- Член од
- 1 јуни 2011
- Мислења
- 25.920
- Поени од реакции
- 41.888
Министерството за внатрешни работи информираше дека во тек е оглас за прием на 300 лица за работно место полицаец.
Кандидатите кои што ќе бидат избрани за работното место најпрвин ќе треба да поминат обука на МВР во времетраење од една година.
Отакко ќе завршат со обуката ќе се склучат договори со МВР за вработување.
Кандидатите меѓу другото треба се државјани на Република Македонија, да се полнолетни, а да не наполниле 25 години ако прв пат засноваат работен однос на работно место за кое е предвидено средно образование.
Заинтересираните кандидати треба да достават потребни докази за исполнување на потребните услови за работното место, лично и тоа во едно од наведените места: СВР Скопје, Полициските станици од општа надлежност-Гази Баба, Бит Пазар и Карпош, како и Секторите за внатрешни работи во Битола, Велес, Куманово, Тетово, Охрид, Струмица и Штип.
Извор

При поднесување на пријава кандидатот потпишува изјава за доброволно пристапување на селекција на избор на кандидат за полицаец со неможност за барање на оштета од Министерството за внатрешни работи во случај на повреда за време на спроведување на постапката за селекција.
Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за избор на кандидат за полицаец формирана од страна на министерот и истата се спроведува во неколку фази.
Кандидатите меѓу другото ќе имаат писмено тестирање, проверка на моторички способности, а ќе имаат и здравствени прегледи.
Извор