Уште од авион се гледа другар дека ти го оправдуваш убиството на србинот, бидејќи тој се перчел на несто каде што не го збира! Како?
Можеби ...
Чоекот бил ваков и таков, можеби бил и поголемо животно од тие осуммнина, тоа дека бил фамилијарен човек, не го прави ништо подобар. Добро ...
Сите тие што на некој начин го осудија ѕверското убиство, се зафатени од македонскиот менталитет „го браниме туѓото него нашето“ ...
Добро ....
Ти, и твоите размислувања добро би му дошле на македонскиот правосуден систем. Посебно во случајов ...
Зошто некој да биде осуден за убиство, кога тој србинот се пикал кај што не го збира? Според твојата логика (?!) доколку некој се прави паметен на место кое што не може да каже дека му претставува дом, оти е од друга нацоналност, дозволено е да му се одземе правото на живот. Автоматски, охриѓаните убијци можат да станат луѓе кои ќе носат медал на честа. Оти ги чистат улиците од луѓе кои се „прават паметни“ во „туѓи држави“
Прво, не го оправдувам убиството, можеле само да го исфрлат надвор.Ама типот не се разбирал со добро, а овие нашиве горили им дошло како кец на десетка, секогаш расположени за тепање.
Стави ги актерите во обратна позиција и размисли дали немаше истата ситуација да ја гледаме во Белград?
За убијците казната е мала, скоро и ја немат, доста луѓе со директно учество во убиството беа ослободени, а го папаа ситни риби внатре во објектот, од Охрид си, сигурно си слушал.Не ја оправдувам одлуката на судот, мизерна е, доказ за корумпираност.
АМА,
стај се сега и ти во ситуација, непознато лице во твојата куќа стан ти влегло со навреди, пцовки, се закачило на женски член од фамилијата итн.Ќе му свариш кафе или ќе го избркаш?Друго е шо реакцијата е претерана, зато викам на туѓ терен нема да се однесуваш како газда.