Македонија-Норвешка 1/8 Финале

ЛаФови сме или Мачиња?


  • Вкупно гласачи
    67
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Дали сме ЗА БЕЉА или за ЌОТЕК?
Ќе дознаеме денес полладне,"душман" е стариот познаник Норвешка,потомците на Рагнар Лотбрук.:icon_mrgr:
Колку е оваа Македонија КАДАРНА ДА СЕ НОСИ СО СЕ ПОДОБРАТА НОРВЕШКА?ИМАМЕ ЛИ ШАНСИ?Дали Лино има уште некој џокер во ракавот или Македонија ИСПУКА СЕ ШТО ИМАШЕ?
Ова се прашањата кои си ги поставува секој Македонец овие два дена,доколку влеземе со самодоверба и смиреност како во завршниците на мечевите со Тунис и Исланд,и во поголемиот дел од мечот со Фуријата ИМА НАДЕЖ.
За Македонија знаеме се,до детал,нема потреба повторно да се анализира ШТО,КАКО,ЗОШТО?
Само да се напомене дека ќе го немаме Деки Манасков за кого е завршено првенството,неизвесен е и настапот на Жути но да се надеваме дека ќе смогне сили и ќе даде се од себе како и секогаш.
Да одиме со презентација на четата на селекторот Кристиан Берге,некогашен прославен ракометар,ја прероди едноставно подзаспната ракометна нација,долги години Норвежаните ја чекаа оваа генерација,иако секогаш биле солидна селекција,но никогаш не биле толку силни,барем не во поновата историја.

Ги следев сите 5 меча од групната фаза и ќе се обидам да го доловам она што го видов.
Прва работа која импонира кај нив е тимскиот дух и дисциплината,едноставно нема застанување,предавање,играат до крај,без разлика на резултатот,ја форсираат таа своја игра,неверојатно се адаптабилни на текот и темпото на мечот,знаат да играат ултра брз ракомет,но знаат и да кренат рачна како на првиот меч со Полска каде реално го дадоа својот најслаб перформанс,но сепак тоа беше прв меч,тешки нозе,притисок,потоа одеше се полесно,во наредното коло ја прегазија Русија,доста убедливо,водеа со доста солена разлика во најголем дел од мечот,со Французите едноставно дадоа максимум,испукаа се што имаа,но реално не можеа против онаа забревтана машина на Дидие Динар,но доста скапо ја продадоа својата кожа,и покрај тоа што губеа во најголем дел од мечот успеаа да внесат тензија,но неколку судиски одлуки кои реално беа на нивна штета и пред се многу промашени зицери ги одалечија од некое изненадување,но сепак да сме реални против таа Франција од минатата недела ретко кој би можел да извади нешто повеќе.
Во 4тото коло лесно и убедливо го прегазија Бразил,едноставно го изгазија паркетот со Самба Момците со седло фризури,со Јапонија не вреди да се коментира,газење,без мака.
НАПАД
Имаат многу брз пренос на топка,се почнува и завршува од еден играч,Сандер Сагосен.
Дечкото кого уште од лани е капарен во ПСЖ,му предвидуваат голема кариера,на само 21 година дечкото растура,192 см,страшен преглед на игра,страшно изграден шут,бие од сите позиции,не се плаши да шутира,опасен играч еден на еден,ако не се поставуваат добро нашите централни халфови ќе имаме доста мака со него,не само при неговите шутеви,досега беше НАЈЕКСПОНИРАН ПУЦАЧ ВО ТИМОТ,ВИСТИНСКИ ЕГЗЕКУТОР,иако нема процент на реализација за пофалба,само 53%,но мора да се земе во предвид дека тој се мачи за секој гол,за секој шут,со оглед дека целото внимание на противничката одбрана е насочено кон него без него цела бековска линија се распаѓа,тој ги разигрува бековите,ако има простор за некој од другите бекови дава брза топка со навлекување на играч кон него и се прави позиција за влез или на Тонесен или на Ли Хансен,повеќе на Тонесен,но и на вториот десен бек Танген,ако нема простор за левораките пуцачи тогаш се бара десното крило Бјорнсен.
Најчесто напаѓаат по десна страна,таа им е главната ударна напаѓачка тактика,нормално да не се заборави и играта со пикер,конекцијата на бековите со Бјарте Мирхол е страшна,една од најопасните позиции во тимот им е позицијата пивот,страшен играч е Бјарте,неверојатни движења,чувство за блок,за позиционирање,еден од најдобрите пикери во последните 15 години е Бјарте,овај ќе им даде голема мака на нашите мажишта во одбраната,тука ротира и резервниот линиски играч Хикерут,кој по својата игра и физикус наликува на Растко Стојковиќ,и овај е доста корисен играч,пред се во одбрана,доста го користат,и Бјарте ровари во два правци но во одреден период од мечот одмара.
Тоа е таа долга клупа која ја имаат Викинзите,доста добро ги користи Берге сите потенцијали.
Но ова важи само за бековите,пикерите и тие одбрандбени играчи кои се менуваат,ЗА КРИЛАТА ОВА ПРАВИЛО Е НЕВАЖЕЧКО:pos:
Овие ЛЕГЕНДИ играат 60 минути без замени,какви лудаци.:cool:(освен со Јапонија кога влегол и Линдбое,го знаат луѓето од мечевите на Елверум со Металург),
Страшно спремни на кондиција,и двете крила,и не само крилата,туку и цела репка,како да не се од оваа планета,да се вратам на крилните позиции.
Лево крило е Магнус Јондал,исклучително корисен ракометар,доста смирен,доста стабилен,има опасна реализација од 80%,од играчите кои ги одиграа најголемиот број на текми има најголем процент на успешност од дури 80%,а нешутираше пенали,после него е Мирхол со страшни 79%,23/29,импозантни бројки за пивот.
Но Јондал не доаѓа толку до израз затоа што од Ли Хансен,левиот бек не добиваш топка па макар и брат да ти е:pos:,најслаба карика во ростерот,ќе се навратам на него на крај,а Сагосен е доста отсечен од Јондал и затоа нема конекција со него,кога ќе игра Сагосен на лев тогаш и Јондал е доста поупотреблив.
Десно крило е Кристиан Бјорнсен,по Сагосен втората виолина во тимот,втора звезда,како сакате,едноставно за дечкото нема замена,страшен играч,лесен на чекор,добар зглоб,репертоар на удари,многу брз во контра,стабилен играч,не е некој да му се тресат рацете ако промаши неколку топки во серија,оди упорно на шут,нормално ако добива топки,а добива доста,прв пеналџија во ростер,едноставно незаменлив.
Пред да завршам со голманите,само да се доискажам за Ли Хансен.
Дечкото според мене е убедливо најслаба карика во цел тој синџир,едноставно суров пуцач,кој ако има ден и отвори добро ќе пука,но ако ги промаши првите неколку шута не го барај до крај,досега само со Полска имаше свој ден,даде 6 комада,едноставно ги носеше до крај,потоа го снема,и Берге не го ни играше многу,му ја лимитира минутажата,доста е силен,јак во дуел,но не е толку скочен како Сагосен,потеѓок е и му треба време да се залета да пуца,а тоа го прави речиси секогаш,не се замара многу,шутира од кај стигни,е сега друга работа која може да ни донесе поени е склоноста кон технички грешки,многу е трапав,нема некоја техника,често прави пробивања,не знае да игра со пикер толку,едноставно е сурова сила и моќ,оди кон зона и носи се пред себе,ако има широк простор можеби ќе сврти накај крило или пикер,но пред се гледа да шутира,тука имаме шанса да изнудиме нешто повеќе,да ги натераме на технички грешки како што беше случајот со Исланд.
Кога сме кај бековите уште да напоменам дека на ова СП Берге не го користи Кристиан О Саливен,еден опасен играч која на минатото ЕП напрај партали,повеќе игра во одбрана,во напад засега е резервиран,само 8 обиди за гол и 6 гола,но можеби Берге го чуваше токму за нокаут фазата,доколку не оди со Хансен тогаш Сагосен ќе оди на лев а Осаливен на плеј,заедно со Тонесен и Танген,таа е таа ударна моќ од бековските позиции.
ОДБРАНА
Како што кажав,знаат да се адаптираат,знаат да играат секаков тип на ракомет,И КОПАЧКИ И ТРЧАЈ ШУТИРАЈ СТИЛ,се зависи ние како ќе се поставиме така и тие ќе се прилагодуваат на ситуација.
Не се нималку нежни,маваат корнат.:sakasuste:
Честа да ја има титулата Најголем КАСАП оди кај Осаливен,досеа сркнал 5 исклучувања,втор џелат во ростер е Горан Јоханесен,и овај е тешко копачиште,мава корни,ќе имаат мака пикерите.
Таа централна одбрана ја сочинуваат во зависност од тоа кој игра во напад Мирхол,Хикерут,Ли Хансен,заедно со еден од десните бекови,плус секако незаменливите крила.
Доста се брзи,знаат да играат агресивно,лесно се спојуваат во зона и имаат густина во линијата,ако не се движат нашите брзо,со брз проток на топка,без многу МАЧКАЊЕ И ШМИНКАЊЕ ќе имаме проблеми,и тоа големи,посебно ако не игра Жути под полна пареа..
ГОЛМАНИ
Овие покрај Сагосен се еден од најважните фактори од кои зависи исходот на мечот.
Во прв план е новото чудо од голман,младиот Торбјорн Бергерут,има само 22 години другарчето,партали прај,33 % успешност,не е лошо за голман,доста висок голман,распон на раце,нозе,лесен е ,не му е проблем рефлексот,лесно се поставува и реагира според ситуацијата,ако го разбраниме ќе имаме голем проблем,како шо беше "ПРЕДМЕТОТ" МАТЕВЖ СКОК:facepalm:
Вториот голман Кристенсен има дури и подобра успешност на одбранети удари 43%,но со двојно помалку шутеви кон неговиот гол.
Сума сумарум опасни голмани,НЕ СМЕЕ ДА СЕ РАЗБРАНАТ,ако ги разбрнаиме и да имаат повеќе од 15 одбрани заедно WE ARE FUCKED.
Посебно кога ќе се споредат со нашите голмански проценти,Колев засега е на 30% кои најмногу се должат на партијата со Исланд,овде ќе мора да имаме некој баланс,ако има ден некој од голманите ќе има надеж.
Тоа е тоа.
ПРЕДИКШН:kafence:
Ако не се влезе во БРКОТНИЦА И ПАЃАЊЕ НА ТОПКИ ОД РАЦЕ MODE ИМАМЕ ШАНСИ,ако ги користиме нашите предности(инаетот пред се,борбеноста,КИРО ФАКТОР,и секако успешноста на тактиката 7на6)треба да е интересен меч.
Но да сме реални и да не летаме премногу во облаци,сепак сме аутсајдери,и тоа големи.
Норвешка е во зенитот на својата слава,селекција која по секоја логика треба да е во ТОП8 во наредните неколку години минимум,и да се загуби од ваква селекција не е никаква срамота,сепак ќе знаеме дека сме изгубиле од една поквалитетна репка,а не од некоиси Бразил,Тунис итн,
Шанси постојат,иако се мали,но постојат,но ќе мора многу работи да се поклопат за да изгледа добро сето тоа на терен,сепак и Норвежаните се БОГОВИ,кога можевме со една Шпанија да напрајме 3 ЦЕПЕЛИНИ ЗА УЧЕБНИЦИТЕ ИМА НАДЕЖ.
Најмногу како што кажавме треба да стравуваме од НАШИОТ ПРИСТАП И ВЛЕЗ ВО МЕЧОТ,доколку влеземе со стил како со Тунис и Исланд речиси е неверојатно дека ќе е од 2у1 прелаз.
САМО ХРАБРО,МАШКИ,БЕЗ ПАРДОН!:oeoeoe:
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.921
Поени од реакции
1.775
Мислам дека шансите се 50/50 и ако имаме добар почеток ке славиме,треба да стигниме до бројката 28 .Сите скандинавски играчи ако ги промашат првите два шута се ко зајачиња и немаат храброст да продолжат ко Кире ,јас сум оптимист дека одиме понатаму.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.058
Поени од реакции
17.755
Имав некаква надеж за мечов, ама откако ја прочитав анализата на Томасино за Норвешка ми се пресекоа крилјата :pos:

Ама ајде се е можно, претходните два дена беше празник, да се надеваме дека магијата ќе се префрли и денеска :icon_lol:
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.218
Поени од реакции
4.965
Во името на Киро
Светиот дух на Столе
И контрите на Гоце на квадрат (Ојлески и Георгиевски)
АМИН !

Само ХРАБРО !
Или тие ќе не отворат како црква во недела, или ние ќе ги отвориме како конзерва.
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
mislam deka celiot natprevar ke bide zakacena borba, a na krajot poslednite minuti ke ne poparat norvezanite
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Уплаќајте колку гола ќе примиме на празен гол. 7+ зицер дана :kafence:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
@Tomasino - Рајнкинд од РНЛ зошто го нема во составот на Норвешка? Повреда, или тренерски хирови се во прашање??
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.079
Поени од реакции
3.236
Мислам дека шансите се 50/50 и ако имаме добар почеток ке славиме,треба да стигниме до бројката 28 .Сите скандинавски играчи ако ги промашат првите два шута се ко зајачиња и немаат храброст да продолжат ко Кире ,јас сум оптимист дека одиме понатаму.
:lolzz::lolzz::lolzz::lolzz:
Озбилно, за плачење е!


Моја прогноза, ќе ни дадат 10-тина гола на празен гол, нашите дрва голмани ќе одбранат нешто само ако ги удре топката, одбраната ќе ни биде како швицарско сирење, а за нападот што знам зависи дали ќе и се погоди денот.

Се на се ќе бидам задоволен ако не изгубиме над 10 гола(y)
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Пред првенството бев оптимист дека можеме со Норвешка иако тие ќе бидат фаворити.

Но помеѓу физичката и ментална исцрпеност, повредите на Манасков и Миркуловски (по се изгледа и тој нема да може да настапи) и објективно послабите голмани, ми се чини дека се освен катастрофа ќе бие успех...

Се надевам ќе ме демантираат.

:oeoeoe:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
P

PewDiePie

Гостин
Повредите ги утепаа,од Кузмановски па навака ваков пех сме немале,а играме едно од подобрите првенства после србија...........

Нема откажување,нека играат машки па што биде нека биде.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.141
Поени од реакции
5.264
Викинзиве пукаат 31 гол по утакмица у просек. Ако ги задржиме со поспора игра имаме шанси

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.192
Поени од реакции
3.172
Бар малку бидете позитивни пичка му матер..
Лани во Полска реми изигравме а ги водевме во финишот со 4-5 разлика ако добро памтам..незнам што сте толку негативни??
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom