Мака ми е!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Офтопик, ама прости Nymphadora што те земам на заб...

Секој пат кога некој ќе го напише ова, знај дека нешто сјебал од неспособност, немарност, неукост. Секогаш кога ќе посакаш и сам да го напишеш ова, знај дека си сјебал нешто од неспособност, немарност, неукост.
во мој случај немам сјебано ништо .. туку премногу сум им допуштила на луѓето околу мене да ми кажуваат што чини а што не.. и они да одлучуваат место мене.. подобро да е моја грешка ако заебам нешто него ли туѓа...
а луѓето си зимаат за право само затоа што секој различно гледа на работите.. но ретко кој го почитува туѓото мислење
 
во мој случај немам сјебано ништо .. туку премногу сум им допуштила на луѓето околу мене да ми кажуваат што чини а што не.. и они да одлучуваат место мене.. подобро да е моја грешка ако заебам нешто него ли туѓа...
а луѓето си зимаат за право само затоа што секој различно гледа на работите.. но ретко кој го почитува туѓото мислење
Разврзавме муабет на погрешно место, ама од мака е муабетот... па ќе ни простат. :)

Ако веќе збориме за што е подобро, најдобро е да не заебеш ништо. :) Не знам кај тебе како е, ама кај мене е исто дали јас сум заебал или ме заебале мене, болката е еднаква. Маката е еднаква, мака ми е подеднакво после тоа.

Кога се работи за тоа дали некој околу тебе ти кажува што чини а што не... жал ми е што ќе те информирам, ама сите ние сме подложени на една мега тортура од тој аспект, бидејќи никогаш сами не одлучуваме за ништо дали чини или не. Илузија е тоа што мислиш дали нешто чини или не.

Еве таман он топик, мене ми е мака, што никако во животот не успевам да се држам до идеите коишто сам ги смислувам, ниту до принципите што сам си ги поставувам, а најмногу ми е мака што не успевам да се држам до луѓето коишто сам одбирам дека ги сакам и ми се драги. Бидејќи ниту идеите, ниту принципите ниту љубовта не зависат исклучиво од мене, на нив влијае цел еден комплексен универзум на нешта, фузирани еден во друг и ниту едно од тие поклопувања не се задржува на едно место подолго од 3 секунди. Други луѓе, други проблеми, мои проблеми, сешто влијае...

Единствената важна работа, ако ме прашаш мене (фала богу не ме прашуваш, ама ја пак зборам) на темава е да бидеш сигурна во тоа што чини а што не за тебе. Оние што пробуваат да ти кажуваат како е подобро за тебе, се идиоти, пошто само ти знаеш најдобро за тебе. Ама откако еднаш ќе го отфрлиш нивното, нема после чекај се предомислив. Ако имаш муда да кажеш „можам јас сама“ нема после пружање рака и викање помош.

И уште еднаш извини шо те загњавив.
 
Мака ми е што оние двајцана андреј и панчо ќе имаат концерт, мука ми е што со реченицата дада мириса на чоколада го тераат кочо рацин да си пљука по своето дело зашо дечките денеска повеќе знаат кој се днк одколку бели мугри.
Ти јебем македонски аренби ретардирана маса шупаци глупи....
 
Денешните деца сигурно не ни чуле која е Ленка и шо праела и која и била целта и ти реков ми рече...... дада е битна.... дада меша на плоштад дада меша пред собрание дада меша у скут ма дада е права ствар :pos:
 
Во моментов ми е мака бидејќи дечкото кој ми се допаѓа и за кој што се би направила не го цени и не го разбира тоа...зошто постојат вакви луѓе не можам да го разберам тоа...
 
сите се педерииииии....мака ми е шо ги делат луѓето на грди и убави бе мака ми е веќе да слушам еј види колку е убава,види го овој ама е грд.
 
Мака ми е што не можам да го извадам од глава фактот дека нема да си тука недела дена..:unsure:
Мака ми е што некогаш не успевам да го исконтролирам понашањево ми идиотско.
Мака ми е што уште ми се нема остварено тоа што го чекав толку време а уште повеќе ми е мака што сум немоќна во тој поглед.
 
Мака ми е со каков народ сум опкружен.
Мака ми е што од мене се очекува повеќе отколку што можам да понудам.
Мака ми е што и јас барам повеќе одошто другите можат да дадат.
Мака ми е што сум свесен за ова ама не можам да променам многу за да се подобри ситуацијата.
 
Mака ми е што не сум се родил околу 1950-та па да можев да си уживам во најубавите времиња на музиката.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom