Фактот што сите репрезентации играа со најсилен состав, за разлика од прошлото ЕП каде што не беше така, уште повеќе е повреден нашиот пласман. Ова е одлично, до сеа на никое ЕП/СП сме немале претставник во последниот ден од првенството и сме немале за кого да навиваме, мие само сме биле надгледувачи, беше вистинска чест годинава да се гледа завршницата на едно ЕП со срце, со душа, да имаме наш претставник, да имаме за кого да навиваме ! Се надевам дека со ова ќе се подобри спортот у Македонија, а у кошарката мислам дека имаме добра иднина . Самарџиски, браќата, Николовски, овие се (ќе) прераснати во одлични играчи и тие би требале да го понесат товарот понатаму. Еве се појавуваат и нови играчи како Димчевски итн... Исто Антиќ може слободно да игра уште 5-6 добри години. Бошко би требало да остане, Илиевски уште 3-4 години. Има надеж дека следниве години ќе се освои нешто, само да продолжиме така...
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)