Македонија-Унгарија (6.4.2012, 14:45 ч.),Скандинавиум арена-Гетеборг

Статус
Затворена за нови мислења.

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.415
Поени од реакции
2.550
Нема Фаланга,нема крила,нема одбрана...нема шо нема
Ај второ полувреме подобро
 
М

Мартин`

Гостин
Слабо прво полувреме, не е на она ниво со кое може да се надеваме на победа и потоа и пласман на Олимписките игри, се надевам во второ полувреме ќе се стабилизираат и ќе ја поправат играта. Катастрофа до сега Унгарците не водат 2 гола разлика а имаат 10 минути вкупно исклучувања наспроти нашите 2.. нашиве со 1/2 играчи помалце примаат премногу лесни голови што не смеат да се дозволат ако сакаме да победиме денеска и премногу брзаат во нападот од неизградени ситуации.

Мојсовски одличен, Лазаров стандард така-така, Стоилов ѕвер (по борбен играч здравје), Миркуловски не е лош .. е сега се гледа дека ни фали Темелков во играта штета што се повреди инаку имавме голем плус, а Шундовски стандард тапа!
Се надевам второ ќе ги поправат грешките и ќе ја вратат гол позитивата во наша корист ..
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
се молат судиите (кои патем речено, да беа македонци немаше да судат толку добро за нас) да не исклучуваат унгарци, посебно не двајца одеднаш. ни праат серии од 2-0, 3-0 така. ако веќе судијата сака да суди за нас, нека не им исклучува. така ќе ни помогне.
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.212
Поени од реакции
996
Достате бе хејтери,ќе победиме и после пак ќе се лижите нашите најдобри,нашите вака,нашите онака.
Абе никој не ги хејта. Гледаш што се дешава. Со два играча повеке примаме гол. Со играч помалку три....Како да не се нервираш????

Едино страв ми е бидејки ги фаќа криза во првите десет минути од второ... Но белки заврши кризата денес порано....
 
M

MrzaRules

Гостин
и сега што корист шо викна трет пикер а не крило...уствари и така и вака како без крила да играме..
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Што ќе суди тајм-аут Шундо кога ионака не знае што да им каже.
Со Митков, Алексовски и Манасков не се иде на Олимпијада.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Шундо бара тај маут кога не треба, преку митков сите голови паднаа, во одбрана и во напад од крило е непродуктивен, не знам што да кажам ама не играат најдобрите играчи на макеоднија и затоа ова ни се случува. Еднаш се деси на европско да ни тргне, но еве сега се гледа дека некои играчи не заслужуваат според квалитетот да бидат репрезентативци.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.043
Поени од реакции
74.519
Се смеете кога викам дека Ојлески највеќе заслужи место во тимот :)
Ете го Алуш, 0 одиграни минути. Знаев дека нема ни да го става во игра.
Зошто го зема кога не го става? Па гледаш не му оди на манасков, па стави го Алушот малце.
Ми ги здрви јајцава со Митков на крило.
Три пикери зема, зошто го зема Никола ако не го игра?
Зошто не зема КРИЛОООО волу манастирски (n)
Имаме крило какво такво, а он ми игра со десен бек на таа позиција :tapp:
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.235
Абе мајнд гејмс им удираме сега ке се опуштат тие на полувреме ке си речат ке ги растуриме и второ ке им го збрцаме :drk:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom