Значи, европско е нема слаба репрезентација. Ниту една утакмица до сеа не беше лесна, нема да бидат ни понатаму, како за нас така и за тие шо играат против нас. Конечно, машинеријата наречена Македонија проработи. Второто полувреме ми се чини беше идеално. Игравме како во транс. Тоа е она шо сите ние знаеме дека го имаме, а преостанува (ше) Европа да го види дека го можеме. И кој е сега аутсајдер а Липтак, а? In your face bitchhhh!!!!
Цврста гранитна одбрана, смирено у напад ,огромен притисок од трибините и мислам никој не спомена до сеа али имавме и фер коректно судење. Имав впечаток дека Чесите не знаеја од која страна да се бранат попрво. Истото го очекувам и со Данците.Миркуловски ги сјеба квалитетно. Шо да се каже за Мирикл освен дека Балич е како него, а не обратно. Многу, многу ќе ни треба неговиот “ ми ја скрши кичмата” влез на 6-те, со горилата од Данска ( со шо ги ранат бе овие Скандинавциве по дома). А не е лошо да проба пак да се распуца и со нив. Уствари грев е да не проба после ваков процент и неверојатна игра.
Темелков, така бе мен ти знаеш и можеш ( не само у одбрана). Убаво ги зезнавме Чесите со неговиот (па би рекол) до тогашен скор нула од таа позиција ( на минатите натпревари). Али и претходно споменав ќе речам пак треба повише да се проигрува и секако да не се плаши да влезе. Велат секогаш кога се игра со Скандинавците треба да се смири играта. Се сложувам, нам ( поима немам зашто) не ни одговара некако тој експлозивен брз ракомет. Постои нешто на шо секогаш им се восхитувам на Скандинавците а знам дека можеме да го прифатиме, тоа е нивната маестрална игра на крило. Имаме, шо би се рекло и ние лавови за борба ( се мисли на коњи за трка
).Покрај Темелков тука е и младичот Алушевски. Вчера прв у контра и тоа не еднаш, милион пати. Дали бе Стефче ти си нормален? На 39 години, Секоја Чест
!!! Грев ме фати за него кога го гледав како дава изјава и имаше некаква потреба да се правда за зицерите. Немој, Алуш никој не ни помисли да ти замери. Немој, само биди ти тој Алушот (шо сите го знаеме) и утре. Против една ваква Данска ( ослабена и концентрирана на нашиве бекови) можеш потполно да дојдеш до израз. Само да ти тргне, уствари знам дека ќе ти тргне, оти Алуш два пати не греши.
Го видовте ли вчера мојот аватар а? Го видовте ли Манасков? Така момче, само дрско и храбро. Дали не ви станува миленик детево? Мислам некако ме восхитува шо има вакво деби. Јунак ќе биде, јунак. Покажа дека знае да игра и одбрана. Очекувам, Шундо да не го заборави и утре. Знаеме дека Данска игра како во екстаза. Ако еднаш им тргне тешко да ја сопреш таа машинерија. Али со чести ( ситни) прекини и “ случајни ” фаули можеме да ги умртвиме и да ги натераме да ја играат нашата игра. Шведска ги покажа нашите мани, Данска ќе се обиде да ги искористи. Нема време за прослава на гол ама баш никаква. Мора да се влезе со ладни глави и да ја сопреме таа нивна убиствена контра и тој нивни проклет брз центар.
Голманите, реков секогаш ни се на ниво. И утре ќе бидат, знам.Само шо нивните одбрани у најголема рака зависат од изнудените шутови. Јоновски, Марковски, Ангеловски (последниов се повеќе пријатно ме изненадува иако знам дека го бива мислам конечно си го најде местото у репрезентација) мораат цврсто и машки, како и до сега. Си мислам дали можеме да играме 5-1 одбрана, али вреди да се проба (упали со Чешка зашто не и со нив). Нашите бекови Мојсо и Кире еднаш мора да им тргне. Македонија обично има проблем со аклиматизацијата од една сала у друга и од тоа се плашам од утрешниот натпревар. Уморени од пат, претепани на терен али верувам, можат. Мојсо , треба секогаш да го користи празниот простор кој му се остава па дури знам дека и самиот може да се избори за тоа. Се сложувам со критиките на таквите како Вори кон нашиот капитен. Конструктивна критика е тоа, тоа не значи дека не го сакаме туку напротив. Големите спортисти како Кире ја покажуваат својата големина бидејќи знаат да се вратат кога најмногу треба уште поголеми и уште посилни. Стварно, најискрено од срце посакувам да видам една негова канонада на данскиот гол, со еве да речеме 12 гола (ќе бидам задоволен). Македонија ја знаат како земјата на Кире. Кире е нашата фасада, Кире е моторот, Кире е мозокот, Кире ја презема иницијативата, Кире ги проигрува нашите пикери ( да ми кажуваше некој дека Македонија ќе биде непогрешлива на таа позиција немаше да му верувам, Стоилов и Димовски
) , Кире прави слободен простор со навлекувањето на него, Кире ни носи респект, Кире ќе ја однесе Македонија у полуфинале.
На крај само
ПОБЕДАААААААААААААААААААААААААААААААААААААААА, а што друго!!!?