dragonsky
Hate leads to suffering
- Член од
- 25 декември 2010
- Мислења
- 42.959
- Поени од реакции
- 84.395
Првиот натпревар на нашата репрезентација е зад нас, и е време своите погледи да ги насочиме кон следниот дуел на нашите лавови/рисови/животињи/борци.
Некои велат дека првиот е најтежок, па ако тоа е така вториот меч на нашата селекција би требало да биде мачкина кашлица. Играме против Иран, репрезентација која што е апсолутен аутсајдер во групава, и целта на првенството најверојатно им е да не бидат меѓу последните 2 места на првенството, нешто што е дијаметрално спортивно од македонската цел која што гласи пласман на Олимпијадата во РИО 2016.
Во првиот дуел се изгледаше перфектно за нашата репрезентација, но после освојувањето на битните стартни поени, треба да се насочиме сериозно и без потценување на Иран, репрезентација која што го намачи дебитантот БиХ но сепак го загуби мечот кои што за многумина беше меч за одбегнување на последното место во групата.
Дали и после второто коло Македонија ќе остане лидер на табелата ?
Дали граматички точно е ираН или ираК ?
Дали проблемот со коментаторите ќе биде решен ?
Дали ќе треба да одиме на финта ?
Дали за победа ќе ни биде потребно да дадеме повеќе голови од противниците ?
Одговорите на овие а и на многу други прашања ќе може да го дознаете утре во 17часот на МТВ1.