Макарска

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
има ли некој што бил оваа година во Макарска да каже цени ова она?
Јас се вратив вчера. Изгор скапи ти се овошјето на прво место, забегуваат со ценине, а на второ место се водата, лебот, па и јогуртот. Али другиве се прифатливи сепак, овошјето е лудило со цената. У ресторани цените се околу 20% поскапи отколку кај нас да речеме. Најпаметно е да се купува од маркети, таму пивото е поефтино и од кај нас. Ако те интересира конкретно за нешто, прашај :)
 
Член од
6 мај 2010
Мислења
226
Поени од реакции
85
Јас се вратив вчера. Изгор скапи ти се овошјето на прво место, забегуваат со ценине, а на второ место се водата, лебот, па и јогуртот. Али другиве се прифатливи сепак, овошјето е лудило со цената. У ресторани цените се околу 20% поскапи отколку кај нас да речеме. Најпаметно е да се купува од маркети, таму пивото е поефтино и од кај нас. Ако те интересира конкретно за нешто, прашај :)
Доволно е онака ме интересираше отприлика шо како и по ова што го кажа па и не изгледа баш страшно секако не сме по овошјето многу :) само уште ако може да кажеш какви се гужвите по пат околу макарска за до сплит таму ваму и ако знаеш цена за крстарење околу островите?

фала и поздрав
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Доволно е онака ме интересираше отприлика шо како и по ова што го кажа па и не изгледа баш страшно секако не сме по овошјето многу :) само уште ако може да кажеш какви се гужвите по пат околу макарска за до сплит таму ваму и ако знаеш цена за крстарење околу островите?

фала и поздрав
До Сплит или Дубровник не бевме, такада не можам да ти кажам тачно, али мислам до Дубровник беше малце поскапо од на крстарење. А бев на крстарење, на три брода прашавме, два беа 200 куни, еден беше 180. Повеќето нудат рута до Хвар и Брач па ние бевме на таа, али искрено поише се исплатеше да се иде само до Брач, пошто Хвар ти е мање-више ко Охрид, седиш само еден саат и си бегаш, а Брач е стварно редок доживљај и вреди повеќе време да поминеш таму.
 
Член од
26 јуни 2006
Мислења
288
Поени од реакции
24
RickyLFC9 ти се погоди ли времето во Макарска? Ладна е водата? Сонце, облаци ?
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
RickyLFC9 ти се погоди ли времето во Макарска? Ладна е водата? Сонце, облаци ?
Еден ден само врнеше и го испуштивме. Водата е поладна од Егејот, потопла од Охрид, таман би рекол. Знаеја да се спуштат облаци, али често се расчистуваше брзо, а некад и обратно.
 
Член од
26 јуни 2006
Мислења
288
Поени од реакции
24
Еден ден само врнеше и го испуштивме. Водата е поладна од Егејот, потопла од Охрид, таман би рекол. Знаеја да се спуштат облаци, али често се расчистуваше брзо, а некад и обратно.
Од твое искуство да препорачаш некое место за јадење, не многу скапо?
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Од твое искуство да препорачаш некое место за јадење, не многу скапо?
Што знам да ти кажам, претежно дома јадевме ние. Има фино ресторанче, Оз се вика. Сигурен сум дека има и други подобри, али ние само 2 пати јадевме у ресторан, првиот и последниот ден.
 
C

cige

Гостин
Што знам да ти кажам, претежно дома јадевме ние. Има фино ресторанче, Оз се вика. Сигурен сум дека има и други подобри, али ние само 2 пати јадевме у ресторан, првиот и последниот ден.
опиши го ноќниот живот
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
опиши го ноќниот живот
Подобар е од македонскиот од аспект на луѓето кои се таму, но сепак не е бог знае што.

Пред полноќ, како за загревање има еден кафич, да ме утепаш сега не ми текнува како се викаше. То ест има бајаги кафичи, али главно во овој се иде како за загревање. Лесно се препознава, блиску е до пристаништето и дискотеките, најисполнет е. Во надворешниот дел ечи странско, а во внатрешниот тешки шабанарии, значи за секој по нешто. Искрено вака да ти кажам, ја дури повеќе бев за во надворешниот. Пошто тоа внатре... имаше песни што ни јас не ги знаев, можеш да замислиш :D Па сега или таму или во соба ќе се загреваш со алкохол, како ти одговара, ние двете опции ги пробавме.

Инаку во главно имаш две дискотеки каде што се оди после полноќ. Првата се вика „Deep“, направена е како под пештера, бајаги уникатна би рекол. Помала е така, внатрешниот дел е под пештерата, а надворешниот излегува веднаш на брегот од морето. Во таа дискотека ми се чини дека има повеќе странска музика. Интересна е вака направена, али кога ќе идеш еднаш ќе сфатиш дека суштински не е којзнае колку поразлична од нашиве дискотеки.

Втората дискотека е „Петар Пан“, бајаги поголема и поширока, има и внатрешен и надворешен дел, а во надворешниот е и бината. За разлика од првата каде е направена повеќе за диџеи, вторава повеќе е за live настапи (би рекол почнува диџеј, па накај 2 продолжува некој во живо да пее). Минатото лето настапуваа Северина, Саша Матич, Сандра Африка, требаше и Лепа Брена да биде баш кога ние бевме али си ја скршила раката па не дојде и така. Се на се фино е, немаше луѓе што се курчат, има девојчиња, само не се ставај на тие што играат пошто се донесени само за тоа. Не се танчерки, облечени се најобично, ама таму се за атракција знаеш, за да подгреваат атмосфера, флерт и слично. Такада не ги гибај тие :D Да ме прашаш вака, јас дефинитивно би ти ја препорачал вторава дискотека, позабавна е, полабава, убаво е распоредена, имаш место и за седење, стоење, можеш да играш, има тивки места на страна ако сакаш да се опуштиш (if you know what I mean), све што би посакал :)

Цените се можеби нешто поскапи од нашиве дискотеки, но не многу, таман е како за на одмор. Журките траат до сабајле, т.е додека не се испразни, има музика за секој, ќе си го најдеш тоа по што си дошол. Сеа нема некои пена-парти, тешки трансови, стриптизети и слично, ама супер си е вака за млади :)
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.725
Поени од реакции
1.997
Ај ако знае нека ми пише дали се плаќа на плажите, влез, чадор нешто ?
Гледам понуди и би сакал да идам во Макарска, ама слабо информации имам за таму... Исто така ме интересира како е времето и водата дали е топла ?
 

Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
311
Поени од реакции
166
Ај ако знае нека ми пише дали се плаќа на плажите, влез, чадор нешто ?
Гледам понуди и би сакал да идам во Макарска, ама слабо информации имам за таму... Исто така ме интересира како е времето и водата дали е топла ?
На Макарска не се плаќа влез на плажите, од јавен, отворен тип се. Дел од плажата е со лежалки а дел е за со пешкири, чадори, али дрвја има насекаде по линија на плажата и има природни сенки така да чадор може и да не употребиш.

Времето зависи, вообичаено е топло, водата е мирна без бранови и е релативно топла, зависи колку е твојот критериум на топла вода. . Ладна не е дефинивно, баш е пријатна.
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.725
Поени од реакции
1.997
Благодарам, и јас разбрав во стил потопла од Охрид, малку поладна од Грција што значи баш таман... Си резервирав билет на 1 ви тргам... Поздрав :)
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.725
Поени од реакции
1.997
Понудите тука беа сегде исто... Јас бев од 1 ви Јули, 10 ноќи... 210 евра беше понудата од агенција, со тое што плаќаш плус 10 евра, по 1 евро од ноќ туристичка такса... За со кујна се доплаќа не знам колку преку агенција... Мој совет, бар јас како што бев и си поминав многу поефтино и поубаво... Си купив само повратна карта од тука од Македонија 80 евра беше и си идеш во бус исто со луѓето што идат преку понудата што си плаќаат по 200+ евра... Се симнувате во Макарска пред една туристичка агенција, таа агенција соработува со нашиве и ве сместуваат... Фино лепо ќе си влезеш внатре во агенцијата ќе кажеш дека сакаш смештај да најдеш и дека ти треба кујна (ако сакаш мислам) и ќе си поминеш многу поефтино... Јас плаќав 26 евра од вечер, по 13 евра двајца, имав фрижидер, кујна, купатило, телевизор, ходник, соба со еден лежај голем за двајца и плус уште еден кревеет и тераса со поглед на море, а од морето бевме одалечени 5 минути одење ... Што ве интересира прашајте, во моментов ме мрзи да пишувам се, како што ти кажав најефтина опција ти е така со повратна карта и после во агенцијата таму Темпет се вика ќе ти обезбедат смештај... Луѓето се предобри, само добри спомени ми останаа и кој ќе иде во Макарска обавезно со Макарски Јадран да оди на крстарење до Бол и Брач... Јас имав среќе начекав за 20 евра од особа, иначе се плаќа по околу 25- 30 евра со што на бродот ти следува ручек риба (тазе, морска, преубава...), ракија, бело и црвен вино има, кафе, вода, фанта и кока кола и тоа цело време проаѓаат и прашуваат кој сака... Цените таму бар според мене не беа ич скапи, како што ми викаа други од тука, со тоа што имаш Лидл во близина можеш од него да си купуваш, водата за пиење им е скапа и овошјето, меѓутоа водата им се пие и од чешма така да немаш потреба да купуваш... Дефинитивно преубаво место...
 
Член од
30 јуни 2015
Мислења
3
Поени од реакции
2
Во Макарска бевме минатото лето. Ова лето одиме на Крф ама паметот ми е во Макарска. Преубаво место,клима, море,...Цените не ни се видоа високи. Едино ни беше скап паркингот за на плажа. Во Тучепи плаќавме 40 куни, а во Макарска најдовме за 20 куни. Ама во секој случај преубаво си поминавме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom