Ај аирлија.
Затоа 400+50 дипломирани криминалисти од Факултетот за безбедност (полициска академија) работат како магационери, обезбедувачи, продавачки, рецепционерки и во последните 4 години немало ниту еден јавен оглас каде МВР ги бара нивните квалификации (додуша, имало еден каде за работа со класифицирани податоци, барале дипломиран по физичко).
Да биде уште поинтересно, добивам информации дека дипломираните криминалисти од првите три генерации (2004, 2005 и 2006) нема да имаат можност ниту да аплицираат на конкурсот и да поарчат уште една година од својот живот, за да конечно се вработат таму за каде и само се остручувале 4 години, макар и како полицајци во униформа, со најнизок можен чин, затоа што истите тие имаат повеќе од 25 години и не го исполнуваат тој услов од Законот.
За информација, овие студенти се запишани под процедура целосно контролирана од ОБСЕ, по барање и со потпис на тогашен министер за внатрешни (со акцент на “тогашен“). Затоа овој режим не ги сака...
Но тоа не е битно, битно МВР потпишува договори за стратешка соработка со Факултет за драмски уметности, Детективи и приватни обезбедувачи од ФОН и Европски...