Оваа селфи генерација стана и ботокс ПАТКА генерација, која оди како да е сосема нормално на козметичар за да им се вбризгаат филери или ботокси, исто како кога одат на фризер за фарбање на коса или правење фризура...чудни генерации се овие, да не може човек да ги дефинира, но на жалост, ова е излезено оддамна од рамките на нормалното.
Од секогаш постоел нормален страв, никој не чезнее да остари, но оваа трчаница, паника и ужас, опседнатост за вечен младалачки изглед, за затегнато лице без бори веке е ненормална работа, подобро кажано, треба да се загрижиме(посебно родителите со женски деца).
Разбирам млада девојка да направи корекција поради некој комплекс, но неможам никако да разберам ШТО Е ТОА ШТО ГИ ТЕРА МЛАДИТЕ ДЕВОЈКИ БЕЗ НИКАКВИ ВИДЛИВИ НЕДОСТАТОЦИ, ЕСТЕТСКИ ИЛИ ФУНКЦИОНАЛНИ, ДА СЕ ПОДВРГНАТ НА ЕСТЕТСКИ ОПЕРАЦИИ, ЗАФАТИ, СВЕСНИ ЗА ОПАСНОСТА ПО СОПСТВЕНОТО ЗДРАВЈЕ, ЗА ДА ПОСТИГНАТ НЕКОЈ ИДЕАЛ ПРЕД СВОЕТО ОПКРУЖУВАЊЕ ИЛИ НА ИНСТАГРАМ.....
Збеснитис