P
PewDiePie
Гостин
Абе убаво е тоа,ама јас не можам веќе поддршка да им давам,не дека не сакам,не можам.Штом тебе/нам ни е толку тешко, замисли како им е на нив... колку се они психички у „down“.
Затоа треба максимална поддршка, каква што имаше до сега и на наредниве два натпревари. Се плашам дека помалку фанови ќе има за другиве утакмици, а тоа играчите не го заслужија.
Психички не можам уште едно оВакво нервирање да истрпам,во шок сум,кога ќе ми текне на тоа одма срцево ми се собира како сунгер,јас што во живот не се потам и кога играме баскет по 3 саати во лето прееска се запотив ко стока,на психичка база.
Играчите сигурно се уште повеќе паднати,нив ни поп не ги крева сега,верувајте. Толку беше од европското во срвија,добри беа,дури и многу добри може да се каже,ама нашата песна заврши. И кога ќе погледнеш и игра и емоции и се,колку не фер изгледа,не друго едноставно не фер. Нема,виша сила не сака да мрднеме,да се израдуваме еднаш на злато сребро,брозна....не сака господ,не не сака.
Многу сум разочаран,многу. Си викаш ќе се исправи некогаш,на некој начин неправдата што со години сме ја трпеле,и ја трпиме,ама не. Не се исправува и нема да се исправи,нас ни е пишано да живееме во состојба на пропаѓање,не на пропаст затоа што пропаст е дефинирана состојба,туку на пропаѓање,повторно и повторно,се потажно и поболно.