МАКЕДОНИЈА-Иран 17.01. (33-31)

Со колку разлика ќе победи Македонија против Иран?


  • Вкупно гласачи
    87
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.162
Поени од реакции
15.952
Талевски и Димитриевски се подобри од него. Плус и поише муда имаат од него.
Е супер коа вака спомна, ваљда си запознаен па како изигра Талевски на квалификациите за младинците?
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.207
Поени од реакции
4.944
Лаганица утакмица џабе стресој си прајте, јас сум сигурен дека и со вториот состав да му изигравме ќе имаме сигурна победа, работата беше оти играчите не играа со цели сили, во никој случај Иран неможи да ни биди достоен противник...
Одличен Прибак денес (y) Требаше повеќе да го остај во игра Обрван, ама се најде и Миркуловски со изнудените пенали, Вугринец одлично почна после неколку избрзани удари и седна на клупа, па Лазаров си билдаше статистика :D
Недановски :drk: Шо би рекол Коњаникот македонскиот Дибиров :D пример за останатите крила е Бутинот го има осетот за ракомет. Иначе Сабја ние имаме и трет Дибиров да те потсетам само, тој е во Пелистер, Игор Илиевски ака битолскиот Дибиров :cool:
Златко Мојсовски со престапот :чда: само кога ќе му ја видам фацата ми е смешен, за грев фаца има, па уште намигнува за време на химната :D Сите знајме дека не си за репрезентација, ама барем сеир си тераме на твоја сметка :oleee:
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Не сакам да го тупам многу, ама со оглед дека еден куп глупости се изнапишале за натпреварот би коментирал некои работи.

1. Топ натпревар!!! Ова е тоа што му треба на Македонија и досега никогаш и го немала. Да влезеш со пола сила, во голема мера втор состав, без никаков скаутинг и без тренинг на натпревар на светско првенство и глатко да си победиш без притоа нешто особено да била загрозна победата. Така победуваат големите репрезентации во групните фази на првенствата. Нема апсолутно никаква смисла да се жалите затоа што крајниот резултат бил само 2 разлика. Што треба да речат Хрватите кои на буквално ист начин победија и со Австрија и со Тунис. Или Шпанците кои дури и со повеќе мака ги минаа Белорусија и особено Бразил. Значи зборуваме за екипи кои се за едно 2 класи над нашата... А да не зборувам за Данците и ремито со Аргентина...

2. Бел бумбар за Обрван за одлуката да стартува со вториот тим. Дури според мене и грешка е што не ги форсираше и повеќе. Малку и тој самиот непотребно испаничи ама не е страшно одиграат доволно и "второтимците". Всушност најголема грешка беше што не почна со целосен втор состав туку "крпеше" со Манасков, Георгиевски и Велко во одбрана. Реално тие беа и најголеми виновници за малата криза во првото полувреме.

3. Се отепавте пцуење за вториот состав, а вториот состав и не изигра така лошо. Всушност и општо земено во напад одиграа сосема коректно. Крајниот исход е близок исклучиво заради лошата игра во одбрана, осоено во првото полувреме. А во одбрана главно играа првотимците и во тие почетни минути.

4. Муабети демек Кире не спасил. Не е точно. Кире реално не одигра ништо посебно, освен што беше добар од пенали (6/7 ми се чини). Од игра Кире имаше шут 3/7 и 3 технички грешки. Знаете колку имаше Вугринец? 3/7 и 1 техничка грешка.

5. Уште поглупи муабети се дека непотребно се потрошиле и повеќе отколку што инаку ќе се потрошеа. Еве ви малце статистика (јавно достапна е веднаш по натпреварите може секој да ја консултира за да носи попаметни заклучоци) за времето поминато на терен:

Кире - 20:21
Наумче - 13:52
Георгиевски - 15:08
Стоилов - 27:45
Единствен кој изигра непотребно многу е Миркуловски со точно 40 минути до секунда, особено со оглед дека Прибак беше супер, ама и тоа не е страшно. Искрено не ми е јасно како ова било "големо трошење".

Чисто за споредба еве колку главните играчи на Хрватска "се трошеа" против Тунис:

Чупиќ - 60:00
Штрлек - 55:21
Вори - 52:38
Дувњак - 51:48
Коплјар - 48:57

Е заради вакви претерувања во групната фаза секоја година последно време ќе стигнат до полуфинале Хрватите и таму поопморените екипи лесно ги победуваат.

6. Според што заклучивте дека толку лошо одигра Македонија? Според тоа што со само 2 разлика ги тепавме Иран или затоа што стварно лошо изиграа? Реално Иран одигра далеку над нивниот капацитет и со ваква игра можат многу проблеми и на другите екипи да им направат. Дадоа еден куп тешки гола од далеку (додуша дел од вината тука има Борко со неговите фамозни проценки на шутеви од 9+ метри), треба и нив да им се признае дека беа добри. Реално блискиот исход беше повеќе заради квалитет на играта на Иран отколку лошата гра на Македонија.

7. Одбраната последно време веќе редовно ни ја бушат од 9+ метри. Ова е многу загрижувачко и така против јаки екипи нема да поминеме. Главната вина тука секако е на Велко кој веќе подолго време е во лоша форма ама дел од вината имаат голманите кои реално ни се доста слаби на шутеви од далеку, особено Борко. За среќа и Босна и Австрија не се некои шутерски екипи какви што се Тунис и Иран, па барем тој аспект ни оди во прилог за клучните две средби од групата.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
според статистиката што ја прочитав, видов дека Борко има 100% одбранети од крило удари 75% одбранети удари од 6 метри, а од 9 метри е дупе има само 17% одбранети... Додека Ангелов дупе е од 6 метри и од крило има 0 одбрани а има 42% одбрани од 9 метри..
 
Член од
13 декември 2014
Мислења
422
Поени од реакции
337
Irancite ne bea dobri tuku nie igravme so 30% ako ne mi veruvate pocekajte i sami vidite deka nikad vise nema da dadat 31 gola.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.891
Поени од реакции
84.242
@Xsago Супер ти е постот ама спореди ги минутите што ги имаа нашит репрезентативци против Тунис со тие на Хрватска против Тунис. Вака не се нешто ептен објективни бројките, а секако мислам дека нашите помалце се трошеа против Тунис вчера него ли Хрватска денес.

Уствари нема везе се снајдов на сајтон :D

Кире: 34:23
Наумче: 31:48
Георгиески: 41:52
Стоилов: 35:50
Миркуловски : 40:49
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.105
Поени од реакции
3.952
Чисто од љубопитство, кој е тој Бутино што го викате, незнам на кого се однесува тој надимак?
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
@Xsago Супер ти е постот ама спореди ги минутите што ги имаа нашит репрезентативци против Тунис со тие на Хрватска против Тунис. Вака не се нешто ептен објективни бројките, а секако мислам дека нашите помалце се трошеа против Тунис вчера него ли Хрватска денес.

Уствари нема везе се снајдов на сајтон :D

Кире: 34:23
Наумче: 31:48
Георгиески: 41:52
Стоилов: 35:50
Миркуловски : 40:49
Факт е дека не се истрошија премногу и со Тунис во однос на минути, иако тој сепак беше физички потежок натпревар заради грубоста на Тунижаните. Реално заради измените кои ги правиме одбрана-напад, против Тунис не беше толку опасно бидејќи Тунис не игра брз центар и после наш даден гол без проблем се менувавме. Затоа и никој не одигра поголема минутажа освен крилата и Миркуловски кои играат во два правци. миркуловски ни е критичниот играч кој треба да го пазиме. Мотор на екипата ни е и треба да се штеди што повеќе знаејќи го неговиот стил на игра. Другите мислам дека добро ги одмараме засега.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom