Не сакам да хејтам ама што им вреди тоа што се дигитализирале.
Гледам денес ватерполо и одеднаш долу читам текст, нова ера во МТВ. И таман се израдував дека работите тргнале на подобро, кога на сред напад на нашите пуштаат реклама од 20 секунди. Да се разбереме, не реклама со која го делат екранот на половина па намалено може да се следи преносот, туку од оние комунистичките (цел екран бато). И ова се повторува цел натпревар, исто како и на вчерашните два, и како што ќе биде додека трае првенството.
Понатаму, летово беше фамозно најавувана 8-та сезона од серија "24". Не само што требаше да почне, туку досега веќе требаше и да завршени, арно ама од МТВ ни трага ни глас. Се прашувам каде е сериозноста на овој национален сервис кон гледачите.
Нема да се изненадам ако од утре им текне да почнат со фамозната најава "наскоро на МТВ" за некој од најновите филмови или серии . Нема да има голема разлика - и онака никогаш нема да започнат.
Да не продолжувам со примери, бидејќи ги има премногу.
Сакам да кажам дека менувањето на логото (кое се најавува) и дигитализацијата не се приоритетни проблеми кон кои МТВ треба да се насочи. Многу поголем проблем се наоѓа внатре во самата телевизија. Ако веќе се насочиле кон решавање на проблеми и промени тогаш од погрешно место започнале со таквиот пристап.