14.11.2009, 10:29
ФУДБАЛ
МАКЕДОНИЈА ЈА ПРЕЧЕКУВА КАНАДА ВО ПРИЈАТЕЛСКИ ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР
Попладнево во Струмица на стадионот „Младост“ со почеток од 13 часот ќе се одигра пријателскиот натпревар меѓу Македонија и Канада. Ова ќе биде втор нивни меѓусебен дуел. Првиот се одигра 1998 година во Торонто кога домаќините победија со 1:0.
Директен пренос на ТВ Сител.
Во таборот на македонската селекција владее умерен оптимизам, но и претпазливост со оглед на тоа што Канаѓаните се 13 места подобро пласирани на ранг-листата на ФИФА, и се репрезентација со голем напредок годинава.
Пред своите сограѓани ќе истрчаат Горан Пандев, Ацо Стојков, браќата Горан и Роберт Попови.
- Одлично поминаа подготовките во мојот роден град. Насекаде се чувствува позитивната атмосфера, а верувам дека така ќе биде и на натпреварот за кој очекувам струмичани да го исполнат до последното место и да ни ја дадат неопходната поддршка за да стигнеме до позитивен резултат. Немам настапувано од натпреварот со Катар во