Мака ми е!

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Ах,еве сум пак јас тука.
Мака ми е што еден погрешен чекор на одредени личности може да ми го сруши цел свет во моментов,доволна е само една капка за да ми се прелее чашата.
Мака ми е и што ми се плаче ужасно во моментов,а не можам да се исплачам.
Мака ми е и што сум многу слаба у последно време,што ми се менува расположението на секои две минути и што не можам да се пронајдам у ништо што правам во последно време,еднаш ми се допаѓа тоа што правам,а веќе следниот момент чувствувам дека ужасно грешам.
Мака ми е што не се чувствувам удобно во сопствената кожа.
А најмногу од се мака ми е што уопште мора да ми биде мака,што баш мене ми е мака а не на некој друг.Е да бе,сакам на некој друг да му биде лошо,нејќам мене,сакам да поживеам и јас повеќе од 10 дена.
И мака ми е што ниеден обид за подобрување не ми помогна и не ми успеа.
 

shadows & smile

just a lost boy
Член од
10 февруари 2008
Мислења
291
Поени од реакции
7
Мака ми е за се што не би требало да ми биде...
Мака ми е што сум без цигари
мака ми е што немам пари за да си купам кола
мака ми е што утре треба да полагам англиски
мака ми е што те нема повеќе
мака ми е што не се чувствувам убаво
мака ми е што дома не живеам во слога и љубов
мака ми е што сум премногу осамен и тажен
мака ми е што ја нема веќе таа насмевка на лицето како што ја имаше
мака ми е што кредитот од мобилниот телефон ми истекува за неколку дена(нема пари како и по нормала да се дополни)
ах...мака ми е што нема прави другари како порано
мака ми е што е ладно и навистина многу тешко
мака ми е што ми недостасуваат убави зборови и некој да ме подржува и да ме прегрнува
мака ми е што премногу работи...
се е мака... како што реков,мака ми е за се што требало да не ми биде :(
 
С

Сатори

Гостин
Мака ми е што доживувам ментални падови, што кога ги имам, дополнително сум емпат кон се што се движи и да ... што не можам да си го извадам срцето и да го пукам за да престане да функционира.
Ете, за тоа ми е мака!
 

kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
мака ми е шо 4 год сум правел да постигнам нешто и то се изгуби во 1 ден...замислете...еден ден......
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Мака ми е што не ја прашав ништо... Незнам како можев....
Мака ми е што и покрај толку слободно време јас пак ништо не правам и само мислам на ствари што не треба!
Мака ми е што почнувам да се разболувам!
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Мака ми е од караниците..
Мака ми е од себичноста..
Мака ми е од инатот и гордоста..
Мака ми е што се трудев за ништо..
Мака ми е што ме повредуваат а не го заслужувам тоа..
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Мака ми е што дозволив да ме обесхрабрат и да се откажам од нешто што ми беше толку важно. Мака ми е што не сум доволно амбициозна и што моите планови за мојот живот често се косат со плановите што некои други луѓе ги имаат за мене.
Мислам имав право да одлучувам за себе едно време, м?
 
Член од
19 април 2007
Мислења
629
Поени од реакции
37
мака ми е да бидам тоа што сум...
мака ми е што сум ваков, а не поинаков...
мака ми е што неможам да го вратам времето да исправам многу работи..
 

bezobrazna

...Paste
Член од
7 август 2008
Мислења
440
Поени од реакции
27
Мака ми е што сите мислат дека ако нив нешто им одговара им одговара на сите. Мака ми е што неможам(или несакам) да превземам нешто во врска со тоа. Мака ми тоа што некои луге немаат сопствен живот,па мора да се мешаат и да го пореметат и на другите......:nenene::nenene::nenene::nenene::nenene:
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Од една. Што упорно пробува да ми е пријател, а не можам на тој начин да ја гледам, не за друго, туку затоа што самата се поставила така. Зашто и кога имавме таков однос, мерачки се разработи на случајот да го уништи, и и` успеа. Го изгази, она... Со кеиф. Као што ние би газеле едно комшиско знаме*.

Од некои што не се тоа што сум ги мислела. Да речеме, и покрај убавиот и солиден коефициент на интелигенција, се понашаат како на тоа поле да застанале во развојот, некаде стадиум на ембрион веројатно. Почетен. Од личности за кои сум негувала почит и крајно високо мислење, а покажале дека не заслужуваат да носат никаков друг епитет, освен само уште едно обично мУшко, во сета своја обичност и просечност. :back:

Од совети. Ла, ла, ла... Фала, прво вам, после мене, што не ве послушав. Оти ќе згрешев, дебело. Коркачи они. :back:
 

*OSS*

Commentless.
Член од
13 мај 2007
Мислења
818
Поени од реакции
43
Мака ми е од „мажишта“ кои живеат на туѓ рецепт. :nesvest:
Мака ми е од главоболкава.
Мака ми е од мсн фрикот што ме замара во моментов со апстинирање од секс.
Мака ми е од темниве улици, порано не биле толку темни, е ете ви го вашиот Баци!!
Е мака ми е од антивирусни програми највише!!! :angry2:
Е сега ми е мака за едно врапче што сабајлево ми тропкаше на прозор, а избега кога тргнав да му ставам трошки... Пу бе, врати се!! :pipi:
Маки... :)
 

Црвено

Am I pissin' u off-fa-fa?
Член од
12 септември 2007
Мислења
1.227
Поени од реакции
81
...од училиштево.
ништо друго во моментов не ме мачи толку :toe:
 
Член од
26 јули 2008
Мислења
214
Поени од реакции
19
Мака ми е што те нема,што нема да те видам веќе никогаш...најмногу ми е мака за тоа!!!
Мака ми е ... што го обожавам, а тој толку далечен.
Мака ми е ... што ме замени со неа.
Мака ми е ... што ја губам и последната капка надеж за тебе.
Мака ми е ... што никако не успевам да ја прифатам суровата реалност.
 

Dark Angel Nora

Angel In Disguised
Член од
30 септември 2008
Мислења
223
Поени од реакции
10
Мака ми е од овој скапан, кучешки живот. У животот не сум се чувствувала толку мизерно колку сега. Како да имам некоја црна дупка во мене, која ме јаде. Полека и сигурно, за на крај ништо да не остане. Кога би можела да се вратам назад во времето, со задоволство би направила нешто за да не се родам.
 

Џ.

Ќутам на различни теми!
Член од
14 јули 2007
Мислења
868
Поени од реакции
183
Мака ми е што не ми работи двд ромот
мака ми е што немам поќе цигари а ме мрзи да си купам
мака ми е што не сум идиотка за да им вратам на сите што ми згрешиле со иста мера
мака ми е што денес дозволив кретн да ми го заеби денот, мака ми е што не му плукнав во лице и најмногу ми е мака што дозволив тоа да го забележи

тхе енд :nerv: :cry:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom