Мене па многу ми е јако кога ве читам вас и кога ги гледам останатите како посакуваат прво,второ,трето место на едно ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО во ракомет и многу ми е мило поради тоа.
Мило ми е што пораснаа апетитите после историскиот подвиг на нашите кошаркари.
Додека до пред 3 години отприлика успех беше да стигнеме до бараж и да го поминеме квалификациите во ракомет/кошарка,сега бараме нешто повеќе.Бараме медали,пехари,Олимписи игри итн.Нешто што беше сон за нас,до пред извесно време.
И мислам дека спортот оди во нагорна линија,освен фудбалот секако.Мислам дека ќе идат нови генерации кои ќе ни носат нови радости,ќе не доведуваат до нови лудила и колективни славја.
Само треба време.Чекор по чекор.Знам дека оваа генерација на ракометари можеше да оди макар до полуфинале,ама не не посака среќата и некои други фактори влијае врз тоа.
Убаво рече Кире:''Не знаеме да задржиме големо водство над некоја силна екипа,затоа што досега никогаш не сме ни воделе толку''
Ова е за нас ново на некој начин.Ги гледам двете табели сега,гледам земји како Франција,Хрватска,Шпанија,Данска,Исланд,Шведска кои се велесили во светот на ракометот и ја гледам Македонија и тоа со 3 бодови.И за тоа ми е мило исто.
Сакам утре да испадне посакуваното сценарио,ама ќе биде многу тешко.Шансите се сведени на минимала.Но ние барем да ја победиме Србија која искрено не импресионира којзнае колку,а и да игра со прв тим мислам дека пак можеме да ја победиме.
И ќе ми беше ќеф да се бориме во овој меч со нив за топ 4,ама тие вчера си ја остварија целта.
Како и да е,можевме многу повеќе да направиме,но што е,тука е.На наредно првенство повеќе.
И не верувам дека ваквите успеси се случајни,затоа што кога се игра храбро и со срце,пожртвувано,кога јадеш ќотек секоја утакмица,кога кршиш рака или нос за репрезентацијата,тоа самото си иде
И јас ретко користам вакви мотивирачки фрази ама овојпат морам:
ЗА КОГО БРЕ ЛУЃЕ?
ЗА МАКЕДОНИЈА,СЕКАКО!