Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

I фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 24 11,1%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 50 23,1%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 128 59,3%
  • ДУИ

    Гласови: 9 4,2%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 3 1,4%
  • БЕСА

    Гласови: 3 1,4%
  • ДПА

    Гласови: 2 0,9%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 9 4,2%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 16 7,4%

  • Вкупно гласачи
    216
Член од
26 јануари 2020
Мислења
135
Поени од реакции
113
Oчекувам над кругов во блиска иднина да слета вселенско летало, да излезат два-тројца вонземјани, да се изнакезат и да одлетаат.
Тука ќе слетаат двајцата бугарски космонаути и едниот македонец.
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
35.459
Поени од реакции
54.804

Автоматски споено мислење:


ете го vehicle-от на победата на изборите и пописот
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.409
Поени од реакции
19.493
Петре и никса вчера до 11 и пол ноќта скапале на работа.
3 и пол, скоро 4 години дрвеа к на фејсбук и по кафани и сеа им текна у стилот екс-премиерот азилант, да глумат workoholic-и пред избори.
Пиар за Африка, а одамна ни у таму не проаѓа.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
4.280
Поени од реакции
9.408
Петре и никса вчера до 11 и пол ноќта скапале на работа.
3 и пол, скоро 4 години дрвеа к на фејсбук и по кафани и сеа им текна у стилот екс-премиерот азилант, да глумат workoholic-и пред избори.
Пиар за Африка, а одамна ни у таму не проаѓа.
Баш така... Што е најтрагично вработените го јадат стапот ги тера и саботе и недела да одат на работа...Мислам, сега пред избори...
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.409
Поени од реакции
19.493
Баш така... Што е најтрагично вработените го јадат стапот ги тера и саботе и недела да одат на работа...Мислам, сега пред избори...
Секоја чест на исклучоци, ама и во овие "жртви" за кои збориш какви пацови има. Бетер од овие двајцава.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.317
Поени од реакции
7.585
Смислиле трик како да не влезат советници од малите партии во општините


Отворените советнички листи со праг од 3 отсто ниту ќе ги демократизираат партиите и општеството, ниту советниците ќе бидат по мерка на граѓаните, само ќе создадат конфузија, а можно е и во новите совети да има малку или воопшто советници од помалите партии. Вака предложените измени на Изборниот законик во делот на отворените советнички листи е по теркот на големите партии, сметаат ЛДП, ДОМ, ДС и ВМРО-Народна партија. Тие потенцираат дека се за отворени листи, но без праг и забележуваат дека клучни измени на Изборниот законик не се носат во пресрет на избори.

– Го поддржуваме предлогот за отворени советнички листи, но да нема цензус. Тој што ќе добие глас повеќе, да влезе во советот. Ако има праг, тој да биде од освоените гласови на партијата, а не цензус од вкупно запишаните гласачи. Така е невозможно да се добие советник. Советник ќе треба да освои и над 2.500 гласа. Ако толку треба за советник, тогаш тој нека стане градоначалник! Поентата на отворените листи е советниците да се натпреваруваат во рамките на листата на партијата, а не како што е предложено сега со сите кандидати за советници од сите партии. Ваквиот предлог не е отворена листа туку манипулација, бидејќи од помалите партии нема претставници во советите – вели претседателот на ЛДП Горан Милевски.

И коалициската партнерка на Милевски, претседателката на ДОМ и пратеничка, Маја Морачанин, смета дека прагот од 3 отсто на запишани гласачи е многу висок.

– Со ваквиот предлог, кој е прифатлив за големите партии тие повторно ги фаворизираат своите советнички листи. Минимални се шансите некој што е подолу на листата на помалите партии да влезе во советот. Ваквиот предлог не е демократизација на партиите и на општеството. Ако има праг, тој да биде за листата. Советниците од иста партија да се натпреваруваат и во советот да влезат тие кои граѓаните сметаат дека најдобро ќе ги претставуваат на локално ниво, односно да има шанса да биде избран кандидатот кој е да речеме 11-ти на листата. Вака како што е предложено, се натпреваруваат советниците од сите партии – вели Морачанин.

Пратеникот и лидер на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, смета дека ако се прифатат измените на Изборниот законик за отворени листи со цензус од 3 отсто од запишаните гласачи и примена на Донтовиот модел за утврдување на редоследот на советничката листа, тоа ќе направи целосна конфузија, ќе има многу неважечки ливчиња и изборите ќе бидат нерелевантни, а советите нема да ја одразуваат волјата на граѓаните.

– Се гласа за партија или за коалиција, но и за еден од кандидатите за советници што е во ред, но гласачкото ливче е важечко и ако се гласа за повеќе кандидати. На кој советник ќе му припадне гласот? – прашува Трајанов.

Тој посочува дека е нејасен делот и за рекламирањето на партиите. Дали коалицијата ќе добива време во медиумите или сите партии подеднакво, односно кандидатите за советници.

Што ќе се случи ако некој од советниците се повлече, кој ќе влезе на негово место и од која партија? Според мене, ова е лош проект, со прикриена намера да ги исфрлат помалите партии. Сметам дека претстојните избори треба да се организираат по постојниот закон, а промените да се одложат за 2025 година – вели Трајанов.

Партијата на Љубчо Георгиевски, ВМРО-Народна смета дека отворените советнички листи со праг од 3 отсто ќе ги збришат помалите партии.

– Законот кој беше инициран со мотивација како да им се помогне на малите партии на крајот ќе заврши со цел како да се избришат малите политички партии. ВМРО-Народна партија смета дека отворените изборни листи ќе направат невиден хаос во изборниот модел во кој македонската демократија уште повеќе ќе биде девалвирана. Затоа ВМРО-Народна партија смета дека можеби е најдобро да остане Законот таков каков што беше и досега – велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се за отворени советнички листи, но додаваат дека се флексибилни за дополнително усогласување на прагот.

