МРТВ - Македонска радио телевизија

Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Ne mi e jasno zosto MRT kako drzavna televizija nema nekoja humanitarna emisija po primerot na srpski RTS so humanitarnata emisija S Tamarom u akciji

Затоа што треба пари за таква емисија.
Треба спонзори кои ќе го финансираат сето тоа помагање на луѓе.

А и да бидеме реални, таа Тамара и таквите водители демек во јавноста се синоним за хуманитарци и пожртвувани личности кои помагаат, но всушност таквите не даваат ниту денар од свој џеб, напротив таквите заработуваат еден куп пари од ваквите проекти.
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
611
Поени од реакции
493
Ne mi e jasno zosto MRT kako drzavna televizija nema nekoja humanitarna emisija po primerot na srpski RTS so humanitarnata emisija S Tamarom u akciji
Таа емисија не е на РТС туку на некоја си продукција која си ја шета на која ќе стигне телевизија. Видено и кај нас. А зошто нема? Нема затоа што нема спонзори. Но, за мене поголем проблем е што дотичнава емисија ја даваат на наши телевизии. Треба да биде забранета, зошто е направена за друг пазар, и јас немам намера да се замарам со нивните судбини. Како ние да немаме наши. Но, во Агенцијата за медиуми изгледа нема никој. Затоа такви ни се телевизиите.

П.С. Подобро да не го споменува ни оној квизот „Столице“
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Го има ли овој каналот МРТ 3 на Тотал тв?
Ако има некој информација нека напише.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.897
Поени од реакции
7.570
Oд каде ги ископаја цртаниве филмови навечер што се пуштаат на МРТ 5?

Пред некоја вечер беше The Last of the Mohicans (1975)
Вечерва Hiawatha (1988)

Постаро не можеше да најдат ама сепак злато вредна архива цртани филмови.
 
Член од
30 април 2013
Мислења
356
Поени од реакции
207

Тие цртани одеа на МРТ 1
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480
Серијата Првите цутови :aplauz::zver: и пак ќе речам снимале јаки серии филмови , а денес не ги бива ништо да направат асално....
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.897
Поени од реакции
7.570
Серијата Првите цутови :aplauz::zver: и пак ќе речам снимале јаки серии филмови , а денес не ги бива ништо да направат асално....
Eте денес имаш Зоки Поки копродукција со МРТ а продукција на Кино Око.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.897
Поени од реакции
7.570

Член од
27 март 2014
Мислења
50
Поени од реакции
18

Добро е ова од ИНРЕКОМ, целата анализа горе-долу е во ред, па дури и делот дека треба да се укинат сателитските канали, а постоечките канали од 1 до 5 да одат на сателит. Плус, добро е и тоа да има превод и бирање на аудио канал на неколку јазици, за да не бидеме ограничени на некои канали. Само не мислам дека треба некој од каналите да се преименува во МРТ Ризница, затоа што така се ограничува тој канал само со стара продукција. Доволно е секој канал од својот тип на програма понекогаш да емитува од старата продукција, но пред се да има нова продукција.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.897
Поени од реакции
7.570
Јас сум да има МРТ канал со име Ризница и да биде наменет за архивата. Можеби ќе биде ограничено само на стара продукција архивски снимки од емисии, документарци, музика и друго но така нема да "фаќа пајажина" се што има МРТ старо. Друго преку емитување на стара архива серии, тв драми, емисии долго живеат сеќавањата на некогаш починатите дејци, творци, актери, спортисти, новинари, музичари исто така се потсетува и може да видат поновите генерации како некогаш изгледале многу снимени серии, тв драми, емисии, некој концерти...
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.536
Поени од реакции
695

МРТ4 е наменет за останатите заедници ,Турската ,Влашката ,Ромската,Српската итн и како што самите велат е за документарна програма тогаш тој канал би можел да се искористи исто така и Собранискиот канал може ,бидејки незнак како би опстои самата МРТ до сега имаше само 2 канали и нема пари за ништо а сега со дополнителни 3 канали МРТ3 ќе биде канал на кој ке треба да се вложува пари фудбалските првенства чинат пари нови филмови исто така серии и музика
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.897
Поени од реакции
7.570
Ќе видиме после избори и формирање влада. Се надевам ќе има некакви подобрувања во МРТ.
 
Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.742
Поени од реакции
1.170
Се е ова убаво што го зборите, ама може ли некој да ми објасни кој к.р последнава недела-две даваат документарци за историја на српска музика на МТВ 1 и тоа во ударен термин од 16 до 17 часот.

Зошто не снимат и они нешто слично за македонската музика во 70-ти, 80-ти и 90-ти години. Младиве ќе мислат дека тогаш кај нас само српска музика трештела, а кај нас имаше еден куп пеачи и групи исти или поквалитетни од српскиве.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom