Ние не треба да играме за другите бе Филипе, ние си гледаме за нас, нам да ни биде исполнета душичката, а дали некој сељак ќе се радува на нашата изгубена партија повеќе збори за него самиот и зависта.
Реално, ќе го кажам можеби и предвреме она што не би требало додека сме сеуште во игра и за повисоки места, меѓутоа сосем заслужено и реално достижно ни е 5то место на ова првенство. Ние не изјавувавме ниту сега изјавуваме дека одиме по медали, дека сме најдобри и слично, како што е тоа практика кај сите досегашни противници кои ги прегазивме, буквално. Хрватите, Грците, Словенците, па и Црногоранците се перчеа пред првенствово, и за време на истово, правеа предвидувања како лесно ќе не поминат. Арно ама сега им се наполнија гаќите, едните ги пративме предвреме дома, а другите ги посрамотивме, пониживме со голема разлика.
Со Словенија делувавме како да играме некој рутински натпревар, со пола сили ги добивме, истото и со Грците.
Кој ги ебе сите, што чекат да се радуваат на нашиот пораз, треба да си гледаме за себе и да не се замараме, ние и онака веќе го остваривме зацртаното и отидовме далеку над тоа. Не дека треба да се задоволиме со тоа, ама никој не смее да ве демотивира и живцира, оставете ги бедотиине нека си коментираат, очигледно зависта да ја гледаат Македонија прва во група за 1/4, а самите себе четврти со можност да испаднат, премногу ги фрустрира.
Би сакал да бидеме позитивни до крајот на првенството и да продолжиме вака да си ги бодриме нашите.