Луѓе кои што се сериозни за својата колекција на музика (аудиофили) Hi-FI зависници на форумов

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.678
Поени од реакции
14.559
Како тоа е проверено? дај линк да прочитам каде го пишува тоа, јас за ова првпат слушам.
Немам никаков линк, во контакт сум со едни дечки од Холандија кои што лично му праќаат на Тиесто песни од други артисти (една дури можам да се пофалам дека потекна и од мене т.е мој пронајдок), па после тој преслушува и ги бира кои ќе ги пушти. Иначе, малку луѓе знаат дека Тиесто пред неколку години има одено на домашна забава кај дечкото што го држеше форумот на неговиот сајт (сега форумот не постои веќе) и таму се запознава со овие момци што јас ги спомнувам. Ги има спомнато и во една компилација како Internet Mafia, ако ја најдам сликата ќе ја постирам.

http://bos.avenue.com.ua/files/music/TRANCE/In Search of Sunruse/Tiesto-In_Search_Of_Sunrise_7__Asia-(SBCD11)-CD-2008/Cover/In Search Of Sunrise 7 Inlay Cover.jpg

Еве ја, 6-ти ред
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Другар, едно е да се прати семпл од песна која можеби он би ја ставил во микс во иднина, заради тоа што е многу побрзо да се прати истата преку мејл или било што до него во мп3 формат него во флак, дури и еден транс проект од Македонија порано праќаше песни во 320кбс до потенцијалните купувачи на тие песни, т.е. ставање на таа песна на компилација, но сега праќаат WAV (побрз нет и слично) :)

Сега има и Soundcloud така да...
 
Не семпл, цели 320ки му праќаа кои што после ги пушташе на журка

Еве слики и од журката

http://www.tiestoworld.nl/pictures.php?sfpg=MjAwNi9Gb3J1bSBwYXJ0eSBMYXVyZW5zIDEyLTA3LTIwMDYvKioqKipiNTkzNDJkZDQwYWZhZjFlZDA4Njg5NzM4ZGZiY2ZlNg
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Другар, му праќале песни во порвобитна форма да ги тестира, после ако му се свиѓаат му праќаат во WAV....нема логика да пушта мп3-ки, да не нема место случајно за 20-на песни колку што му трае еден сет? :)

Кузнае каква опрема има :)
 
Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419

Сите диџеи вртат 320. Човек не може да разликува помеѓу 320 и некомпресиран формат, независно од опремата.

http://www.trustedreviews.com/opinions/sounds-good-to-me_Page-5
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.678
Поени од реакции
14.559
Никаков lossless формат не се праќале, директ од 320 има пуштано верувај :)
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Oк, да не ја носиме дискусијава во погрешен правец, можно е да е така, мада не верувам да е тоа глобално прифатено.....не разбрам зошто некој би користел mp3 наместо FLAC кога разликата е толку мала, како што реков 20-на песни се во прашање, по 30 мегабајти во просек, тоа се скромни 600 мегабајти....па и 1GB да биде, тоа е ништо....
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.678
Поени од реакции
14.559
Oк, да не ја носиме дискусијава во погрешен правец, можно е да е така, мада не верувам да е тоа глобално прифатено.....не разбрам зошто некој би користел mp3 наместо FLAC кога разликата е толку мала, како што реков 20-на песни се во прашање, по 30 мегабајти во просек, тоа се скромни 600 мегабајти....па и 1GB да биде, тоа е ништо....
Затоа што програмите за live едитирање на песна кои работат со мп3 се полесни
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.678
Поени од реакции
14.559
Иначе он-топик за една од твоите точки во првиот пост - со оваа песна тестирам квалитет на аудио опрема.
Кога го купив домашниот систем LG (5.1) и кога попуштив малку повеќе... е тогаш се знае што е PC звучник, што е home cinema (со сета почит за PC audio, ау како би ми легнале едни Х-530 од Логитех)

:гик:
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Сите диџеи вртат 320. Човек не може да разликува помеѓу 320 и некомпресиран формат, независно од опремата.

http://www.trustedreviews.com/opinions/sounds-good-to-me_Page-5
Разлика има но како што реков е доста мала, лично на една страна за онлјан тестирање, 5/5 погодив која трака е мп3 која е FLAC, kick drumot ти кажува све што треба да знaеш...по пригушен е басот, и се губи динамиката на истиот, вокалите, и другите сегменти се многу блиску...добар мастеринг + добра опрема и не е толку многу тешко, само треба да си сконцентриран, е сега проблемот е што тоа веќе не е слушање музика него напрегање и се губи цела поента.

Така да 320-те (cbr) се сосема ок за casual слушање, сепак ја преферирам FLAC затоа што несакам да бидам од ниеден аспект ограничен, простор имам колку сакам така да нема причина да користам мп3-ки :)

Иначе он-топик за една од твоите точки во првиот пост - со оваа песна тестирам квалитет на аудио опрема.
Кога го купив домашниот систем LG (5.1) и кога попуштив малку повеќе... е тогаш се знае што е PC звучник, што е home cinema (со сета почит за PC audio, ау како би ми легнале едни Х-530 од Логитех)

:гик:

Линк по пп од FLAC/mp3 YT е срање за квалитет...:unsure:

X-530 се живи говна...ги имав, тоа не е звучник тие се играчки...иначе само стерео за слушање - 2.0 сараунд не поштувам....тоа е веќе вештачки ефект :)
 
Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
4. Која песна ја користите за тест на новата опрема кога ќе треба да купувате? (слушалки/звучници/појачала/конвертори)
3 песни по ред:
Концерт за чело од Бах бр 1 од Јо Јо Ма
Либертанго со цела оркестра типка на Пиацола
Јуслес од Депеш Мод.

Првата ти покажува како опремата реагира на мали флуктуации кај акустични инструменти, и можеш добро да го видиш односот шум-сигнал на средни фрекфеенции, кајшто и си најосетлив. Втората има неколку различни инструменти и поголем рапон на фрекфенции и можеш да увидиш колку добро опремата ги разделува. Третата е полна со синтетичка бука ама има изразити ниски и високи тонови и можеш да го видиш динамичкиот опсег на опремата преку целиот спектар.

Се ова без да гледам во опремата за да не влијае на одлуката.
5. Зошто станавте аудиофил, и дали можете да уживате во музика снимена во слаб квалитет (vbr mp3) дали го рачунате тој формат како формат за уништување на музиката?
Човековото уво не разликува аац или мп3 на 320 кбпс од некомпресиран формат, и е тешка глупост да фрлаш пари за да чуваш музика во такви формати. И јас некогаш сум фрлал офромни пари на опрема мислејќи дека добивам којзнае што, но со "слеп" експеримент се покажува дека не добиваш ништо екстра, само фрлаш пари во воздух.
--- надополнето: 30 декември 2012 во 04:18 ---
Затоа што програмите за live едитирање на песна кои работат со мп3 се полесни
Не е само тоа, целиот хардевер за ливе едит бара што помалку фрејма. Ако сакаш најобично скречување, процесорот треба да е супер брз да го долови ефектот во рил тајм. Вакво нешто е неизводливо со некомпресиран формат.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
3 песни по ред:
Концерт за чело од Бах бр 1 од Јо Јо Ма
Либертанго со цела оркестра типка на Пиацола
Јуслес од Депеш Мод.

Првата ти покажува како опремата реагира на мали флуктуации кај акустични инструменти, и можеш добро да го видиш односот шум-сигнал на средни фрекфеенции, кајшто и си најосетлив. Втората има неколку различни инструменти и поголем рапон на фрекфенции и можеш да увидиш колку добро опремата ги разделува. Третата е полна со синтетичка бука ама има изразити ниски и високи тонови и можеш да го видиш динамичкиот опсег на опремата преку целиот спектар.

Се ова без да гледам во опремата за да не влијае на одлуката.

Човековото уво не разликува аац или мп3 на 320 кбпс од некомпресиран формат, и е тешка глупост да фрлаш пари за да чуваш музика во такви формати. И јас некогаш сум фрлал офромни пари на опрема мислејќи дека добивам којзнае што, но со "слеп" експеримент се покажува дека не добиваш ништо екстра, само фрлаш пари во воздух.
Не те разбирам, какви пари? имам 2TB простор на дисковите, што ќе изгубам ако имам некои 400/500GB музика од тие 2TB наместо 100GB во форма на mp3?

Кај опремата постои еден сегмент, кој се вика bang for buck, постои сегмент кој кога ќе го надминеш, доаѓаш до ситуација во која за 500 евра плус, добиваш многу малце подобар звучник, за кој персоналната преференца е поголем фактор, него тоа кој од двата пара звучи поубаво, двата се секако одлични.....мене ми се многу јасни сите тие работи, затоа целата моја опрема заедно не вреди повеќе од 1500 евра, опрема која планирам да ја чувам повеќе години......еднаш плаќаш и уживаш...немојте да го анализирате туѓиот ќеиф, тој нема цена :)

Иначе добар избор на музика, Бах ми е еден од омилените кога се работи за класика, DM се исто така многу добри..
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.678
Поени од реакции
14.559
Е значи многу ми е ќеф овака со вас дечки коа ќе разглабаме некоја тема без закачки, глупи тролови и слично. Поздрав до вас, се гледа дека znate znanje :)
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Иначе за тие што бараа музика со добра снимка на Youtube :)

Kajgana Shop

На врв Bottom