Македонија - Чешка - ОДИМЕ ВО БЕЛГРАД!

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
М

Мартин`

Гостин
wz2J4.jpg


Трет и последен натпревар во нашата група, се надевам конечно и среќен за нашата репрезентација по нерешениот резултат со Шведска и несреќниот пораз од 1 разлика од страна на Германија денеска.

Предходни натпревари на Македонија: (0-1-1)
- нерешен резултат 26-26 со Шведска
- пораз од Германија со резултат 23-24

Предходни натпревари на Чешка: (1-0-1)
- победа против Германија со 24-27
- пораз од Шведска со резултат 29-33

Моменталната табела во нашата група изгледа вака ..
1. Шведска - 3 (59-55)
2. Чешка - 2 (56-57)
3. Германија - 2 (48-50)
4. Македонија - 1 (49-50)

Македонија последниот и решавачки дуел против Чешка го игра во Четврток во 20:15, според мене во овој дуел редно време е малку среќата да не послужи и да победиме со што ќе си го обезбедиме место понатаму на Европсково првенство. Чесите предводени од “бомбандерот“ Јиха се надевам редно време ќе бидат запрени и сиот бес ќе биде истурен врз Чешка за конечно нашите навивачи да се израдуваат на првата победа во Ниш бидејки го заслужуваат тоа. А и реално на Србиве многу поголема корист ќе им донесе евентуален наш понатамошен пласман во другата фаза, ова ќе значи окупирање на Белград од страна на нашите навивачи и можност да дојдеме во уште поголема бројка бидејки Пионир салата е доста поголем од Чаир.

Ајде со господ напред да се подобриме малку од денеска, да ги корегираме грешките и да победиме!! Среќно ..


Бујрум ваши мислења :coffee:
 
Може, може, го прифаќам Мартин за отворач... мислам дека он и со Грција за баскетот отвори тема...

Види Фотос ни е ко Кире, најдобар ама мора да отстапи сеа... :D

Ми фалат и песимистите на форумов со нивните постови... MarioGomez, IgorChete, аnyone !? :rolleyes:
 
После победата на Шведска денеска, работата ќе биде или одиме понатаму со 3 бода :vozbud: или испаѓаме :cenzura: ...Се надевам дека ќе биде првото. Реално според овие две кола се и сешто е можно, екипите се тука некаде по спремност, квалитет и желба. Чешка можда ја згази Германија ама дека не се сила се покажа со Шведска, додека ние сосема добро игравме и против Шведска и против Германија така да по некоја логика Чешка би ни била противник по мерка. Само 1 гол да тепаме не треба ништо друго :D
 
Што и да правиме, мора да се победи. Инаку многу ќе биде жално доколку не оствариме ниту една победа во ''МАКЕДОНСКИОТ'' Ниш.

Само напред.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: jkd
После победата на Шведска денеска, работата ќе биде или одиме понатаму со 3 бода :vozbud: или испаѓаме :cenzura: ...Се надевам дека ќе биде првото. Реално според овие две кола се и сешто е можно, екипите се тука некаде по спремност, квалитет и желба. Чешка можда ја згази Германија ама дека не се сила се покажа со Шведска, додека ние сосема добро игравме и против Шведска и против Германија така да по некоја логика Чешка би ни била противник по мерка. Само 1 гол да тепаме не треба ништо друго :D
Математиката вели дека треба со два гола да ги тепаме.

Инаку јас лично сум супер задоволен од двете утакмици,и моите очекувања и пред ЕП беа дека со Чешка ќе го бараме нашиот излез понатаму.Сега дојде и до тоа. Тие анализи од претходно држат вода и сега дека Јиха им е главна алка,премногу зависат од него, и треба да го отсечеме скроз.

Само храбро момци!
 
Чешка беше нашата карта од стартот, знаевме кој се и што се и Германците и Швеѓаните. Не беа толку јаки Чесите колку што беа слаби Германците. Имаат доволно време и да се одморат и да ги избистрат главите. Да се надеваме само дека судиите ке бидат непристрасни. СО ВАС СМЕ МОМЦИ!!! УДРЕТЕ ЈАКО!!!
 
Андон Бошковски од стручен агол вели:
Чешка за мене е одличен тим. Ќе ме прашате зашто,а одговорот е едноставен, во него игра најдобриот ракометар во овој момент Филип Јиха, кој лебот го вади во тимот на Кил (Германија) Слично како Шведска и Германија, и Чесите играат 6:0 во одбрана но не толку агресивно како Германците. Даниел Кубеш му е соиграч на Јиха во Кил на средина имаат компактност. Голманот Мартин Галија им дава сигурност. Немаат толку добра транзиција, но на поставена зона се се сведува на Филип Јиха и на Карел Ночар од Шамбери и имаат многу промени на места. Овој меч според мене е најважен за пласман во втората фаза или за пренесување на бодови во следниот круг.
Филип Јиха е МВП од последното ЕП во 2010 во Австрија. Универзален играч, напаѓач, добар одбрамбен играч кој знае да соработува и да ја земе одговорноста во свои раце.
Салата во Ниш за Чесите има лоши спомени бидејќи двапати токму во таа сала беа поразени од Србија во бараж-натпреварите за СП.

Јас сум оптимист и верувам :)
 
Многу работи не знам, ама знам дека ГЕРМАНИЈА има само име и не заслужи да оди понатаму! Сите останати заслужија, Германија не. Све ќе направам, ако јас сум баксузот нема да гледам, само ГОСПОДЕ ТЕ МОЛАМ ДА ПОБЕДИМЕ!!!!!!!!!!!!!!!!
 
Може, може, го прифаќам Мартин за отворач... мислам дека он и со Грција за баскетот отвори тема...

Со Грузија, Грција и Русија.. 2/3 не е лошо :D
Инаку сигурен сум дека ќе победиме, ако не победиме нека ме банираат парментно слободно ..

Инаку ако ние ја победиме Чешка а Шведска ја победи Германија одиме како втори во втората фаза.
 
Многу работи не знам, ама знам дека ГЕРМАНИЈА има само име и не заслужи да оди понатаму! Сите останати заслужија, Германија не. Све ќе направам, ако јас сум баксузот нема да гледам, само ГОСПОДЕ ТЕ МОЛАМ ДА ПОБЕДИМЕ!!!!!!!!!!!!!!!!

Не се потресувај не е до тебе ;) , едноставно ни фали малку од онаа спортска среќа да ни тргне како што треба :)
 
Заслуживме да поминеме понатаму!
Ке играме со срце и тесна победа! НАПРЕД !!!!!
 
Од претходната тема со оние илеџиине, морам и тука да го споделам постот!

Мора да останеме сплотени во вакви тешки моменти, само така полесно ќе ги пребродиме и психички ќе бидеме посилни. И ние овде што се тресеме пред секој натпревар и играчите што се борат за нас.

(y)
 
Se najdobro za nasata ekipa iako imame stari igraci dadoa ljugeto se na teren.

So gospod napred.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom