во мој случај немам сјебано ништо .. туку премногу сум им допуштила на луѓето околу мене да ми кажуваат што чини а што не.. и они да одлучуваат место мене.. подобро да е моја грешка ако заебам нешто него ли туѓа...
а луѓето си зимаат за право само затоа што секој различно гледа на работите.. но ретко кој го почитува туѓото мислење
Разврзавме муабет на погрешно место, ама од мака е муабетот... па ќе ни простат.
Ако веќе збориме за што е подобро, најдобро е да не заебеш ништо.
Не знам кај тебе како е, ама кај мене е исто дали јас сум заебал или ме заебале мене, болката е еднаква. Маката е еднаква, мака ми е подеднакво после тоа.
Кога се работи за тоа дали некој околу тебе ти кажува што чини а што не... жал ми е што ќе те информирам, ама сите ние сме подложени на една мега тортура од тој аспект, бидејќи никогаш сами не одлучуваме за ништо дали чини или не. Илузија е тоа што мислиш дали нешто чини или не.
Еве таман
он топик, мене ми е мака, што никако во животот не успевам да се држам до идеите коишто сам ги смислувам, ниту до принципите што сам си ги поставувам, а најмногу ми е мака што не успевам да се држам до луѓето коишто сам одбирам дека ги сакам и ми се драги. Бидејќи ниту идеите, ниту принципите ниту љубовта не зависат исклучиво од мене, на нив влијае цел еден комплексен универзум на нешта, фузирани еден во друг и ниту едно од тие поклопувања не се задржува на едно место подолго од 3 секунди. Други луѓе, други проблеми, мои проблеми, сешто влијае...
Единствената важна работа, ако ме прашаш мене (фала богу не ме прашуваш, ама ја пак зборам) на темава е да бидеш сигурна во тоа што чини а што не за тебе. Оние што пробуваат да ти кажуваат како е подобро за тебе, се идиоти, пошто само ти знаеш најдобро за тебе. Ама откако еднаш ќе го отфрлиш нивното, нема после чекај се предомислив. Ако имаш муда да кажеш „можам јас сама“ нема после пружање рака и викање помош.
И уште еднаш извини шо те загњавив.