Од Министерството за правда во одговор за Плусинфо не се прецизира дали ќе се туркаат вака предложените измени на Изборниот законик или се подготвени да прифатат некои од сугестиите на помалите партии. Нема прецизен одговор ни дали за измените на Изборниот законик ќе се бара консензус од сите партии.

– Работната група формирана од Министерството за правда изминатиот период одржа повеќе состаноци со претставниците на политичките партии за да се разговара за евентуалната промена на Изборниот законик. Задоволни сме што сите партии, поголемите и помалку бројните, активно учествуваат во процесот на разговори кој сè уште трае. Сметаме дека овој процес треба да биде инклузивен и поради тоа на состаноците беа поканети и претставниците на партиите на помалку бројните етнички заедници. Сите партии се согласија дека треба да се имплементираат препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Разговорите продолжуваат во конструктивна атмосфера како и досега, со цел наоѓање решение кое ќе добие најголема можна поддршка од партиите – велат од Министерството за правда.

Законските измени за кои партиите преговараат, предвидуваат дека „гласачкото ливче за членови на Совет е важечко доколку во првата колона од ливчето е заокружена само една листа на кандидати и во втората колона само еден реден број“.

„Доколку редниот број на некој од кандидатите добил гласови од над 3 отсто од вкупниот број запишани гласачи во избирачкиот список на соодветната општина, односно кандидатот што има добиено најмногу гласови од оние што имаат добиено над 3 отсто, тој ќе се помести погоре на листата сразмерно со бројот на добиени гласови, после што ќе се применува Донтовиот модел“, се наведува во предлог-законските измени.
Тие дете од мајка крадат за власт, за ова сега :icon_lol:
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
35.459
Поени од реакции
54.804
За време на Стефче Подржикоњ у Карпош, се изгради џамија на диво у сред населба. Стефче се праеше на удрен.
Дојде Андреј Петров од СДСМ и реши да ја легализира џамијата. Соочен со револт од неалбанците, отиде на нотар и се договори со организациониот одбор, џамијата да се легализира, ама да не пушта звучници.
И стварно, една две години така беше. После си почна со звучници како ништа да није било. Стефче, кој тогаш пак дојде на власт, околу ова ништо не презема.
Сега се СДСМ пак на власт и ме интересира што се случува со нотарскиот договор.

Како што пред избори идев по штабови на ВМРО да ги прашувам за амнестијата и другите нешта од тој домен, така сега ќе го спамирам градоначалников со ова, све дур не ми одговори. А може и у живо ќе се видиме, па ќе го прашам.

Сега за сега, експресно ми ги бришат сите постови на Fb, во темите кај што одговараат на секое прашање од граѓаните, што е еднакво на однесувањето на ВМРО од времето погоре опишано, кога им идев по локалните штабови да прашувам.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
4.443
Поени од реакции
15.806
Боро како да претерува малку со преувеличување околу тепањето или стварно е сериозна работата?

 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
35.459
Поени од реакции
54.804
ако се амандманите на Левица и ВМРО, тие двете можат заради тоа да блокираат доста ствари на разни места, колку што знам,
(ако сакаат)
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
7.483
Поени од реакции
23.083
Боро како да претерува малку со преувеличување околу тепањето или стварно е сериозна работата?


Не да ги тепаат ама се спремаа да им ги фрлат амандманите во канта.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
4.443
Поени од реакции
15.806
ако се амандманите на Левица и ВМРО, тие двете можат заради тоа да блокираат доста ствари на разни места, колку што знам,
(ако сакаат)
Еве сега гледам наводно успеале да ја блокираат и одложат комисијата за Понеделник.

 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
35.459
Поени од реакции
54.804
Беса му рекле на Заев дека ќе напуштат влада ако у први круг у Тетово го подржат кандидатот на ДУИ. Заев затоа одлучил да идат со свој кандидат у Тетово, у прв круг, али никој Албанец (од тие што им се на располагање) неќел да се впушти у тоа.
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
48
Поени од реакции
108
Би ги замолил градоначалниците да не ни ѕвонат, оти имаме многу тутун за берење. ФАЛА ЕПТЕН ОД НАПРЕД!
...Секој со своја мака....
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.409
Поени од реакции
19.493
Јас се' му верувам и стварно се труди чоеков. Се крши од работа и само вистина зборува.
Не уште еден, туку уште 10 мандати да му дадеме.
Прекрасни проекти, уште попрекрасни инвеститори, чисто решавање на имотни спорови, се' во корист на граѓаните на Скопје, кои одвојувале пари за реализација на рекреативниот комплекс и сега со широки раце сакаат да го подарат истиот на чичковци што увезуваат јужно овошје и бела прашкаста материја за забава и рекреација.
Вакво стоење на збор и принципиелност не е позната претходно во историјата на човештвото.
20210723_093903.jpg Screenshot_20210723-094000_Facebook.jpg
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
841
Поени од реакции
2.808
Ко да ќе влијае нешто ова на резултатите на изборите. Ги читам по социјалните мрежи квичат, се закануваат дека нема да гласат. Мислам дека 30 години го гледаме тој филм, се знае колку нема да го гласаат. Дивоградба џамија со ракети од 50 метра да им лупнеш на овие од градски ѕид ќе кукаат па кога ќе дојдат избори уште сабајле пак ќе го гласаат. Ќе си најдат начин како да релативизираат: па знаеш еу/нато, па да ама нема друга опција - дпмне ли да ги гласам, режимот ли да го вратам, па војна ли да има, па доста национализам(?) .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom