- Член од
- 2 март 2007
- Мислења
- 4.576
- Поени од реакции
- 3.773
- Возраст
- 34
И покрај лошата игра имавме шанса на крај не само за реми туку и за победа...последните 6 голови ги дадовме по крилата и наместо со играч повеќе да му ја даде Мојсовски на Манасков,тој прави пробивање.Наместо да играме пресинг со играч повеќе на минута пред крај,им оставаме да си организираат цел напад.
Нема никаква дисциплина во тимот...да има авторитет тренерот ќе го седне Кире и ќе му укаже каква почетнички грешки прави,грешки што може да ги забележи лаик а не селектор.При 8-10 за нас и играч повеќе Лазаров упропасти 4 напади по ред и нема кој да му каже да не форсира.Од 8-10 стана 13-10.
Таман даде 2 голови ниско,при 2 за Унгарците на 4 минути до крај пак шутира право во голман.
Кире е вонсериски играч ама не е за вакви натпревари.И на Европското против Данска и Германија ги правеше истите работи...штом паднаа притисокот и очекувањата на наредните натпревари почна да игра како што треба и знае.Македонскиот Леброн Џејмс.
Да имавме дисциплина,тактика и да не правевме почетнички грешки,сега немаше ни да има потреба од квалификации за ОИ.Истите проблеми од почетокот на Европското се повторија и сега.
Имаме квалитет ама џабе е кога не знае да се искористи.
Само за потсетување, Кире имаше 13 гола против Данска.