Луис СиКеј - еден од генијалците на денешницата

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.358
Поени од реакции
25.053
Сакав многу одамна да ја отворам темава ама не го сторив тоа затоа што мислев дека на форумов нема толкава заинтересираност, но сум се излажал. Во последниот период, колку што можам да заприметам, една од поомилените личности кои често е споменувана на форумов е Луис СиКеј поради една од најдобрите серии моментално, неговата оригинална креација Louie која неколку души на форумов сме изјаснати дека ја чекаме со нетрпение секој четврток/петок, а сигурен сум дека ја пратат повеќе луѓе.

Не сакав да отворам посебна тема само за серијата. Мислам дека кога станува збор за овој човек, може да се зборува многу повеќе. Зад себе има оставено одличен материјал, популарни стенд ап настапи, еден ситком кој не ја виде светлината на денот после првата сезона и моментално трагикомедијата Louie, итн итн...

За Lucky Louie на интернет ќе сретнете многу малку (златен хипстеризам:icon_lol:), но она што ќе го прочитате се само позитивни критики кон ситкомот кој е откажан после првата сезона, за жал.


Мислам дека Лаки Луи во тие 12 епизоди колку што ги имаше таа сезона прикажа и постигна многу повеќе, да не претерам, од 90 посто од новите ситкоми. Без цензура, снимано пред публика! Мора да се изгледа. Ако ви е за време, нема да ви го одземе. Ако се двоумите, пак... еве нешто да погледнете, ќе ставам само две за да не се пренатрупа постов.


Од друга страна, Louie не наоѓа толкави симпатии кај пошироката публика поради големата доза на тага, суровост и одличното прикажување на неуспесите на еден просечен човек и болката што доаѓа со нив. Една од оние серии која попрво би те депримирала затоа што ќе те фати неподготвен, атоа што Луи е човекот кој знае на оригинален начин да погледне низ многу просечните нешта и да ги направи тешки до болка.
Мислам дека една таква серија, која се подобрува во секоја епизода, вреди да се анализира многу повеќе и да и се обрне сериозно внимание.
СиКеј дава дел од себе, т.е. не дел... се остава себе си во серијата, прикажувајќи ја борбата на еден родител кој преживува правејќи стенд ап настапи во ефтини дувла низ Њу Јорк.


Од друга страна, од епизода во епизода ја следиме неговата меланхолична сага во потрага по неговата нова љубов, иако кога би размислил повеќе, несакајќи да признае, Луи се уште трага по онаа совршена замисла на традиционално семејство и обидувајќи се да го потисне тоа целиот хумор го базира врз неговиот "сексуален" живот, dicks and farts jokes, ugly people problems.

Крајот на втората сезона на Луи беше еден од најдобрите во која било серија, а третата сезона има потенцијал да ја надмине втората. Дискусијата тука е отворена затоа што излегуваат нови епизоди секој четврток/петок.

Во врска со неговите стенд ап настапи, омилен ми е Shameless.

Резимирано, Луис СиКеј за мене е еден од најдобрите комичари воопшто. Единствена негативна критика кон него би била дека ги повторува некои од шегите на настапите во сериите. Ама тоа нема некое големо значење, барем за мене, затоа што никогаш не би се заситил од начинот на кој ги кажува.

Се што сакате и не сакате во врска со него, бујрум.
п.с. Louie предлагам да ја коментираме овде (зборувам за новите епизоди).

:love:
п.п.с. Дајте ми предлог за насловот, онака го ставив сега.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Додај сериски маструбатор во насловот :icon_lol:

Иначе за мене најинвентивниот комичар на денешницата, ептен спефицичен хумор и пред се многу реален, тоа за мене е најбитен фактор (y)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
еден од генијалците на денешницата*

Зашто така? Бидејќи не е само комичар. Тој на комедичен начин ги објаснува општествените случувања и проблеми и ги наоѓа вистинските причини и решенија за нив. Неговите stand-up acts честопати се извори на брилијантни мисли, кои не само те смејат, туку те тераат да размислиш убаво за нештата. Едноставно, според мене, е еден од најдобрите критичари на општеството во кое живееме моментално.



Еве дел од гостување кај Конан О'Брајан (воедно исто еден од моите омилени шоумени :icon_lol:) и дури во обично интервју кажува одлична поента.




Еве уште едно видео со добра поента.




Па и еве едно бонус за геј браковите.




П.С. Настапите ми се боље од серијата иако е и таа брилијантна!
 
D

dystopian

Гостин
Мене малку ме иритира тоа што кога кажува навредливи шеги прво едно 'пола саат' се правда (nigger, fag and cunt на пример), за разлика од неговиот идол Карлин кој ги пукаше од прва без пардон. Затоа кога станува збор за црн хумор, повеќе ги преферирам Френки Бојл, Џими Кар и Ентони Џеселник (од денешниве комичари). Тоа на страна, Луи е урнебес, скоро сите стенд-ап видеа на јутуб му ги имам изгледано а имам и симнувано цели шоуа од него.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.358
Поени од реакции
25.053

Од 1:15 до 2:00 кога раскажува за сонот и дека ancient whore со 20 јазици додека му го пушела зборувала на некој мртов јазик. :pos:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.906
Поени од реакции
84.310
Очигледно јас сум еден од ретките што смета дека баш и не е којзнае колку смешен.Не дека не е ама мене и не ми е нешто посебно.
Серијата е интересна ама неговите соло стенд ап настапи и не до толку
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Јас да се изјаснам и тука дека е преценет од ваша страна :) Аверејџ гај, па и тоа ми е дискутабилно... Ам д њу плух :P
Зависи како гледаш на преценетоста. Не е популарна серијава кај поширока публика, но кај хипстерите е премногу популарна и од нив е преценета


Енивеј, ѕвер си е Луи, и јас сакав да го постирам интервјуто кај Конан но даркинг веќе го постирал (Everything's amazing and nobody's happy). Тоа видео треба да се стави како наслов во секоја тема во Психологија форумот каде што дечиштата се жалат дека нивниот живот е за нигде. Па и во темата Драга Кајгана може да се стави. И самоубиство... Кога ќе размислам подобро, видеово треба НАСЕКАДЕ да се постави. V for Vendetta style - барем еднаш да им се пушти на цел свет\


Лејм момент - повторува ист материјал во интервјуата, настапите и серијата. Пишаа веќе за ова, па дури и кога гледам на YT некое интервју, во рилејтед ми испаѓа друг клип со истиот материјал од настап или серијата. Еве пример
Лејм момент.2 - се гордее и се фали со тоа што секоја година измислувал нов материјал. Ме боли ако исмислува нов материјал кога истиот го дрви насекаде кај што оди.
Не дека другите комичари се подобри од него во оваа смисла, но поентава е да се хејта нели :D
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Стилот на хумор на Луи е таков што уствари го преставува све она што луѓето немаат гз сами да си го признаат себеси, или пак најмалце да го признаат во јавност, затоа што се осеќаат несигурно и непријатно во врска со истите случки и фази од животот, не сакаат да си го нарушат розевиот сон и да ги согледаат вистинските проблеми т.е. да го надминат егото и високиот став кој го имаат за себе - неосновано.

Најголемиот дел од неговите настапи - хумор се уствари секјдневие кај огромен дел од популацијата во светот, целото тоа секојдневие на еден или друг начин е доловено во секој настап на Луи.

Е сега има една разлика, таа разлика е што кај него нема комплекс, нема каење, нема што би било кад би било, нема пресметани коментари, све она што нас ни е страв дури и на најблиските да им го пренесеме он го споделува со целиот свет, својот приватен живот на тацна......за тоа треба муда, и треба да си вистински професионалец, и се разбира да бидеш хардкор навлезен во светот на хуморот, во светот на многу квалитетниот хумор би рекол.

Така да Луи, капа доле


:cuc:
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Јас не го сакам човеков, тврдам дека игра на карта дрскост и ароганција за да привлече повеќе внимание кон себе. Гледам хејта технолигија, социјални мрежи итн инт, а отворил Твитер и ги навредува своите следбеници. Брилјантно нема што.

Серијата не можам да му ја гледам, пошто пробав неколку пати ама ми доаѓа да рипнам од зграда од што е депресивна.

Е настапите во емисии му вредат. Таму ми е забавен, пошто нити депримира некого, нити глуми дрскост за да привлече внимание и кажува ептен интересни досетки.

П.С Не ме убивајте :pos:
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.664
Јас да се изјаснам и тука дека е преценет од ваша страна :) Аверејџ гај, па и тоа ми е дискутабилно... Ам д њу плух :P
Ubavo pisa beneamata, vie ne go sfativte.
Average guy, koj i samiot toa go kazuva. U princip e dosta skromen, znae deka samo po sebe e smesno (sto e ironicno) sto zarabotuva na toj nacin.
Znaeme deka idol mu e Carlin i deka dosta segi crpi od nego, i plus dosta od segite se realni i del od negoviot zivot, dobitno combo.

Mene mi e super, pogotovo nastapite, serijata mi e vo red (louie), a lucky louie ja neam gleano, iako mi ja preporaca dzimi, a mislam i boliglava.
Eve i od mene, koga celi nastapi gi postiravte.

 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Гледам хејта технолигија, социјални мрежи итн инт, а отворил Твитер и ги навредува своите следбеници. Брилјантно нема што
Хејта луѓе што користат технологија и самиот се вклучува во нив. И по настапите за било што кога хејта дава свои примери каде што тој бил во хејтаните ситуации. Тоа ми се допаѓа кај него, што кога хејта не е "Uuuh I'm so better then you I hate society wow" туку "Uhh we are all a piece of shit...also i'm fat"
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Луѓето што ги хејта и ги кажува во настапите, уствари е он. Во едно интервју го призна тоа. Пример тој човекот што се издишал зашто интернетот во авионот паднал е уствари он. Инспирацијата за хејтање е самиот.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.358
Поени од реакции
25.053
Во целост се слагам со тоа што го напиша Psyside.
Pluh, видеото што си го ставил не го покажува, барем кај мене. Само бело стои.
wot, обавезно Lucky Louie, во еден ден ќе ја изгледаш, нема да те испозамара, серијата е урнебес.

Hey, blow me, okay? :pos:
Take it out, and I'll blow you.
What?
If you take it out, and it's hard, I swear to God I'll suck it.

Една од основните причини поради која можам да засакам некој комичар е кога имитира звуци да не е нападен, да не се осеќам дека ме замара. На пример:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom