Луѓето се менуваат или....?

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Да, луѓето се менуваат. Што сами, што затоа шо некој друг сака. Особено ако дале ветување. Ветениот збор не го кршат, и поради него се мењаат инстантно. Нели е така?:(
Не, не е.

Уште ко дете, додека го градиш примарниот идентитет, во тебе се врежуваат шеми на однесување, кои е скоро невозможно да ги промениш. Како проаѓаат годините, тие шеми просто се бетонираат, па никакво ветување или туѓа воља, не ги мења. Не залудно се вика, од себе не можеш да побегнеш.
Затоа е скоро смешно кога се обидуваме да мењаме некој друг. Не може да се натераме тоа сами да го направиме, али другите, о да, секако ќе ги промениме по наш мерак.

И колку и да звучи излитено, ако нешто може да внесе промена, онда тоа е љубовта (и не мислам само на партнерската, туку во еден поширок контекст). Ама, за жал, таква љубов, животворна љубов, е многу тешко и да дадеш и да примиш. Егоизмот, зависта, гневот, разочарувањето и сл. некако многу полесно ги користиме.
Exactly.
Откако родителите ќе те сјебат како дете со тоа што те тепале без потреба, или шо и да е кај што згрешиле, (а згрешиле, не бери гајле) ти веќе си изградил еден начин на функционирање. Кога ќе дојде време за да бидеш нечиј дечко, драг Гладиус, девојката од тебе ќе го добие тоа кое веќе е “забетонирано“ па колку и да се трудиш да користиш бормашина, ѕидот може да го изгравираш некако грдо, но плочата ќе си остане бетонска.

Навиката стекната во детски години е вечна, може само да бегаме од неа повремено, нема да се скриеме.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Сум сведок дека луѓето многу поверојатно и побрзо можат да се сменат на лошо отколку на добро.
Не е точно јас сум си личен пример за обратната насока.
 
Izr0d

Била сам дете...=)
Член од
9 мај 2008
Мислења
593
Поени од реакции
29
Јас мислам дека луѓето не се менуваат туку само во еден дел од животот ги тргаат "маските" кои ги носат, и се покашуваат во вистинско светло,односно тоа што се вистински.:kesa:
Биди она што си ,а не она што сакаш/сакаат да бидеш.
 
B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Exactly.
Откако родителите ќе те сјебат како дете со тоа што те тепале без потреба, или шо и да е кај што згрешиле, (а згрешиле, не бери гајле) ти веќе си изградил еден начин на функционирање. Кога ќе дојде време за да бидеш нечиј дечко, драг Гладиус, девојката од тебе ќе го добие тоа кое веќе е “забетонирано“ па колку и да се трудиш да користиш бормашина, ѕидот може да го изгравираш некако грдо, но плочата ќе си остане бетонска.

Навиката стекната во детски години е вечна, може само да бегаме од неа повремено, нема да се скриеме.
На какви навики мислиш, драг Викторе :wink:? Генерално не се слагам, ама да не си спориме недоразбрани. :)
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Да,карактерот на човекот не се менува,цврсто негуваните навики уште потешко,ама нели кој ќе се свртиме 5-6 години наназад сме различни од она што сме денеска?

Карактерот не се менува,ама мислењата и ставовите се менуваат,не може никој да каже дека не сменил мислење за нешто,а нели и мислењата и ставовите се дел од карактерот.

Можеби човекот не може да се смени скроз за 180 степени,но сигурно може да смени барем дел од тоа.
Точно дека ако се свртиме назад и размислиме какви сме биле пред 5-6 години нема да бидеме исти... Меѓутоа главните особини и навики кои ни го градат карактерот се тука цел живот... Лично јас, имам сменето неколку работи но сепак сум тврдоглав, колку и да не сакам да бидам... Што значи една од главните особини кои ја градат личноста сепак ми е останата и колку и да сакам не можам да ја сменам...
Ставовите се само последица на карактерот, меѓутоа ако јас сменам став на тема циграи не значи дека сум се променил како човек... Едноставно нешто ме навело така да размислувам... А се додека мењавам ставови, значи дека сум нестабилна личност...
Како и да е 180 степени претставуваат полукруг на кој доколку му фалат и 4 степени нема да биде тоа што треба да биде.... Значи доколку некој не се смени за 180 степени за да бидне обратно од она што е, тогаш тој и не направил којзнае си каква промена... Сепак тој мал дел што ќе остане ќе го влече кон веќе познатото, поточно кон она што бил...

Само доколку постои ептен длабока желба да се смени личноста, јас мислам дека со труд би се сменила. Иначе од "онака", никој не се мењава
Мислам дека и желбата е малку... Сепак тоа е твое мислење, иако цврсто сум уверен дека луѓето никогаш не се менуваат
 
Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Точно дека ако се свртиме назад и размислиме какви сме биле пред 5-6 години нема да бидеме исти... Меѓутоа главните особини и навики кои ни го градат карактерот се тука цел живот... Лично јас, имам сменето неколку работи но сепак сум тврдоглав, колку и да не сакам да бидам... Што значи една од главните особини кои ја градат личноста сепак ми е останата и колку и да сакам не можам да ја сменам...
Ставовите се само последица на карактерот, меѓутоа ако јас сменам став на тема циграи не значи дека сум се променил како човек... Едноставно нешто ме навело така да размислувам... А се додека мењавам ставови, значи дека сум нестабилна личност...
Како и да е 180 степени претставуваат полукруг на кој доколку му фалат и 4 степени нема да биде тоа што треба да биде.... Значи доколку некој не се смени за 180 степени за да бидне обратно од она што е, тогаш тој и не направил којзнае си каква промена... Сепак тој мал дел што ќе остане ќе го влече кон веќе познатото, поточно кон она што бил...
Всушност,да менуваш ставови и не значи дека си нестабилна личност,значи дека прифаќаш промена и дека се помируваш со тоа дека некогаш не си во право(и секако не зборам за менување ставови секојдневно како чорапи).И нормално,не можеш со еден променет став,мислење,особина,постапка да се смениш,и не можеш одеднаш се да смениш,зошто зборуваме за личноста на човекот,не за боите на ѕидовите у соба :)
Реков и јас,може не може да се смениш целосно,верувам дека никој не се сменил за 180 степени и е обратно од се она што некогаш бил,ама 120 степени може да смени,кои се доволно за да кажеш дека некој се сменил.
И за болдираното:за тебе уствари што е промена?Мора некој да се смени скроз,без да остане ниту трошка од претходното,за да се каже дека тој човек е сменет?
 
Па да...За мене промена на човек е да се смени целосно, карактерно мислам... Не гледам како можам да речам дека човек е сменет доколку во него има останато уште од она што некогаш бил... Прееска не сакав да се развлекувам многу па еве сеа ќе допишам... Таа личност повеќе ќе се стреми кон оној дел кој е останат затоа што тоа веќе ќе и биде полесно и за прифаќање и многу подобро познат... Додека пак, нешто што не го знае (на пр. нова особина која би требало да ја прифати) потешко ќе гои прифати затоа што позади себе има да речеме најмалку 17 години живот поминати со нешто од кое сега треба да се откаже...
 
Член од
24 август 2008
Мислења
132
Поени од реакции
2
Луѓето не се изградени од бетон (иако како што спомна некој погоре некои особини уште од мали ни се цврсто избетонирани) и верувам дека секој, ама баш секој мо`е да се смени. Некаде прочитав ЛУЃЕТО НЕ СЕ МЕНУВААТ, ТИЕ САМО ГИ МЕНУВААТ СВОИТЕ СТАВОВИ. Дефинитивно не се согласувам со ова. Ако некој доволно сака и е подготвен да смени нешто кај себе, тогаш зошто да не успее? Се се менува, ништо не е вечно.
 
Затоа што секогаш ќе има нешто кое што ќе го наврати на она што бил претходно...и сакал или не сепак ќе остане она што бил...Се' се менува ништо не е вечно...хммм...Дали е сменет начинот на функционирање на природата...не...се раѓаш, живееш, создаваш, умираш...
 
Член од
24 август 2008
Мислења
132
Поени од реакции
2
Мислиш дека доколку нешто го наврати на тоа што бил претходно тоа значи дека некој дури и да се смени пак ќе се врати на старото? Не се согласувам. Ако некој има цврста волја на пр. да престане со нешто мо`е да се смени, сам или со поддршка на другите сеедно.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Мислиш дека доколку нешто го наврати на тоа што бил претходно тоа значи дека некој дури и да се смени пак ќе се врати на старото? Не се согласувам. Ако некој има цврста волја на пр. да престане со нешто мо`е да се смени, сам или со поддршка на другите сеедно.
малку се оние кои успеале да сменат мал дел од себе...а доколку би имал цврста воља, тогаш тоа би бил човек кој не би имало потреба да се менува...затоа што човек со цврста вољла е прав човек...
за болдираното: Мислам дека нема ни да се смени, туку едноставно старите навики ќе му бидат порифатливи од новите...и затоа ќе остане со нив...
 
Член од
24 август 2008
Мислења
132
Поени од реакции
2
малку се оние кои успеале да сменат мал дел од себе...а доколку би имал цврста воља, тогаш тоа би бил човек кој не би имало потреба да се менува...затоа што човек со цврста вољла е прав човек...
за болдираното: Мислам дека нема ни да се смени, туку едноставно старите навики ќе му бидат порифатливи од новите...и затоа ќе остане со нив...
Познавам многу луѓе што се имаат сменето и тоа не малку туку малку повеќе... Да, имаш право дека старите навики се поприфатливи бидејќи веќе се имаме навикнато на нив, мо`еби и ни одговараат и убедени сме дека другите не имаат прифатени такви какви што сме. Но, што кога ќе останеме сами? Кога на никој нема да му одговараат нашите особини? И тогаш нема да се смениме? И ќе продол`име да `ивееме сами со себе? Не! Тоа е моментот кога секој човек сфаќа дека мора да се промени за да опстане во средината. Еве, ако луѓето не мо`ат да се променат поради самите себе онда МОРААТ да се променат заради околината. Сакале или не.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Познавам многу луѓе што се имаат сменето и тоа не малку туку малку повеќе... Да, имаш право дека старите навики се поприфатливи бидејќи веќе се имаме навикнато на нив, мо`еби и ни одговараат и убедени сме дека другите не имаат прифатени такви какви што сме. Но, што кога ќе останеме сами? Кога на никој нема да му одговараат нашите особини? И тогаш нема да се смениме? И ќе продол`име да `ивееме сами со себе? Не! Тоа е моментот кога секој човек сфаќа дека мора да се промени за да опстане во средината. Еве, ако луѓето не мо`ат да се променат поради самите себе онда МОРААТ да се променат заради околината. Сакале или не.
мариаааа, верувај дека тие луѓе шо ги познаваш, кога тогаш ќе ти покажат дека не се сменети...Мислам дека некаде прочитав само незнам дали беше во оваа тема или во друга...од време на време сите ги тргаат маските...така ќе видиш и ти дека, ама буквално секој кој мислиш дека се сменил, само креира една лажна слика за себе, терајќи ги другите да веруваат во неговата промена... Како и да е, факт е дека кога тогаш во животот сите остануваме сами, дали порано или подоцна...
И да не заборавам да напоменам, мислам дека е апсурдно да се живее по правилото БИДИ ОНАКОВ КАКО ШТО НАЛОЖУВА СРЕДИНАТА...едноставно го потиснува секој човек да биде она пто е...
 
Јас се имам сменето. Верувај ми дека нема да ја тргнам маската затоа што ја НЕМА! Сега сум тоа што сум, сум се менувала и ќе се менувам. А за тоа дека сите остануваме сами порано или подоцна исто така не се согласувам бидејќи доколку му одговараш на некој, цел `ивот ѓе остане со тебе.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Јас се имам сменето. Верувај ми дека нема да ја тргнам маската затоа што ја НЕМА! Сега сум тоа што сум, сум се менувала и ќе се менувам. А за тоа дека сите остануваме сами порано или подоцна исто така не се согласувам бидејќи доколку му одговараш на некој, цел `ивот ѓе остане со тебе.
не знам дали треба да ти раскажам една приказна која веќе многу пати ти ја иам кажано...моја другарка и твој другар...никој од нив не се смени...сваќаш за шо зборам нели?
И покрај се што му се случува нему, останува ист...И покрај се што и се случи на неа со него, она остана истата само продолжи без него...
познато ти е?
Он ќе остане сам, и свесен е за тоа...И сама ми кажа: ТАКОВ Е ШТО ДА МУ ПРАИШ...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom