... од луѓето. Генерално. Навистина, жими се - се трудам да ги разберам, толерирам, да преќутам за да не се навредат, да направам да им е добро, да ги сослушам кога треба иако не се согласувам со нив... И жими се во суштина сум филантроп. Ама не можам, понекогаш стварно ми се преку глава. Ама тотално преку глава. И тоа во себе го чувам, затоа што ете, луѓе се, нормално е да те извадат од такт. Си велам прифати ги дека се такви, дека не мислат понекогаш, дека нивната тотална ароганција е само несигурност, дека нивните постапки се само затоа што гледаат за себе, дека тоа што мислат дека се хаце и најпаметни е едноставно нивен израз за индивидуалноста... и потоа продужувам понатаму, бидејќи тоа се луѓе, и нормално е да се такви, да се полни некогаш со негативна енергија, да мрчат за се и сешто да се жалат. Нормално е. И повторно ги разбирам и гледам да сум разбрана и полна со позитивна енергија, затоа што тоа е она што можам да му го понудам на светот. Ама не, мора да се луѓето полни со ароганција и снобизам, комплекс дека се најпаметни и можат да ги вреѓаат другите пошто они се над сите и притоа што и да прават да сејат само и само негативна енергија, затоа што тоа е сега ИН. Што е иронично бидејќи истите тие мразат се што е ИН.
И жими се сум филантроп, пак ќе кажам... ама некогаш, луѓето се неподносливи. Јас пак ќе ги сакам и разбирам и толерирам, ама јебига некогаш мора и мене нешто да ми дојде преку глава.