Мака ми е!

B

Black Guard

Гостин
ЛЕЛЕЕЕЕ Да не ти се верувааааа.

Овие младиве регрутчиња за платена војска не знаат главен град на Тирана,не знаат таблица множење а некои и тресат нозе пред психологот па на крајот да ги пуштат....ееееее со 4-тто поминаа да не бранат тоа ти е ретардирана работа а јас инсомниа имам и не може да служам матер да им ебам!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Во моментов ми е мака за неколку работи и сето ова многу ме растажува...Како прво огромна иронија е тоа што моето најсакано друштво ми е во Србија...Мојата најдобра другарка ми е во Београд, а машкото друштво во Нови Сад...Си замислувам како сме сите заедно и се дружиме, излегуваме, се зезаме итн...
Не постојат такви ликови во градов што можат да ми ги заменат нив...Најискрено кога сум со нив заборавам на све ружно и си поминувам најубаво на свет...Ако сум во Београд кај другарка ми, по цел ден се шетаме, одиме на сладолед, готвиме заедно, се шминкаме, дотеруваме, излегуваме по клубови, спиеме до касно, се зезаме или пак со саати си збориме за све што ни се случувало...
Другарите од Нови Сад ми се посебна приказна (петорица се, а тројца од нив се помали од мене)...Во животов не сум видела пооткачени ликови (во позитивна смисла се разбира)...Ги сакам многу и ми фалат сите. Ми фали нивниот хумор, кој честопати ги поминува сите граници, нивните вицови, заедничките излегувања навечер и ми фали чувството кога седам со нив и се зезаме и јадеме заедно...Не знам зашто ама во животов најдобро ми иде кога се дружам со ликови од спротивен пол (никогаш не се љубоморни и зајадливи и прават да се осеќам посебно во нивно друштво...)
Од друга страна генерално ми смета што за многу машки кога ќе помислам дека ми се добри другари, покасно ќе установам дека ме гледаат како повеќе од другарка...Од другарите во Н. Сад можам со сигурност да кажам дека 4 од нив петтина не ме погледнале со други очи, а тој петтиот е исклучок и затоа го зезаат многу ради тоа... :D
Исто ми е по малку мака што луѓето со кои бев многу блиска тука во градов ги исфрлив од животов без некоја посебна причина (ме потсеќаа на моменто од мојот живот што ми се непријатни и болни)...Не е фер знам, али најдобро така...
И за крај мака ми е што понекагаш се осеќам осамена заради горенаведените работи :unsure: али јас сакам така и честопати сум си доволна самата на себе(кога ќе ми текне дека друштвото ми е во друга држава)...
 
Член од
4 октомври 2011
Мислења
14
Поени од реакции
5
Мака ми е од моите дома.Според нив треба да бидам она што тие сакаат и мислат дека треба а не јас.
Прави она, прави ова, земи учи, ќе бидеш уличарка,ќе бидеш она ќе бидеш ова, ќе завршиш како чистачка/келнерка и бла бла бла.
Преку глава ми е од нив и нивните глупави совети.Живеат во времето на дедо Адам. -.- Излегувања, журки, дружења за нив се нешто како ДРСКОСТ.ХА
Најтрашното е што и да земам да се расправам се предавам потоа бидејќи со прости луѓе не се излегува на крај.
Незнам како да ги натерам да ми дозволат да се прееселам кај баба ми и дедо ми и да почнам да живеам како сите мои врсници.
Крајно време е ....
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Мака ми е од моите дома.Според нив треба да бидам она што тие сакаат и мислат дека треба а не јас.
Прави она, прави ова, земи учи, ќе бидеш уличарка,ќе бидеш она ќе бидеш ова, ќе завршиш како чистачка/келнерка и бла бла бла.
Преку глава ми е од нив и нивните глупави совети.Живеат во времето на дедо Адам. -.- Излегувања, журки, дружења за нив се нешто како ДРСКОСТ.ХА
Најтрашното е што и да земам да се расправам се предавам потоа бидејќи со прости луѓе не се излегува на крај.
Незнам како да ги натерам да ми дозволат да се прееселам кај баба ми и дедо ми и да почнам да живеам како сите мои врсници.
Крајно време е ....
Девојко млада твоите не ти мислат ништо лошо, тоа се луѓе кои те сакаат најмногу и ти мислат најдобро. Нема ништо лошо во излегувањето и журкањето но мора и да учиш, еден ден ќе треба да заработуваш пари мора од нешто да живееш. А башка си во пубертет, возраст во која сме постојано иритирани и нервозни и со променливо расположение и кога родителите постојано ни одат на нерви, но верувај ќе се промениш за неколку години
 

Belle

A Jedi
Член од
12 април 2009
Мислења
1.006
Поени од реакции
552
Мака ми е од школото и тестовите што ќе ги правам секој ден следната недела :S
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Некои луѓе треба да учат од хипстерите. Ќе се осудам да генерализирам (од искуство) дека во одреден период во животот на еден хипстер-субјект, тој субјект бил emo. Онака, хардкор. Слушал Bullet for my Valentine, The Get Up Kids или I hate Myself, седел по подруми со другарчињата, каде по шеесседми пат си ја прераскажувале Interview with a vampire и колективно сонувале жилети.
Еден ден (или, for the sake of relevance, една полноќ), тој емо-субјект сфатил дека интровертниот пристап кон хејтањето на се' не му оди во прилог. Знаејќи колку е фејк и колку всушност сака да биде сакан, одлучил да излезе од кожурецот, да смени стил на облекување, да слуша само ултра-алтернативни бендови и на сите во лице да им кажува дека се непросветлени, имбецилни, инфантилни красти исплукани од најсмрдливите амбиси на адот.
Таа трансфузија на "cool" кај емовците ескалираше до тој степен што денес ги има насекаде, во сите сфери на општеството, секогаш со вперен прст кон нашиот погрешен начин на живот, погрешен стил на облекување, погрешно размислување, погрешно напишан пост, глупав јузернејм, пост на латиница, испуштена запирка, мисспелуван збор...
Ahem.
Поентата на "некои луѓе треба да учат од хипстерите" е во тоа што тие, така шупливи и ништожни, ја свртија фрустрацијата кон нас, за ние да бидеме тие во дефанзива и да се браниме од тој квази интелектуален монсун од критики. Поентата е во тоа дека се изнагледав IRL патетики и се изначитав форумски патетики последниве недела-две. Изгледа мора да се пополни местото на де-факто емовци. И тоа со здрави, нормални и образовани луѓе.

Па добро бе...
Ти раскинала женската? - Истуширај се, издувај еден цигар, макар бил и непушач и сошиј си ги јајцата! Ако мораш, дај си заклучок дека е курва и мрш надвор од кожурецот. И на најдобар пријател ќе му скурчи да ти ги собира лигите.
Мислиш дека нема да си го исполниш потенцијалот? - Можеби никогаш и си го немал/а. Можеби тие, предетерминирани високи дострели се комплекс или импринтирана догма од родителите. Затоа, less words-more deeds.
Се плашиш дека никогаш нема да бидеш среќен/среќна? - Oди на JewTube, напиши ethiopian famine и ти гарантирам дека барем оној несвесниот дел на твоето морлочко его ќе биде задоволен и можеби ќе се рефлектира и на твојата фактичка перцепција за тоа што е среќа, барем од базичен, извитоперен и хедонистички аспект.

Ме мрзи да редам дијагнози и да изигравам Dr. Phil(kenstein), ама сум шокиран од тоа какви луѓе станаа меланхолични "pick up my soul-it's hurting" идиоти. Од тоа дека незнам дали да ве жалам или да ви се смеам, постов плови некаде во форумската сива зона на "Уживам" и "Mака ми е", ама да не излезам и јас конте хипстерско, нека стои тука.
 
С

Сатори

Гостин
Не знам да детерминирам дали ми е мака или ми е жал, најверојатно е и двете ... ма не е битно, секако, единственото што е битно е како изгледам, не дали сум интелегентна, интересна, дали сум хемичар или правник, само тоа дека имам цицки, гз и плави очи. :mad:
Топ! Маживе ќе ме натераат да станам лезбејка, жими све! :notworthy:
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Мака ми е зашто повредив една личност и се надевам а и длабоко и посакувам најголема среќа во животот, мака ми е што постојат нечовечни луѓе насекаде околу нас и не повредуваат, и мака ми е што прескапо ја платив лекцијата "зрелост" а тоа значи да немаш доверба во никого, секој те гледа од корист, и секој си има свои психолошки девијации на личноста кои треба да бидат навреме утврдени пред да настрадаме од таквото однесување, мака ми е што дозволив мојата најблиска во животот женска личност да ме упропасти психички и мака ми е што последиците од тоа упропастување не можам да ги избришам никогаш.... научив да живеам со својата мака па дури мислам дека како минува времето ми се враќа мирот во себе пу пу да не се подречам, за тоа е заслужен мојот дечко кој ми пружа неизмерна љубов и разбирање, се надевам нема повторно да доживеам пад во животов, и се молам за тоа, а мака ќе ми биде ако се случи тоа ..најголема, највеќе се плашам од тоа... мака ми е што гледам насекаде бедни луѓе со испружена рака и седи коси насекаде по улица, мака ми е што не сум доволно способна и мрзлива сум па не можам да искочам од државава а си се тешам со помислата дека сите тонеме во иста кал па тоа некако ме зближува на некое потсвесно ниво со луѓето околу мене и ми помага во мојата мака...............................
 
Член од
13 јануари 2009
Мислења
1.311
Поени од реакции
749
Се мислам дали утре да идам на утакмица или да си гледам Јунајтед вс шити :X3:
 

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
738
Поени од реакции
660
Мака ми е од идиоти во сообраќај, кретени на шалтер, дебили во затемнети коли, дегени во костуми, морони на позиција, неадрталци на тв, дегенерици на функција, лицемери во парламент, изфрустрирани копуци, напувани сурати, лигави педерчиња, изпрдени женски, турски серии, турбо фолк, пинк телевизија, латас, бензинот што поскапи и што го утепаа Гадафи
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Незнам по кој пат се истурам на личност која ми е најважна во животот. Незнам колку пати во себе се прекорувам да не избувнувам, да не се „палам“ на еден збор, да внимавам. И сега неможам да ја погледнам во очи, а сакам да и се извинам. Имам грутка во грлото, секогаш го јаде без причина. По кој знае кој пат ми посака добра ноќ и си замина од соба, како да не е битно тоа што ќерка и хистериша кога ќе и се спојат жиците. Да ти го турам и во проблеми и во живот и во се. Какво ѓубре сум станата, ми нема рамен.
И до тебе извини незнам само како ме трпиш (иако ова не го читаш), после се што ти имам направено.
И до тебе...стварно незнам како ме поднесуваш.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Мака ми е што воздухов во Скопје толку загаден...За хипохондрик како мене, ова е смрт... :(
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Мака ми е од проклетово Меѓународно јавно прави и тие анализи на случаи кои веќе трети ден ме оставаат без сон и тој идиотски колоквиум во вторник.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom