство. На почетокот на 2011 година се очекува да се отстапи на општина Богданци, а тие пак, најверојатно, бараните 3 хектари ќе им ги подарат на Хунзите. Градоначалникот очекува Паљурци да стане важен културен и историски центар на Македонија.

Резиденцијата на Хунзите ќе граничи со католичкиот манастирски комплекс, со црквата на Апостол Павле, заедно распослани околу браната Паљурци.

Принцот на Хунзите, Газафар Али Кан со титула „мир“ и неговата сопруга принцезата Рани Атика првпат дојдоа во Македонија пред околу година и половина. Ова ќе биде второ доаѓање во земјата што ја сметаат за своја прататковина.

Хунзите живеат во северен Пакистан, административно се дел од пакистанската држава од 1974 година, но го задржале кралот. Освен Хунзите кои бројат околу 50.000 за потомци на војската на Александар Македонски се сметаат и племето Калаши. За разлика од Хунзите кои се исламизирани и образовани, Калашите се неуко племе.

Токму тој факт го користи и соседна Грција која отвори културен центар кај Калашите, а донира и значајни финансиски средства, за наобразба на лозата на Александар Велики.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Убаво нека си прават што сакаат. Ако градончалникот мисли така нека го направи тоа.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Заштооо си ме мајкооо родилааааа.....................
Види бре на што ќе трошат пари.
Плус пак ќе ни дојде оној пакистанецот (замисли, црна кожа, црна коса, а директен потомок на Александар Македонски)

Ристо, обеси се на селскиот бунар во Паљувци, молим те!
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Ова богданчани се со кралеви си имаат работа...
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Не се грижете,радувајте се.
Ова е само најнова манифестација на љубовта на државата кон вас,драги даночни обврзници.
Иако делува како силување,тоа сепак е љубов,само што вие тоа не го сфаќате.
Тоа е за вас,за вие да се гордеете со историјата,заборавајќи ја сегашноста која е сјебана.

Но кој ви е крив...
 
F

FilipMacedon

Гостин
Заштооо си ме мајкооо родилааааа.....................
Види бре на што ќе трошат пари.
Плус пак ќе ни дојде оној пакистанецот (замисли, црна кожа, црна коса, а директен потомок на Александар Македонски)

Ристо, обеси се на селскиот бунар во Паљувци, молим те!
Друже кога ке разбереш дека таму живеат две племиња кои тврдат дека се директни потомци на А.М.,и кога ке сфатиш дека Гејците од петни жили пробуваат да ги придобијат и Хунзите(Калашите веќе ги купија) тогаш ке сфатиш дека ова е ситница ние што го работиме за нив...ваков вид на конфликт што го имаме со Гејците се води на секој фронт и дел од светот...само кој да разбере...

--- надополнето ---

Не се грижете,радувајте се.
Ова е само најнова манифестација на љубовта на државата кон вас,драги даночни обврзници.
..
Што сакаше авторот да каже со мислата...да избегнуваме данок можеби??или пак уште еден тип-љубител на анархизмот
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Сметам дека иницијативата е одлична, јака контра против јужните цигани кои мака мачат да ги асимилираат Хунзите и Калашите и да ги презентираат на светот како Грци.

Меѓутоа, со оглед на насобраната злоба и постоечката простотија кај одредени слоеви во нашата држава, очекувам “најгрчки’’ реакции против оваа инцијатива.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Друже кога ке разбереш дека таму живеат две племиња кои трдат дека се директни потомци на А.М.,и кога ке сфатиш дека Гејците од петни жили пробуваат да ги придобијат и Хунзите(Калашите веќе ги купија) тогаш ке сфатиш дека ова е ситница ние што го работиме за нив...ваков вид на конфликт што го имаме со Гејците се води на секој фронт и дел од светот...само кој да разбере...

--- надополнето ---



Што сакаше авторот да каже со мислата...да избегнуваме данок можеби??или пак уште еден тип-љубител на анархизмот
Авторот кажа шо имаше да каже,дополнителни објаснувања би биле феил,но сепак можеби со тие пари би можел да се спаси нечиј живот,нечија судбина да се смени на поарно,нечиј очај да се претвори во надеж.
Сето тоа можеби за тебе е безвредно но не е на оние кои им треба.
Можеби твојата смисла на постоење е врзана за некои работи како Хунзи и слично,но не од мојот џеб брат,бркај си ти хобито и докажувај се со тие од југ,север,исток на своја сметка.

Инаку да,данокот е грабеж,само под инакво име,што не го прави помалку грабеж.
 
F

FilipMacedon

Гостин
Чекај малку,сакаш здравстено осигурување,вработување и сите други социјални права кои ги нуди државата,а данокот го сметаш за грабеж?????Друже или имаш некој тежок психолошки проблем ,или од математика знаеш само собирање...:) колку да ти кажам данокот ја формира државата,и е еден од неколкуте столбови на една држава.

И точно е дека тие пари можеа да се употребат во многу похумани цели,но сега едноставно не е моментот...
 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
За разлика од Хунзите кои се исламизирани и образовани, Калашите се неуко племе.

Токму тој факт го користи и соседна Грција која отвори културен центар кај Калашите, а донира и значајни финансиски средства, за наобразба на лозата на Александар Велики.
Абе гајле ве е, нашето племе е попаметно од грчкото!

П.С. Мислам дека треба да си ставиме прст на чело зошто се замараме за племиња што живеат во некоја си вукојебина безброј, што тврдат дека биле потомци на војсководец од пред 2300 и кусур години - а нас државата ни пропаѓа. Дајте рационализирајте си ги потребите, бидејќи од Хунзи и Калаши никој нема леб да јаде.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Се “замараме’’ бидејќи сме нападнати и ставени пред свршен чин, сходно мора да се браниме.

А државата допрва ќе ни пропадне ако не сомелат сега.

Затоа е добар потегов, но најмалку треба да се политизира (тоа вклучува и од страна на власта).


Без оф топици.



.
 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Мислам дека опсесијата со историја која владее во Грција, Македонија и нејзините блиски соседи е една од најглупавите опсесии во историјата на човештвото. Национализам и етноцентризам на овие простори е чиста глупост, but everybody are playing a losing game - so we should join the fun.

Одлуките на власта која не` заебава веќе 20 години скоро е муабетот. Државата ни пропаѓа и ако се викаме Македонија и ако не се викаме Македонија. Финеси.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Прво и основно во мојот прв пост наведов дека не случајно е избрано Богданци за резиденција, сигурно знаеш дека еден туѓ крал изградил таму вила.

Друго зошто кога некој тврди дека е потомок на Александар Македонски и кога сака да биде Македонец му се скратува таа шанса.

На крајот на краиштата трите хектари земја нема да не осиромашат, а според планираното можат да донесат ако не на државата, тогаш на општината поголем туристички ефект.

Мислам дека барем ние не треба сами да го комплицираме тоа.

Абе цели села во Бугарија ги купија англиски пензионери па никому ништо, а ние за нешто што може да има само позитивен ефек предвреме загреваме масло од кое после самите се гориме...
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Прво и основно во мојот прв пост наведов дека не случајно е избрано Богданци за резиденција, сигурно знаеш дека еден туѓ крал изградил таму вила. Друго зошто кога некој тврди дека е потомок на Александар Македонски и кога сака да биде Македонец му се скратува таа шанса. На крајот на краиштата трите хектари земја нема да не осиромашат, а според планираното можат да донесат ако не на државата, тогаш на општината поголем туристички ефект. Мислам дека барем ние не треба сами да го комплицираме тоа. Абе цели села во Бугарија ги купија англиски пензионери па никому ништо, а ние за нешто што може да има само позитивен ефек предвреме загреваме масло од кое после самите се гориме...
Охрид се претвори во срање,еден куп неискористени туристички капацитети и локалитети има.
А кој ќе го финансира ова?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom