Македонија - Србија [25.01.2012 - 20:15 ч.]

Tranquilis

Putting Macedonia on the map.
Член од
10 август 2011
Мислења
526
Поени од реакции
657
Да сме живи и здрави, и квалификации за ОИ се успех.

Благодарам до ракометарите, изиграа како голем тим. Играта до 19-13 против Данска е нешто најдобро што сме го виделе од нив до сега, посебно оној целепин.. ух.

Се надевам ќе бидат уште поголем тим и ќе ги надминат фамилијарните форсирања, за во квалификациите да можат да играат со најсилен состав и да одат за Лондон.

А после коа ќе удриме една промоција на Скопје - Лондон, мх мх ..

Напред Македонија! Hajra Magyarok!
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Значи какви се сега математиките за да идеме на ква. за ЛОИ?
Да ја победиме Србија сега и да победиме во мечот за 5то место?
Да ја победиме Србија и Унгарија да победи против Хрватска, па макар и да изгубиме во натпреварот за 5то место секако ќе одиме на квалификации за ЛОИ поради тоа што унгарците се веќе квалификувани.
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Леле еј ради тој гол у последна секунда нема да идеме у полуфинале.. Инаку мислм дека вечер за да бидеме трети треба да ја тепаме Србија со најмалку 4 гола разлика. Според мене лесно остварливо со оглед на тоа дека ќе играат со втор состав Србите. Плус би требало да ни ја пуштат на комшиска база. xD Ама ептен ми е криво за момците што не успеаа да влезат во полуфинале само заради еден ебан гол кој да немаа толкава среќа Данците немаше ни да биде постигнат.
 
M

MrzaRules

Гостин
ти ебам Швеѓаните гнасни....како против нас не играа вака па да ги сомелевме им ебам
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Сега имаше репортажа од салата во Белград, ако добро чув, ја пуштаа "Македонија навива за вас"
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.362
Швеѓаниве ги чекавме да победат против Германија,Србија и Данска и ниеднаш не победија.
Па добро ако не можат никој да победат како стигнаа до тука?Или уште поважно како успеаа бод да ни земат?
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Ако се победи

-Кире ќе биде најдобар стрелец (уште еден меч за 5то место ќе се игра)
-Македонија ќе биде пред Германија и Полска во група
-Играме квалификации за Лондон и со 6то место ако победи вечер Унгарија
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Само што се разбудив, видов мечот со Полска и се возбудив, после видов како завршиле Скандинавциве и почнав да се пцујам самиот себеси. Сега тој мечот со Данска уште повеќе ме боли. Него, ако ја победиме Србија дали сигурно одиме во квалификациите?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.896
Зашто бе зашто мора да причав на српски нашиве ракометари кога даваат изјави на српскиве телевизии ? се срамат ли на МК да зборат ја незнам до кога вака ќе се глупираат сите :tapp:
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Само што се разбудив, видов мечот со Полска и се возбудив, после видов како завршиле Скандинавциве и почнав да се пцујам самиот себеси. Сега тој мечот со Данска уште повеќе ме боли. Него, ако ја победиме Србија дали сигурно одиме во квалификациите?
Да, а ако победи Унгарија вечер, тогаш независно од резултатот на натпреварот за 5тото место, секако ќе одиме во квалификациски турнир за ЛОИ (затоа што Унгарија веќе има обезбедено пласман).
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Племе се ова Скандинавциве умрени, племе местачко крв да им ебам!
Не дека очекував нас да ни се насмее среќата, ама барем да играа шутраци едни гадни. Ајде сега Србите да ги тепаме и да ги одмориме нервите...
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.362
Со пласманот на Данска во полуфиналето, која било од четирите репрезентации во полуфиналето (Србија, Хрватска, Шпанија и Данска) да го освои шампионатот ќе ослободи уште едно место за квалификациите за Олимпијадата, што значи дека дури и со пораз во петок Македонија ќе се најде во квалификациите.
 

V1kTo.Or

Талкач
Член од
16 август 2011
Мислења
504
Поени од реакции
304
Којшто сака нека зборува.За мене ова Европско првенство е неуспех, колку и вештачки да се радуваме како којзнае каков успех да сме направиле(сме влегле во втора фаза голем кур), а очекувам оставка од Шундовски.Играме катастрофално второ полувреме скоро на секој натпревар, а да немавме среќа ќе изгубевме и против Полска.Голманот ни шутира од гол на гол против светски прваци, као демек со Партизан од Кичево играме.Сите коцки им беа наместени на нашите ракометари и не ги искористија.Тоа е.
Ова беше да осетиме како им беше на Литванците кога изгубија од нас :icon_mrgr:
 
Член од
7 јули 2010
Мислења
1.695
Поени од реакции
828
Авионот да им падне на скандинавциве рѓу им рбам :mad:
Ајде да ги измочаме Србиве !!
Инаку очекувам Хрвативе без замарање да изиграат и поштено си изгубат од маџарите и олимпискиве игри би биле добра утешна награда за нас по се ова што се случи првенствово ..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom