Момци замислете, се роди кошарско ривалство помеѓу Македонија и Русија... ако некој пред некој месец ми кажеше дека Македонија-Русија во иднина ќе бидат натпревари рамни на дерби, можев само да му кажам дека треба да се отварат повеќе пекари во Македонија...
Ама еве и тоа го дочекавме, една велесила да ни е лут ривал.
Напред наши... изгубивме повторно тешко... ама психичкиот отисок што го оставивте на младите генерации ќе ечи уште барем 30 години. Таа придобивка, заедно со сплотеноста на народот и промоцијата на нашата напатена Македонија прават повеќе од доволно да бидете прогласени за ХЕРОИ!!!
Никој веќе нема да ги види црвено-жолтите и да се радува.
Никој веќе нема да дојде во Македонија со надеж за победа.
Никој веќе нема да не потцени, бидејки ве имаме вас, ХЕРОИ МАКЕДОНСКИ!!!