Трет и последен натпревар во нашата група, се надевам конечно и среќен за нашата репрезентација по нерешениот резултат со Шведска и несреќниот пораз од 1 разлика од страна на Германија денеска.
Предходни натпревари на Македонија: (0-1-1)
- нерешен резултат 26-26 со Шведска
- пораз од Германија со резултат 23-24
Предходни натпревари на Чешка: (1-0-1)
- победа против Германија со 24-27
- пораз од Шведска со резултат 29-33
Моменталната табела во нашата група изгледа вака ..
1.
Шведска - 3 (59-55)
2.
Чешка - 2 (56-57)
3.
Германија - 2 (48-50)
4.
Македонија - 1 (49-50)
Македонија последниот и решавачки дуел против Чешка го игра во Четврток во 20:15, според мене во овој дуел редно време е малку среќата да не послужи и да победиме со што ќе си го обезбедиме место понатаму на Европсково првенство. Чесите предводени од “бомбандерот“ Јиха се надевам редно време ќе бидат запрени и сиот бес ќе биде истурен врз Чешка за конечно нашите навивачи да се израдуваат на првата победа во Ниш бидејки го заслужуваат тоа. А и реално на Србиве многу поголема корист ќе им донесе евентуален наш понатамошен пласман во другата фаза, ова ќе значи окупирање на Белград од страна на нашите навивачи и можност да дојдеме во уште поголема бројка бидејки Пионир салата е доста поголем од Чаир.
Ајде со господ напред да се подобриме малку од денеска, да ги корегираме грешките и да победиме!! Среќно ..
Бујрум ваши мислења