Секако очекувам победа на еден од нашите најголеми државни празници и со тоа пласман во 1/4 финале. Едноставно не смее да се пропушти ваква историска шанса која може да не се повтори, многу коцки се поклопија на ова првенство, секако покрај нашата одлична игра.
Сигурен сум дека нема да ја потцениме Грузија, и покрај победите во првата рунда веројатно Грузија има сличен квалитет со нас и ќе мора повторно да дадеме максимум. Обично би ме исплашип психичкиот товар врз играчите, но на ова првенство засега се покажаа одлични и во тој аспект и затоа очекувам и на овој дуел да имаме максимална концентрираност и посветеност.
Пашулиа е единствен играч што го знам и неговото отсуство многу ќе значи. Мора да се искористи тоа во скок играта и во рекетот и секако Бо да продолжи со своите фантастични настапи, како и одбраната да продолжи со цврстината и верувам во победа.