Setsuko
Модератор
- Член од
- 29 јануари 2006
- Мислења
- 6.403
- Поени од реакции
- 5.957
Потсетете се на времето кога бевте мали. Со кои книги заспивавте, кои ви беа омилени ликови? Алиса во земјата на чудата, Споменка, Пинокио, Мери Попинс, Пипи долгиот чорап, Климентина со нејзините пајажини или пак човечето од Шеќерната приказна на Славко Јаневски?
Подоцна и Горјан Петревски со неговите „Марта“, „Исти очи“, „Сама“, знам дека многумина го обожаваат затоа што обработуваше теми што ни беа блиски на нас младите, во мое време (кога јас бев 5-6 одд. беше доста популарен).
Дали читавте како мали, што читавте и како го доживувавте секое прочитано дело? Дали ви се случило и сега, како повозрасни да се потсетите на литературата што ја читавте како деца и да ги препрочитувате повторно овие книги?
На факултет имам таков предмет, наоѓаме елементи во делата што ни на крај памет немало да ми паднат претходно, наоѓаме смисла во кажаното гледано од возрасен аспект. Дефинираме дали е чудно, чудесно или фантастично...
Премногу е интересно кога после толку години се навраќам на тоа и сфаќам колку поинаку ги имам доживеано таквите романчиња.
И дали некој знае дали може да се најдат на интернет како e-books некои од делава, зашто ми требаат за испит.
п.с. Заборавив Хајди да ја споменам, ко мала најомилена книга ми беше.