Проблемот со жените воопшто не е недостатокот на интелигенција. Верувам дека таа категорија е равномерно распоредена кај целата популација. Проблемот со жените е што секогаш, во секоја прилика се сведуваат на маж.
Дали тоа ги прави плитки? Жените не се ниту плитки, ниту длабоки. Едноставно, критериумите кои мажите ги применуваат кога си го мерат во светот на мажите, не можат да се аплицираат врз женскиот род.
За тоа дали мажите преферираат глупави жени, мислам дека прашањето е криво поставено. Ниту преферираат глупави, ниту паметни. Јас лично преферирам жени кои одговараат на мојата суета. Не верувам дека глупава жена го исполнува условот...