Луѓето се менуваат или....?

Член од
24 август 2008
Мислења
132
Поени од реакции
2
не знам дали треба да ти раскажам една приказна која веќе многу пати ти ја иам кажано...моја другарка и твој другар...никој од нив не се смени...сваќаш за шо зборам нели?
И покрај се што му се случува нему, останува ист...И покрај се што и се случи на неа со него, она остана истата само продолжи без него...
познато ти е?
Он ќе остане сам, и свесен е за тоа...И сама ми кажа: ТАКОВ Е ШТО ДА МУ ПРАИШ...
Да, да знам за што збориш. Ама не си размислил дека он не сака да се смени? Него му одговара вака, топ му е. Си најде другари што му одговараат и сега (мускетарите). Верувај ми, да почнат да му вршат малце притисок и тоа како ќе се смени. Особено тие што имаат големо влијание врз него. Мислам дека знаеш за кои ти зборам.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728

Верувај дека последна работа што би направиле они е мењавањето... Поради другарката моја можеше да се смени, но не го направи тоа... Она беше добра причина, која он сепак ја пропушти за нешто што му е навика веќе подолго време...
 
Член од
13 февруари 2006
Мислења
315
Поени од реакции
4
ООооо да многу! In fact само во менувањето не се менуваат! ....
секоја следна ситуација макар и најбаналната е промена и секоја наредна секунда е грабење напред во искуството т.е. промена!!
Не значи дека се менуваме со брзина на светлина и дека промените се однесуваат на радикални реформи од корен ама животот е процес, процесот е дејство, дејството е случување.......случувањето е промена!
(да се разбереме!!:baeh:) хахахааа
 
~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
120

Ооооо најмила, па не баш многу!
Утре кога на терапија ќе ти дојде некој навидум успешен чичко во костим и актовка и ке ти каже дека ја легнал згодната 25годишна секретарка, се опил и ги претепал жената и децата, шо ќе го прашаш кога ке го легнеш на кожениот кревет со кутија марамици до него, пред секако да му ги собереш парите :baeh:
"Почнете од детството господине"!
И ке се отворат раните, ке бликне нечистата крв од под белата негувана кожа! А мислел се променил, ги фрлил кожната јакна, цигарите, алкохолот и промискуитетот позади себе, си го средил животот, се одомаќинил , успеал, нашол пристојна работа! А позади тоа мајка курва, татко шмокле или обратно, исто срање! Лесно е да се напише промена, 7 букви ебате, голема работа ке ги чкртнеш и 100 пати ако треба!
On the other hand, држи вода и она твоето животот е процес, процесот е дејство, дејството е промена ама не од корен точно!
Јас постојано учам, искусувам, создавам, созревам! Со тоа ми се прошируваат животни перцепции, ми се зголемува, зацврстува, стабилизира чекорот со кој се движам низ светот! Со лазењето одамна завршив, се кренав на нозе ама и на 20 години се тетеравев мајко му!
Сега може ке речеш дека тоа се промени!
Ама јас пак ке бидаам онаа Кате која те нервира зашто ги мрда прстите на нозете, остава дршки од јаболка кај ке и текне, не затвора врати, зјапа несвесно во луге и и се случува да одговори на прашање 5 минути покасно или да укопча виц исто така 5 минути покасно! И утре бе драга , кога ќе дипломирам и се со ред, пак ќе си ги носам овие банални особини во себе, без разлика на количеството искуство кое ми тежи на плеќи! ЈАС пак ќе сум онаа ЈАС на Ќ*** и С****** :back:
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
ООооо да многу! In fact само во менувањето не се менуваат! ....
секоја следна ситуација макар и најбаналната е промена и секоја наредна секунда е грабење напред во искуството т.е. промена!!
Не значи дека се менуваме со брзина на светлина и дека промените се однесуваат на радикални реформи од корен ама животот е процес, процесот е дејство, дејството е случување.......случувањето е промена!
(да се разбереме!!:baeh:) хахахааа
Точно дека се што се случува е промена. Меѓутоа, тука збориме за менување на човекот... Дали тој некогаш ќе ги смени своите највкоренети особини. Оние особини кои го прават она што е...
болдот:Мислиш дека човекот е сменет, ако не е сменето она што го има како основа формирано, она врз кое се градел цел живот?
Мислам дека колку и да сакаме да веруваме дека луѓето се менуваат, искуството покажува друго...
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
темелот сржта на личноста..останува..може да се надгради, еволуира или во нијанси да се промени...но вистински..не

кој сме како деца..такви остануваме
 
Член од
13 февруари 2006
Мислења
315
Поени од реакции
4
Па промената сфатена најшироко не значи само нејзина надворешна манифестна пројавност зошто пред се носиме физиологија што не дрма од внатре, врски што ни се врзуваат и одврзуваат во мозочињата, хормоништа згодни и незгодни што се лачат ли лачат......како да го запреме тоа?? --- добро ајде нека не биде физиологијата аргумент, нека биде ситуацијата-: во секоја ситуација реагираме различно во зависност од тоа како сме затечени, на некои луѓе им се смешкаме други не можеме да ги смислиме, за трети баш ни е сеедно!!.....ама на сите овие не реагираме секогаш исто туку се ни зависи од денот т.е. од ситуација! и ова е дури само еден најмизерен пример што дури одвај се подведува на микро-микро-микро космосчето во нас.....што ако еве баш во овој момент не здрма некое (пу, пу, пуу) земјотресиште и останеме сами!!?!? тогаш СЕ ќе почне од почеток и ептен нема да ни текне на секретарката што сме ја легнале претходната вечер, на утринското кафе што секогаш без исклучок со невидени мераци сме го шмрцкале, на нашата постојана и никогаш непроменета навика за другите иритирачка активност а за нас невидено хедонистичко задоволство-да земеме да грицкаме нокти меѓу урнатините!!! .....
Ај сега да не се повторувам---му благодарам на добриот белобрад дедо што седи на небесниот трон зошто СЕ во нас не е така брзо менливо и исто му благодарам за моќта СЕ во нас да се смени, ако се има волја или ако така не наведе ситуацијата! Крај на крај-личноста е процес, една страшно сложено и заплеткано клопче кое нема јасна дефиниција ама има јасно прецизирани личносни елементи=релативно трајни црти и особини кои можат да останат во нас долго време и for a lifetime но и да исчезнат веднаш зад аголот!!! И ако не се менуваме-зошто по ѓаволите сите оние избезумувачки терапии, сеанси, курсеви, медитации, бакрачи . . . ???

"Почнете од детството господине"!
И ке се отворат раните, ке бликне нечистата крв од под белата негувана кожа! А мислел се променил, ги фрлил кожната јакна, цигарите, алкохолот и промискуитетот позади себе, си го средил животот, се одомаќинил , успеал, нашол пристојна работа! А позади тоа мајка курва, татко шмокле или обратно, исто срање! Лесно е да се напише промена, 7 букви ебате, голема работа ке ги чкртнеш и 100 пати ако треба!

СЕКАКО дека на никаков начин нема да му се смени детството ама ќе му се смени начинот на кој гледа на се што му се случило.....:pipi:
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Ај сега да не се повторувам---му благодарам на добриот белобрад дедо што седи на небесниот трон зошто СЕ во нас не е така брзо менливо и исто му благодарам за моќта СЕ во нас да се смени, ако се има волја или ако така не наведе ситуацијата! Крај на крај-личноста е процес, една страшно сложено и заплеткано клопче кое нема јасна дефиниција ама има јасно прецизирани личносни елементи=релативно трајни црти и особини кои можат да останат во нас долго време и for a lifetime но и да исчезнат веднаш зад аголот!!! И ако не се менуваме-зошто по ѓаволите сите оние избезумувачки терапии, сеанси, курсеви, медитации, бакрачи . . . ???

СЕКАКО дека на никаков начин нема да му се смени детството ама ќе му се смени начинот на кој гледа на се што му се случило.....:pipi:
Курсевите се само место каде одат луѓе кои сакаат да се сменат... Но што се случува, стануваш зависен од тие курсеви, сеанси и слично.... Јас колку што знам тие сеанси се за да се надмине некој страв некоја траума и слично... А она што си во моментот тоа не се менува...
Тука веројатно ќе следи пример, има наркоси кои се имаат откажано од дрогата... Меѓутоа и мал контакт со неа, ќе ги наврати на она што некогаш биле...
И човекот не се менува со тоа, на кој начин ќе го согледува детството што поминало...Туку според постапките кои ги прави во сегашноста кои се производ на детството...
И сега на ред доаѓа дека се контрирам поради тоа што викам дека сеансите се помош за надминување и преболување на нешто што се случило многу одамна... Меѓутоа, колку и да се соочуваш сепак остануваш она што си...
Убиецот секогаш ќе си остане убиец...
Лажгото секогаш ќе си остане лажго...
Прељубникот, ќе остане прељубник...
Со еден збор, секој човек ќе остане она што е...
 
Член од
24 септември 2008
Мислења
450
Поени од реакции
14
Zavisi. Nekoi stavovi, naviki i postapki se menuvaat poradi sozrevanjeto ama ima raboti koi ne moze da se smenat. A i individualno e, ima luge sto ne sakaat da se promenat a nekoi se menuvaat duri i bez da bidat svesni za toa.
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
До 20 и некоја година би требало да се дефинираш како личност.
Добро има еден куп дебили кои се емоционални деца без разлика на годините.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Човек секогаш треба да биде спремен да се менува, и кога е во поодминати години, во спротивно доколку (за)остане на некој степен на развој, обично на оној друштвено прифатен како ОК, нема да биде многу поразличен од животно. Добар хуман во ред, но и уште нешто, отворен ум. А тоа делува многу несигурно.
 
Бушавка

Differentiated by Style
Член од
4 јули 2008
Мислења
746
Поени од реакции
61
Човекот може да се смени, ама треба да сака...може многу да направи ако сака...се се сведува на тоа...ако сака. Иако понекогаш и да не сака, ситуацијата ќе го промени незабележително
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
covekot sve moze da zaboravi samo ne moze da se zaboravi sebe, covekot se menuva fizicki, tri dena da ne vidis eden covek toa ne e vise istiot coek(zen budisticka izreka) no karakterot ne se menja, karakterot e sudbina na coekot, moze da se smeni samo onoj sto imal potencijal da se smeni ako nemas potencijal da se smenis nisto, covekot ima essencija sustina i vrz taa osnova dejstvuva, dobriot covek pravi dobri dela zaso e dobar ko tip, a losiot prai losi dela zoso e los ko tip, znaci jasno e, mislam koj cital znae inaku otvoreno e da se prepucavame do beskraj ama sekoj ima pravo na zabluda, osven onie sto znaat.
 
А

Александра Д.

Гостин
Веројатно многу од нас, не еднаш, туку повеќе пати се имаме изгорено од една иста личност... Нешто кое што сме очекувале да го променат во својот однос, но и покрај се останало исто, е она што ме тера да размислам дали луѓето се менуваат... Долго размислував на темава, и од искуството што сум го имал наназад, заклучив дека едноставно што и да правиме НИКОЈ НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ПРОМЕНИ... Вреди ли да живееме со лажна надеж, дека нештата ќе се сменат ако слушнеме само едно ВЕТУВАМ од оној кој не повредил... Вреди ли да мислиме дека еден ден, нешто ќе ја смени таа личност и ќе ја направи подобра... Лично јас мислам дека што и да правиме како личности не се менуваме...Она што ќе се оформи на почеток, тоа останува и понатаму....Сакам да слушнам ваши размислувања на темава...
Луѓето не се менуваат, само ги менуваат гледиштата на светот...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom