Македонија - Чешка - ОДИМЕ ВО БЕЛГРАД!

  • Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Мене не ми е јасен моментот со цурава, сака да каже дека е лезбејка или !? :)
Е де па и ти ама си ситничар.:D И “Излези момче...“ ја пејат сите девојчиња, па не се момчиња.:icon_mrgr:
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.733
Поени од реакции
12.035
Дај затворете ја темава и не ме нервирајте!! :mad::mad::mad::mad:
 
С

Само Човек

Гостин


Трет и последен натпревар во нашата група, се надевам конечно и среќен за нашата репрезентација по нерешениот резултат со Шведска и несреќниот пораз од 1 разлика од страна на Германија денеска.

Предходни натпревари на Македонија: (0-1-1)
- нерешен резултат 26-26 со Шведска
- пораз од Германија со резултат 23-24

Предходни натпревари на Чешка: (1-0-1)
- победа против Германија со 24-27
- пораз од Шведска со резултат 29-33

Моменталната табела во нашата група изгледа вака ..
1. Шведска - 3 (59-55)
2. Чешка - 2 (56-57)
3. Германија - 2 (48-50)
4. Македонија - 1 (49-50)

Македонија последниот и решавачки дуел против Чешка го игра во Четврток во 20:15, според мене во овој дуел редно време е малку среќата да не послужи и да победиме со што ќе си го обезбедиме место понатаму на Европсково првенство. Чесите предводени од “бомбандерот“ Јиха се надевам редно време ќе бидат запрени и сиот бес ќе биде истурен врз Чешка за конечно нашите навивачи да се израдуваат на првата победа во Ниш бидејки го заслужуваат тоа. А и реално на Србиве многу поголема корист ќе им донесе евентуален наш понатамошен пласман во другата фаза, ова ќе значи окупирање на Белград од страна на нашите навивачи и можност да дојдеме во уште поголема бројка бидејки Пионир салата е доста поголем од Чаир.

Ајде со господ напред да се подобриме малку од денеска, да ги корегираме грешките и да победиме!! Среќно ..


Бујрум ваши мислења :coffee:
Видео од утакмицава има ли некадее
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom