Велиш ќе ти се контра, не се контрам само ќе се потрудам да ја развиваме дискусијата
Ова ти што го велиш ама јас никако не можам да го поврзам. Сите сме свесни дека од време на време се случуваат “лоши“ работи за нас, за тоа не треба да ми кажува некоја баба, или било кој. А ова што го велиш лоши работи ти се случиле заради скинатата мајца ми е малку морген. Исто како сега да те прашам :
Со колкава брзина возел Црвен автобус, ако во него имало 34 патници и возачот во второ одделение имал 2-ка по математика на полугодие
Живееме во заебан свет, и знаеме каква е ситуацијата. Нема логита да ги поврзуваме нештата со нешто магично , нешто фантастично бла бла...
Сега полесно е така да се утешиме и ајде овој е крив ми направи магија, Мхм.. секако ! Надежта е меч со две острици, ни дава утеха да продолжиме , но не ни дава можност да ја преминеме таа граница на самоспознание. Секогаш ќе ја префрламе вината на друг.
Пример за твоите 5-неоправдани , или си била крива ти , си избегала или слично, или класната твоја била во афект - ситуаиција па го изработила тоа или нема друго решение ,
нема логика да го поврзуваш со бабата
Но како што реков, најлесно е така да се утешиме. Тоа ти е како приказната со селанецот и прстенот. Му паднал прстено на некој селанец во сеното , но тој го барал надвор од сеното , затоа што таму му било полесно да го најде.